За 1000 евра и во Мтв ќе оди ако треба .... Така кажал Латас . Таа си гледа парите кај се многу и е гајле за чичко Велија .
Изгледа Тањичка најбрзо се снајде. Алал да и е. Јас не ја окривувам што веднаш се префрли. Тие работат како и во секоја друга фирма. И која било фирма да отиде под стечај вработените веднаш си се префрлаат во друга. Така и Тања, негде мораше да замине. И сите негде ќе се вработат, се е прашање на време. Денес на секого му требаат пари и работа, а на вработените од Перо Наков верувам дека ич уво не ги боли за чичко Вељо и за А1. И таму беа за пари и на друга тв ќе се за пари. Тие професионално си го одработија своето. Мрзеа и киснеа на дожд и студ зимата, до последно презентираа вести, никој не си замина доброволно, ги пуштија под стечај... А времево е такво: снаџи се па живи!
А нели А1 и А2 се на истиот газда, т.е. на Велија? А2 како продолжеток на А1, значи чим ги замрзнаа сметките на А1 зашто сопственик е Велија, би требало да ги замрзнат и на А2, затоа што (колку што јас знам де) е истиот газда и на оваа? Или нема врска?
...Бидејќи зградата и опремата во која беше сместена телевизијата А1 не се во сопственост на самото радиодифузно друштво, неофицијално се дознава дека од есенва Груевски ќе се соочи со нова телевизија со критички стил по теркот на А1, а тоа ќе биде сателитската А2. Информациите говорат дека веќе се купени поголем број од продолженијата на сериите кои се емитуваа на А1, вестите ќе бидат во 19 часот, а и голем дел од новинарите ќе продолжат да работат во оваа телевизија со национална и сателитска концесија. Оваа го пишува во линкот, значи А2 ќе има национална и сателитска концесија.
Значи се работи за КОСМОС центарот кој што е во сопственост на Фиат Цаноски знаете кој е тој сите нели, сват му е на Велија и сега пред некој ден му ја стопираа градбата на комплексот као демек ја надминале маркицата за градба.....мижи Асан да ти баам. И Груевски требаше да биде свесен дека ако не е А1 ќе е А2 или Б1 или Ц1 или ЦО2..... Нема Латас да го слушам таму бајки кај што раскажува!?? Шо ќе ни праи ќе не пере сите? Е не може сите, ете дел успеа гладам некои се будат сега...и така. А за Тања што отиде у Канал 5.....не ми смета бре луѓе она е презентерка леб вади од таму има 2 деца за хранење и школување итн.... не му е внука на Велија таа па и ете го предала... си беше професионална многу, си ја вршеше работата беспрекорно и нормално ќе си побара друга работа, башка тие стресови низ кои поминуваа новинарите на А1 не може секој да ги поднесе, па може жената не сака да си го фрла здравјето неможела да ги истрпи тие притисоци, фала Богу им треба на децата и нормално ќе си отиде негде кај што ќе е раат. Знаете вие што се трпат новинарите на А1 и ден денес? А тоа што ја најавувале не знам како тоа ти се прости работи, неизживеаност, неукост..не знам како да кажам....али битно на типката и го дигнале рејтингот. И реално Канал 5 само вестите им се провладини....гледајте други емисии ќе видите како ја пердашат владата особено на Зевзекманија.....Мене Канал 5 ми е ок телевизија за разлика од Шител..која што на се личи освен на ТВ. Сител е пример КАКО НЕ ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА РАБОТИ И ФУНКЦИОНИРА ЕДЕН МЕДИУМ ВО СЛУЧАЈОВ ТЕЛЕВИЗИЈА и предлагам да го брендираме тоа побрзо и да го извезуваме во светов белки ќе ни се појакне економијата и ние нешто ќе имаме наше брендирано за извоз, нормално базирано врз човекова глупост, али како било нека носи пари. А дека ќе е успешен проектот тоа гарантирам....видете го Латс една слика милион речи а па ко ќе зини..... аууууу.....сите милион речи паѓаат у вода - И на секој од нас ни доаѓа една дилема во глава- СИТЕ СЕ ПРАШУВАМЕ КАКО САМО ВО СИТЕЛ ТВ, ИДИОТОТ НЕ Е ПОЗАДИ КАМЕРА КАКО СО СЕКОЈА ТЕЛЕВИЗИЈА ВО СВЕТОТ, ТУКУ ПРЕД КАМЕРА - ВО КАДАР? Е тоа го има кај нас само....Made in Macedonia!
Санјева извини ама не ти го разбирам прашањето а гледам ни сама не си го разбираш така да ај прашај тоа што сакаш да прашаш убаво комплетно? На децата мислиш? 100 да не има? Јас знам две дека има! Ако има повеќе или помалце не е битно и едно да е....за него живее! Какво манипулирање какви бројки? Ај прочитај си се и помисли се......
Не реков јас ништо против тоа дека не треба да оди некаде да работи, фала богу ќе си бара чаре, само мислам дека со тоа што толку ја најавуваа на канал 5 е непаведно спрема оние презентери кои работеа пред неа. Како тие да немаат никаков квалитет. А и за другите мило ќе ми биде да си најдат работа кај ид да е само да не им трпат семејствата. А за КОСМОС се очекуваше. Сега и на ФОН ќе му се намерачат зашто Европски е каде каде понеквалитетен факултет. Барем така ми идат работите.
И официјално А1 нема програма. Од пред еден час ако пуштите А1 ќе видите црна позадина. По доставувањето на Решението со кое одобренијата за користење на радиофреквенции престануваат да важат, на ден 30.07.2011 “Трговско радиодифузното друштво А1 Телевизија Дооел Скопје – во стечај” согласно законот го прекина емитирањето на програмата во етер. А2 продолжува со работа, се шпекулира деновиве дека ја купува Цановски (тој демантира) и продолжува со слична програмска шема ко А1 и со продолжување на сериите. Ќе видиме, ќе се знае деновиве.
Aл морам да кажам кикс кој ми го раскажаа вчера. На бумбар на сител тема А1 стечај се јавува некое бабче и почнува да збори за А1. И вика ,,Што го окривувате Велија? Велија ова, Велија она, остајте го чоекот. А кај е Перо Наков? Него нигде го нема. Он ги земал парите. Зашто него не го окривувате него се Велија???" 2 дена се пукам од смеење, стомак ме боли
Не сум А1, не бев А1 и чао А1! (Единствено жал ми е за кога лисјата паѓаат, не дека нешто сум по турскиве, само оваа ја гледав ама сигурно некој ќе ја откупи. Да се надеваме)
Јас сум сигурна дека А1 ќе ја купи некој близок на Велија. А1 секогаш ја има најдобрата програма, сите нови работи тие ги воведоа, а останатите телевизии се бледи копии!
Многу јасно дека Грујо ке сака да ја затвори А1 кога Шехерезад имаше поголем рејтинг од него Јас Велија не го оправдувам за тоа што затајувал данок ама он не е единствен таков во државата. Ако ги факаат треба сите а не само него. А за програмата на А1 немам зборови најдобра програма дефинитивно сега каде да ги гледам Волците
Мене искрено ми фали програмата на А1 телевизија.Знаев да гледам и Лисјата и Долина на волците.За тоа највеќе ке ми биде криво