Викторија, совршено добро знам како одат тие работи за рејтингот, неколку години имам работено во телевизија. Затоа те молам воздржи се од бранење на А1 и продолжи да си веруваш дека се најгледани Умрела циганката што ги фали, па мораат сами
Ауууууууу баш убаво што си работела во телевизија, ете сама знаеш и можеш да потврдиш како одат тие работи со мерење на степен на гледаност на некој медиум... Она што ми е мене јасно се само истражувањата кои ја потврдуваат нивната видно голема разлика на гледаност, информација која ја имам слушната и од други медиуми... И те молам не паѓај толку ниско со такви простачко малограѓански фрази (умрела циганката и сл )
Ах Викторија, Викторија. Зарем не приметуваш дека кога гледаш информативна емисија на А1 те сметаат за лабилна личност лесна за манупилирање? Единствено што им верувам на А1 е временската прогноза. Не паѓам ниско со „простачко малограѓански фрази“, се обидувам да ти зборувам на начин на кој би ме разбрала. И ете гледам ме разбра. Слободно продолжи си да си гледаш А1, и да веруваш во се што ке слушнеш, мене не ми смета, ниту ме интересира. Толку од мене во темава.
Не гледам ИНФОРМАТИВНИ ЕМИСИИ на А1 а ти ги гледаш а ццц Така се осеќаш, како ЛАБИЛНА ЛИЧНОСТ ЛЕСНА ЗА МАНИПУЛИРАЊЕ КОГА ЃИ ГЛЕДАШ Цццц А тоа што повторно се служиш со навреди само зборува за твојот недостиг на аргументи и немање НОРМАЛНИ докази за поткрепување на твоите инфантилни тврдења кои се граничат со паничност-ИСКРЕНО. Тука драга не помагаат навредите. Затоа е толку од тебе на темава, во која не ми одговори какви се тие мерачи за рејтин на гледаност на еден медиум зашто тврдиш си работела во телевизија Зошто толкава омраза кон медиумот Ццц Јас си изразувам само мои ставови кои не се воопшто пристрасни туку реални
А да гледаме Сител, Канал5 кои што прикриваат вистини и манипулираат со народот, зарем последниот настан не беше доволен доказ дека Сител...Канал5 не соопштуваат ништо без дозвоила на власта?? Зарем не беше доволно тоа што пробаа да прекријат и не кажаа ништо за сврепото убиство...зарем да му веруваме на Латас кој што си го продаде г...т за стан...пото избега во друга партија за џип ипари...ахх Маја , Маја незнам колку долго пратишполитика меѓитоа со 23 години незнаеш ништо
Душо некои едноставно не разбираат, па во недостиг на аргументи и докази се служат со навреди Се сложувам дека на темава коментираат и недоволно упатени во нашава политика, чија цел е навреди и препукувања со неистомисленици на нивната партија
Не, мислам дека доволни се коментарите во извештајот на ОДИХР за медиумите и изборите дека и двете телевизии - Сител и А1 не се баш медиуми за вистини и граѓани. Да живеат многуте други телевизии, ама и овие, ради тркачките серии, кои ги гледаат луѓето. Амин!
Посебно не за политички НЕопределени граѓани... Знаеме кои се редовни приврзаници на едните а кои на другите... Народот го поделија и по медиумска основа За нас се доволни сериите, се останато е смешно перње на мозок. Само додека ги гледаш едните се чуствуваш како морон на кој го убедуваат дека два и два се четири и бессрамно лажат, а другите богами лажат ама мнооооооогу добро со поткрепени докази и факти (лажни или не). Жално за тие кои слепо им веруваат Тоа е...
гледам цитирана сум во ред јас еднаш се изјаснав дека секој медиум што работи на ваков начин секој треба да биде казнет,и во кој и да е медиум ако откријат вакво криминално дебело затајување на данок нека повелат немам ништо против тоа... Што се однесувa до перење на мозоците душо мене ниеден медиум неможе да ми го пере мозокот ни А1 ни Сител па ни ред другите политичката определба кај 70%од граѓаните е од доживеаното на лично сопствена кожа или на нивните семејства барем кај мене е така...
Точно Миме, секој зборува од свое искуство, а јас го имам искуството од работење за Велија. Многу добро знам како се прават сториите, многу добро знам што значи битка против нешто и некого, како се поврзуваат сите работи, како се крчкаат и готват, пак и јас бре учествував во тие битки и јас си заминав од тие битки, пошто некој сакаше меѓу другото да ми дополни текст по свое без да ме праша, па потоа, негде кај 22 саат да јас почнувам озбилно да се чешам за задничево, пошто треба да се правдам пред своите извори за напишаното кое отишло во јавност со мое име и презиме, ама нити ја сум го пишала, нити изворот мој потпишан под изјавата го рекол .
Незнам зошто толку провоцираш, ама веќе нема да ти одговарам, цврсто стојам зад своите ставови затоа што многу добро знам како стојат работите, и многу добро гледам што се случува и со А1 и Сител и Канал 5... Како прво, никогаш не сум навредила некого на форумов, ако ти сама се навреди од нешто - твој проблем. Како второ незнам зашто ИНФОРМАТИВНИ ЕМИСИИ е со големи букви, и не, не се осеќам лабилна и лесна за манипулирење бидејќи знам во што да верувам а што не, и ги гледам работите и од малку поинаква перспектива, а не како што на А1 им одговара. Многу е очајно од твоја страна што ми ги извртуваш зборовите во твоја корист, кога немаш што да кажеш. Како трето, советот за радиодифузија на одреден период им испраќа на сите медиуми (радио и тв) извештај за нивната гледаност/слушаност - ако тоа те интересира. А интернет сајтовите на крајот од секој месец добиваат прецизни извештаи (но не од радиодифузија, туку од друго место) за нивната посетеност. Не го мразам медиумот, но искрено ме чуди тоа што и млади луѓе веруваат во она што го даваат таму. Твоите ставови за тебе ако се реални, за многу луѓе се чиста измислица. Гледајте што сакате, ама не верувајте во се што ќе видите. Не гледајте сител и канал 5, и они не се цвеќе за мирисање и си ја тераат својата политика, но тоа го прават бар на културен начин. Има повеќе телевизии не се само овие 3. Ама на слеп очи неможеш да му дадеш. Ќе побарам да не бидам цитирана веќе на темава, ептееен сме на различна бранова должина, ме мрзи да читам глупости И уште ќе додадам дека, за рејтингот на А1, каков и да е, најзаслужни се Лисијата паѓаат, Шехерезад и слично!
Па ете бе девојче на крај и ти напиша дека А1 вака или онака имаат највисок степен на гледаност, што го потврдува мојот претходен пост за кој тврдеше дека сами се фалат оти им умрела циганката што ги фали OMG Јас само си го искажав мојот објективен став во однос на проценките на владините и опозициски медиуми кај нас а ти тоа конечно го свати некако , е вределе толку постови богами Нели сега го делиме истиот став во врска со нејзината гледаност а ти пак навредуваш нарекувајки ги моите ставови ИЗМИСЛИЦИ П.С. Благодарам што ми објасни како функционира тоа мерењето на гледаност на медиумите... Значи нема промашај :up:
гледам вести и на а1 и на сител за да бидам информирана од различини перспективи и искрено секогаш вестите на а1 ми се пореални и покритични..вестите на сител се полчасовно шоу на латас во кој зборува против а1 и "душманите,предавниците" и фвалопојки колку постигнала владата..и да,ниту ми е испран мозокот ниту сум симпатизер на било која политичка партија..да не беше а1 да даде изјава од сведокот на убиството на детето на плоштад,немаше да се актуелизира случајот и ке се заташкаше се..зошто сител не излезе со таа вест дека е убиено детето и дека има сведоци,туку заедно со мвр сакаа да ја заташкаат ситуацијата демек на детето му се слошило,а а1 си измислуваа стории..и кога се виде дека народот се побуни излезе на протести се актуелизира настанот,немаа каде па мораа да ја признаат вистината дека имало убиство..е затоа ни треба а1,а не само на сител да ни соопштуваат она што им е наредено од владата.. и уште нешто ако рејтингот на а1 се зановувал само на лисјата и шехерзад тогаш на сител рејтингот на што се заснова?на малечката невеста,бандини,огнови на лјубовта итн..а1 барем турски серии дава шо се малце пореални и поинтересни,а сител утепаа со индиските,шо се далеку далеку понеквалитетни-ке дадат некој актер ке каже нешто,и пет минути свири индиска музика а камерата врти околу ликот од сите перпективи.се се дешава у една кука цело време..еднашка од дома до фабриката да речеме им треба минута пешки одење,а во друга епизода одат со кола и се изгубуваат по пат незнаат како да стигнат така да не ми зборувајте дека сител давал квалитетна програма а а1 не..еднаш отидов на гости на едно место седев 5-6 дена и имаа проблем нешто со антената и само сител,мтв и а1 ја имаа програма..сител секоја вечер даваа кинески филмови кунг фу,шо и у кина не верувам дека ги гледале некогаш или ги глеале мош пред 30-40 години..
Не сакам пак да навлегувам во дискусии кој е влади а кој опозициски медиум, само ќе кажам дека од овие бар може да слушнеш накоја критика а од владино фаворизираните ни забелешка Владеачката структура создава илузија на функционалност и ефикасност на системот и си гради виртуелен свет во кој навидум опстојува целокупниот демократски систем. По принципот на, ја знаете онаа за "Царевото ново руво" никој не смее да каже дека царот е гол и секое повикување на реалните состојби најсурово се казнува...
Еј, имаат и Сител занимлива серија Бунтовничка. Се случуваше во селце, во продавница, во болница, сега еве во хотел ццц. За програмата искрено генерално можам само да кажам дека телевизииве одат во надолна линија заради турските серии со кои полека и јас почнувам да се трујам. Сител ми се здосадени заради старите филмови од едно време кога бев дете.. еј уште ги вртат по бог знае кој пат. Мислам дека и моите пра-внуци ако имам такво нешто ќе ги видат тие филмчиња . Ок поучни се де, некои се историски, ццц оф! Да не се лажеме. А1 имаа подобра програма кога даваа Очајни домаќинки, Оринџ коунти, Анатомијата на Греј и сличните сериски, кои сеа ги заменија со нискобуџетни турско-индиски, кои ги заменија латиноамериканските сапуници . Ама пред некое време баш некаде во предизборието, кога се даваа сите реклами за политичкиве партии имаше една добра за 18 години А1 е, таа ме потсети на старите емисии што ги даваше телевизијава и беше единствена во тоа и богами оригинална. Пример Наше маало. Знам не е баш политичка темава ама читајќи го коментаров ми текна на Плаја виста базенот и децата
се сложувам дека е опаднат квалитетот на телевизииве,нека има и турски и индиски ама нека даваат по една-две на ден а не цел ден само серии од јутра до сутра,и како да не се заразиш после освен серии и вести нишо не дават на телевизииве,фимови репризираат по милион пати и репликите можеш да ги научиш ..ваљда откупувањето на турски и индиски серии им доага ефтино,а потполнува простор.. ама уствари со серииве добро е за домакинките цел ден си имаат занимација денеска не бев на работа и си одмарав у правата смисла на зборот од кревет на стол на кревет дури и бунтовничка ја гледав имаш право интересна била
Што и да се деси со Велија и компанија не заборавајте дека Фијат Цановски е тука( неговиот сват) и воедно пун ко брод...Гигант како А1 не се уништува така лесно како што мисли вмро, па колку и да е партизирано ова наше судство...