Не заборавајте дека Цановски инвестираше само 60 милиони евра за коплексот "Космос" та може и да не им којзнае како проблем тоа сега, но она што е сумљиво е тоа што преку ден сумата за неплатен данок ја зголемија за 2/3 милиона... Па пола година ги влечкаат по притвор и уште си играат со конечни суми и промени во обвинителната постапка Тоа и им е целта, ќе ги остават без скршен денар и пред банкрот, вчера нели и одбранат ја казнија со 1.000евра. Сигурно ќе бараат и огромна сума за кауција откако ќе ги осудат оти тоа е сигурно без разлика дали се невини или не... А прашање е и како ќе опстојува А1 со се поголемите притисоци, напади и казни за пресудени судски спорови во нивна штета кои ќе стигаат се почесто
Згаснуваат весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, финален удар и за А1 Телевизија. Овие медиуми од Управата за јавни приходи добија решенија за присилна наплата на наводен затаен данок - во вкупен износ од 10 и пол милиони евра. 9 и пол милиони се за Телевизијата, еден милион за „Плус продукција“ куќата што ги издава трите весници. „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, најверојатно ќе се печатат само уште вечерва откако. Издавањето ќе запре поради недостиг на материјали за печатење и неможноста да се купат. Повеќе од стотина луѓе ќе останат на улица. Истата судбина ја чека и А1 Телевизија - УЈП стартуваше со присилна наплата на парите од сметката на Телевизијата веќе блокирана од судот за два милиони евра. Од денеска сите парични приливи на медиумот ги превзема државата. Доколку не успее да ги наплати во пари, по истек на 45 дена како доверител Управата може да побара отворање стечај за Телевизијата. Во меѓувреме УЈП не смее да го попречи работењето на медиумот со одземање движен и недвижен имот потребен за функционирање на Телевизијата. Директорот на Управата Горан Трајковски за А1 Телевизија не ги коментираше решенијата за присилна наплата, вели дека УЈП ќе оди до крај за да ги наплати побарувањата, станува збор за даночни решенија по основ на ДДВ, данок на добивка, вработување, социјално осигурување, пресметуван за пет години наназад. Ова е последниот, најсериозен на државата врз критички настроените А1 Телевизија и весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“. Притисокот почна уште пред повеќе од половина година, со координиран упад на повеќе државни служби и полицијата во медиумите. Следуваше апсење на сопственикот на А1, Рамковски, дел од неговото семејство и управителите на неколку фирми. Оттогаш наваму медиумите се под постојан притисок на властите - сметките од судот беа блокирани неколку пати за различни суми, за денеска постапката да заврши со вкупен износ од 10 и пол милиони евра. Според експертите останува нејасно како од исти документи судот и УЈП прочитаа различни суми за наводно затаен данок и зошто сметката за иста сума е блокирана од две државни институции истовремено. Финалните решенија ја водат земјата кон медиумски мрак бидејќи може да згаснат 4 влијателни медиуми кои слободно и објективно ја опсервираа работата и грешките на власта. Извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139783
Зошто да сум А1? Затоа што цело време квичат во етер? Затоа што претерано манипулираат со простава маса во државава? Затоа што пуштаат милион турски серии, 2-3 нискобуџетни емисии со шкљ ликови од македонскава естрада? Затоа што даваат по 20 пати една иста ‘премиера‘? Ма ајде..
Го прашуваат еден човек на анкета што мисли за Велија Рамковски и за А1... - Абе, тој Велија има многу пари, моќен човек ќе се извлече, ама жал ми е за тој Перо Наков, тешко него којзнае на колку време ќе го затворат
Аман барем летово се заќутеа овие а1 колку беа напорни... Сега уште шиттел пардон сител да заќутат и милина
Јас НЕ сум А1. Јас ги жалам новинарите кои удираа со глава во ѕид за да го прекријат криминалот на газдата, а тој од затвор им порача да се снаоѓаат сами како знаат и умеат и сега ќе ги остави на улица!
А бе луѓе- НЕКА ГО ДОКАЖАТ КРИМИНАЛОТ ПА ЗБОРЕТЕ ПОСЛЕ! Зашто не можат да го докажат знаете? Никогаш нема да најдат докази никогаш! Тоа да Ви е јасно...не викам дека нема криминал ама ДОКАЗИ НЕМААТ И НИКАД НЕМА ДА НАЈДАТ......затоа што по терк на овој вид на криминал работат сите светски медиумски куќи за да го избегнат данокот...мрза ми е да Ви објаснувам не дека не плаќаат данок плаќаат ама мноооогу помалце од тоа што реално треба да платат....! Затоа нема докази ова е мозок не криминал! И оваа акција ќе биде фијаско на власта затоа што само кај нас постапките се водат од назад на напред- прво затвараат па отвораат истрага и бараат докази! Не прво истражи најди доказ и после апси- сегде во светот е така ( во демократски нормални земји зборам) ама кај нас најн--- Ние МОНРХИЈА! Јаааа!
Нит сум А1 нит сум сител! Не дозволувам некој да ми го пере мозокот, а уште помалку да си копам очи со некој за да бранам некој од нив, кога сум убедена дека и тие и тие се гнили. Не ме интересира криминалот, нека си го решаваат институциите, ми смета што немаме телевизиска куќа со програма во која ќе уживам. Ми пречи што со месеци не сум видела документарна емисија, нешто поучно (со исклучок на тв 24 вести ) за младиве кои и онака се веќе забегани. П.С. Може малку сум оф ама коментаров ми е а пропо програмата која ја третира горенаведената телевизија, како и мноштвото останати.
А1 Телевизија во стечај 26.07.2011 15:11 А1 телевизија е во стечај. За стечаен управник е назначен Ацо Петров, кој ја водеше и претстечајната постапка. Со ова престануваат сите надлежности на раководниот тим на Телевизијата, на 234 луѓе, новинари, сниматели, монтажери, техничари, администрација им престанува работниот однос, а одговорноста за работењето ја презема државата, односно стечајниот управник. Стечајниот управник утврди дека освен наводниот долг кон УЈП од 9,4 милиони евра А1 има обврски од уште 19 милиони евра. Истовремено А1 побарува 16 милиони евра по различни основи. А1, овој тим што досега работеше, вечерва се одјавува од програмата, а веќе од утре, откако стечајниот управник ќе ги направи потребните консултации со Советот за радиодифузија ќе одлучи дали и каква програма ќе емитува на оваа фреквенција. Згаснувањето на А1 каква што досега ја знаевте е епилог на 8-месечната битка за опстанок на првата приватна независна телевизија во Република Македонија, која континуирано зрачеше цели 18 години и беше медиумски лидер на овие простори. А1 каква што сега ја знаете, заминува во историјата како медиум кој во континуитет ги промовираше и одржуваше европските принципи базирани на уредувачка политика што им даваше предност на граѓанските вредности и различностите.
Eden na Eden чувството кога ќе ти ги искинат ДВАТА службени телефони и единствениот контакт со светот ти е преку гулаби писмоносци и фејсбук... РОБИНЗОН КРУСО во 21. век си кога ќе станеш стечаец!!! )) пред 15 минути Ми се допаѓа · Toлку е, сите ќе си отидат и нормално е тоа нема луѓето од воздух да живеат. Тања сега чита вести на Канал 5.
Офи и тоа како ја најавуваа бомбастично. Како само она да е спикерка. Демек тие до сега што работеле во Канал 5 не чинеа, дојде Тања. Не велам дека не треба да си се снајдат па не можат да останат без работа ама неми беше убаво кога ја гледав како чита вести за тоа колку вработени ќе останат во А1, а до вчера она мрзнеше пред влада за А1. Според мене почесно ќе беше тогаш да си идеше место сга или барем нека почекаше месец дека да се среди се околу стечајот и ликвидацијата. Ја сакам како презентерка, ама не ми дојде баш убаво. И баш во Канал 5? Зашто не Алфа??
Незнам Нена, и мене некако не ми дојде убаво додека ја гледав... Ама знам дека во А1 била доста платена, можеби Алфа несакале да се расфрлаат со толку пари... Глупаво е, како и да е од која страна и да гледаш, набрзо сите ќе се префрлат по другите телевизии, останува да видиме кој каде ќе отиде...
Луѓе телевизијата е фирма како и секоја друга, со тоа што само јавно ги гледаме секојдневно вработените. Ако една фирма пропадне, вработените нема да отидат веднаш во друга? Тања и сите останати имаат семејства, треба да ги прехранат нели? Нормален е преминот од една во друга фирма, од една во друга телевизија. Канал 5 си понудиле добра цена за една од најдобрите презентерки и си ја добија. Ова е јавно и затоа сите ура бура. А ние не гледаме дека менаџер од Т Мобиле отишол на повисока функција во ОНЕ. И што он предавник е? Вработена од Тутунска оди во Стопанска банка. И што сеа? Менаџер од ЕВН добил понуда за работа во Елем. Две фирми што на арбитражен странски суд се судеа. И треба да одбие? Нормално дека не. Само што овие луѓе не ги гледаме, не ни знаеме што се случува со нив, затоа кога некоја јавна личност ќе видиме да прави драстична промена одма креваме фама. А се се тоа премини во конкурентски фирми кои многу често се случуваат. Мене само канал 5 ме нервираа што со доаѓањето на Тања даваат реклами дека ќе презентирала вести, ја има секаде, ко божем откриле нова планета, али им се може и си креваат рејтинг.
а бе реално е да си бараат чаре. Ај да видиме кој каде ќе оди. Ај овие ќе се снајдат, кој во друга тв кој портпарол, ама за оние другите вработени ми е жал. Си останаа на улица а фамилии ранеа од таму. Греота.
Добро, а зошто нема судење? Уствари, знам дека имаше некои ама знам и дека ништо не се одлучи на тие судења (незнам баш како одат овие работи), нели не е возможно толку време да ги држат во притвор? Мислам дека ако имаше доволно докази досега ќе ги осудеа, се повеќе мислам дека е наместено. Не ме напаѓајте, стварно незнам затоа и прашувам. Не сум саркастична.