Никогаш не гледав А1 единствено Сител , Травел енд ливинг и Џангл ТВ . Спојлер на А1 единствено што гледав беше Сунѓер Боб во утринските часови кога ми беше досадно .
Темава не е за А1 и колку сте ја гледале или не сте ја гледале. Си има посебна тема за А1 телевизија, film-i-tv/a1-televizija-t4692/
Со апсаната на Велија и клукајдрвецот на А1, заврши ерата на неплаќање даноци. Три пати ура за Коле! Бравос нека му е на Коле. Го фати лошото детиште Велиште. Не. Браво за тоалетот на Коле.
Не ми е јасно зошто ваква иронија, сега кога на сите ние јасно дека Велија навистина е виновен и тоа не само што должи 10милиони на државата должи плус 20 милиони на фирми, дека заради неговата алчност сега страдаат невини луѓе како што се неговите вработени, а можете да замислите кои пари ги вртел кога даноците што требало да ги плаќа се толку високи. А што тоа значело за фирмите на кои Велија требало да им исплати пари кои им ги должел а не им ги исплатил, како тие фирми се справиле со тие загуби. Пример фирмата Ц го печати весникот Б на Рамковски, троши разни материјали,струја, луѓе работат на тоа, а Велија на крај не дава ниту денар. И како таа фирма ќе им даде плата на тие вработени,како ќе купи хартија? И сега браво за Коле ха ха, многу јако. Па браво.
^ Не ми е јасно зошто толку површно сфаќање на моето мислење, кога поентата е јасна - му се суди на Велија и нека му се суди, но не им се суди на сите како него. Да е арна иронијава моја и површноста твоја, и на многу медиуми ќе им се удри сатарот, а богами и на колегијалните фирми. Ама тоталитаризмот е таков, нехуман кон оние кои се спротивставуваат, а фин и милосрден кон оние кои од немајкаде се припојуваат. Ова е општа слика, настрана од Велија и останатите надвор од ќелија.
^^^^ Реплика на- ал -вик Значи од на месечина се гледа дека не е ради даноците ради неплаќањето и тоа дека демек имаме институции во државава кои што функционираат како треба УЈП во случајов....па да функционираа тие немаше да дојди до оваа што праеа 5 години спиеа или на одмор беа...зашто не реагирале тогаш? Ама тогаш им одговараше уредувачката политика на А1 ја фалеа власта се пенеа дури од фалење, Велија на макици му беше на Боксеров Коле.... и негде им зашкрипи, не сакаа значи по мое, во А1 не прифаќале вестите да им се изготвуваат во штабот на ДПМНЕ како кај сите останати, не сакање Велија да му седна во скут на Грујо до толку а му беше седнат...ама не како што сакаше Коле, и тука има пукнато па овие почнаа ептен да им го вадат нечистиот веш на нашата почитувана влада која што изгледа планира на сите гробови да ни донира..(пошто гледам не и се свиѓа народов нешто па ваљда и нас ќе не менат само тие што ќе викаат браво и тие како тебе што упорно тврдат дека е до данокот и дека е во ред ова пошо нели државава ни е после Америка за демократија и спроведување закони и почитување на истите.......) и така А1 нели пошто не беше предмет на истрага како што кажуваше Лажгото КОтевски кој што лажеше и за убиство на пример ддка немало,..... и да уствари во право бил А1 не била предмет на истрага него ГЛАВНА И ПОСЛЕДНА ЦЕЛ....и ете си ја остварија. Не викам дека нема таење на данок, тебе гледам те заболе за фирмите Ц, и Д кои што ради Велија пропаднале оти им борчел...оф мори мајко ами негови се тие фирми- тука е врвот на глупоста-ПАЈАЖИНА Е АКСИЦЈАВА ТАКА, ЗНАЧИ СИТЕ ФИРМИ СЕ СОМНИЧАТ ЗА ИСТОВО ПОШТО ОД ФИРМА НА ФИРМА СЕ ПРЕФРЛАНИ ПАРИ ЗА ДА СЕ ИЗГУБИ ТРАГАТА НА ДАНОКОТ ОДНОСНО ДА СЕ ПЛАТИ ПОМАЛ ДАНОК...И ГЛЕДАМ СИ СЕ ЗАГРИЖИЛА ЗА НИВ...не се грижи тоа се фирми на Велија сам себе си должи тој не тебе или мене......ама така на власта им чини да ве лажат дури има такви како тебе да ги лажат а гледам им веруваш... па ради вас ќе страдаме ние кои за жал неможат да не излажат. Кога оној кретен латас ќе иде зад решетки тогаш ќе верувам дека имаме нормална и правна дршава затоа што колку што има тој судски рочишта, тужби против него и колку што има тој криминал напраено и Миленко Ѕинго.......јас и ти толку немаме влакна на косата заедно. Затоа боље ќути оти многу ти се смеат на напишаново и тебе и на сите тие што мислат дека ДРЖАВАТА ФУНКЦИОНИРА. за жал не функционира и как осе тргнати работиве никогаш не ќе профункционира! Што мислиш ти Сител и Канал 5 и МТВ немаат криминал? И што мислиш ако преќинат да се пенееат против Грујо и да почнат да му го вадаат нечистиот веш ќе поминат поинаку? Не! Досега беше кој збори против оваа влада или в затвор или предавник или животот му го ништат на човек....е сега има иновација- НЕ ТОЈ ШТО ЗБОРИ ТОЈ ШТО МИСЛИ ПОИНАКУ ОД ОВАА ВЛАДА ТЕШКО НЕГО...значи немаме право на сопствено мислење. Ете така ( за грубиот вокабулар тоа е така напишано за да ти ја доловам поентата и тебе и на сите ништо лично неам против тебе едноставно морав така да се изразам со надеж дека можеби ќе си го ставиш или прстот на умот или барем ќути не пиши ништо.
Леле леле, сте се убиле пишувајќи, трудејќи се што е можно повеќе да ме изнавреѓате , ниту сум површна ниту дупната во мозокот, ниту имате некое право да ме вреѓате овде,ама ете веќе одамна ја видовме вашата култура овде по форумов од вашите ИЗРАЗУВАЊА на мислења ми се , а јас пак ниту збор не кажав за тоа колку добро функционира државата. Кристално ми се ЈАСНИ многу работи, нема потреба вие да ме подучувате и да се повторувате безброј пати со истите коментари овде на форумов. Значи темата е И јас сум А1 и коментирав за Велија, ако сакам да коментирам за Ѕинго или Груевски има теми каде можам да се искажам што и како мислам за нив, ама да иронично е подржуваш криминалец за тоа што има и други како него. Ете мило ми е што му дојде крајот ваков или таков си заслужи човекот. Не викам дека нема таење на данок, тебе гледам те заболе за фирмите Ц, и Д кои што ради Велија пропаднале оти им борчел...оф мори мајко ами негови се тие фирми- тука е врвот на глупоста-ПАЈАЖИНА Е АКСИЦЈАВА ТАКА, ЗНАЧИ СИТЕ ФИРМИ СЕ СОМНИЧАТ ЗА ИСТОВО ПОШТО ОД ФИРМА НА ФИРМА СЕ ПРЕФРЛАНИ ПАРИ ЗА ДА СЕ ИЗГУБИ ТРАГАТА НА ДАНОКОТ ОДНОСНО ДА СЕ ПЛАТИ ПОМАЛ ДАНОК...И ГЛЕДАМ СИ СЕ ЗАГРИЖИЛА ЗА НИВ...не се грижи тоа се фирми на Велија сам себе си должи тој не тебе или мене. Врвот на глупоста алоооооо па уште со големи букви демек види поубаво абе ти знаеш што зборуваш? И да да знаеш дека навистина ме заболе баш за таква фирма во која Велија пред да ја отвори неговата печатница печатеше долго време без да даде денар. Знаеш сега кога се отвара стечајната постапка се јавуваат фирмите на кои Велија им должи пари, за да си ги наплатат побарувањата. Е според тебе тој сега себе си должи и се јавува за да си ги наплати долговите или што сакаше да кажеш ми диши мозокот неможам да те разберам.
Значи кога читаш читај до крај- јасно имав напишано дека немам ништо лично против тебе ни ти ми е цел да те врѓеам него дека се извинувам за грубиот речник морав така да напишам...значи тоа ми е онака од душа кжано и не мислам ништо лошо со тоа ни ти па да те навредам. Значи еве пак се извинувам, а се извинав и тогаш ко напишав затоа немој ти да вреѓаш и биди барам човечна..гледаш дека сум се извинала. Понатаму не коментирам ништо секој има право на свое мислење. Битно НЕ Е САМО А1 И ДРУГО Е ВО ПРАШАЊЕ--- РЕЖИМ СЕ ВОВЕДУВА КОЛКУ ПОРАНО УВИДИТЕ ТОЛКУ ПОДОБРО. И да ако им е до парите како ке ги вратат назад кога телевизијата не работи и неможе да остварува профит? Не им е до парите, си имаат тие и отпојќе...... и препрочитај за тоа фирмите Д и Ц гледам не си разбрала. Поздравче!
И да ако им е до парите како ке ги вратат назад кога телевизијата не работи и неможе да остварува профит? Не им е до парите, си имаат тие и отпојќе...... и препрочитај за тоа фирмите Д и Ц гледам не си разбрала. Се се враќа се се плаќа , и да некој нешто не разбира.
:up: Кој признава пола му се простува. Ме потсеќаш на една форумџика се надевам не си истата со друг профил...исто како тебе комуницира.... е сега дали сите што ја обожаваат владава сте исти ради третманите што ви ги даваат у партија или преку Сител МТВ и тн...или си истата форумџика. Трето нема. Биди ми позздравена и не се нервира...неможе сите исто да мислат ќе има и други и за други работи што ќе мислат различно од тебе ....научи се на тоа еве ко мене на пример....и со сите вака ќе комуницираш со вреѓање? Браво за тој што те учел вака. Иначе----не ти го разбирам тоа се се враќа се се плаќа....? Извини ти Јанкуловска да не си случајно? Или сестра му на Грујо? Или жена му? Како ти е кажано тоа..ко на татко ти да му дужел Велија или ти леб да немаш да јадиш ради А1......Аууууу! Страшно! Те разбирам, односно ќе се потрудам оти тешко е со тебе...... чао
Биди ми позздравена и не се нервира...неможе сите исто да мислат ќе има и други и за други работи што ќе мислат различно од тебе ....научи се на тоа еве ко мене на пример....и со сите вака ќе комуницираш со вреѓање? Браво за тој што те учел вака Сега ме збуни ај те молам кажи ми со што те навредив ???????? Кажав некој грд збор? И прифаќам и ценам поинакви размислувања, биди сигурна во тоа, за разлика од тебе што скокаш после секое мислење кое е спротивно од твоето, веднаш почнуваш со пцовки и навреди. И не не сум Јанкуловска ниту некој приближно, само сум некој кој за разлика од тебе знае што значи стечајна постапка и што следува после тоа. И упорно тврдиш дека ја обожавам владата а јас единствено коментирам за Велија? Да на чичко ми му должи големи пари, не на татко ми, и не а1 туку поради Велија има луѓе кои изгубиле доста.
Еве јас конкретно ради Велија изгубив многу во животот....платата на татко ми кој работеше во една фирма против која што Велија кога беше во брак со Грујо правеа хајки за да ја уништат а најуспешна македонска фирма беше, па тоа не значи дека треба да им се ситам на А1 и ако ме прашуваш мене за Велија нека скапе во затвор....праел нека сакапува ама нема бре докази тоа ми е зборов....... Извини еве ова озбилно и од срце е сега за било каде што сум те навредила ама алергична сум на ВМРОВЦИ ама не прави него овие мутираниве....Извини уште еднаш те молам значи не сме се разбрале. Како и да е државата ни вози во провалија тоа е факт. И пошто сама кажуваш дека се разбираш од овие постапки- факт е дека цела постапка можеше да се истера без да се затвора телевизијта....процесот и телевизијата да течат засебно и знаеш дека не мораше да се затвора А1 за да се заврши акцијава!? Го знаеш така? Поздравче и извини уште еднаш мир!? Може?
Као демек друѓите телевизии не затајувале данок. Мижи Арслан да ти баам! Што на сите не се пушти инспакеција ама релана а не ради редум па да видиме како стојат работите. Велија направил проневера нека си одгоавара, нека си одлежи затвор ама и сите телевизии поготово на сител нека се пушти инспекција. Ама не за џабе се рекло: ‘‘Кај е власта таму е правдината!‘‘
Убаво прашав - Како може да манипулирате со бројки ако не сте сигурни во тоа? Веќе во вториот дел од твоето мислење се гледа дека го имаш сватено прашањето. За да потоа чисто од инат и колку контра да бидеш пак нешто бладаш. Кога ставаш во уста јавна личност не е убаво да искажуваш нешто што не е точно ... па уште и да е потврдуваш со ! . п.с. заради таквите пишувања СВЕТ се продава за 25 ден...
Добро Бре Санјева...... знаеш ли ти што е манипулација со бројки и каде се употребува тој термин? Јас не наведив тука суми или милионски бројки или некекви калкулации.... Бог да чува.... А во вториот дел го сфатив прашањето затоа што видов што е болдирано во твојот текст...... и не одам контра, кажи ми зашто е важно дали има едно или 2 деца и најди ја манипулацијата? Не е за да одам контра друга ми е поентата дека нормално жената се бори за егзистенција како секој човек и нема ништо лошо што отишла во Канал 5. Што ќе исконтрираш на ова сега? И гледај дека ти одиш контра не јас. Прво разбери ја суштината на тексот после давај такви смешни заклучоци...Манипулирање со бројки!!??? Смешно.
Знаеш како викаат - со ист камен враќај! Манипулираш, со цел да дадеш тежина на „случајот“....2 деца гладни - ај те молам. Мислиш дека една мајка повеќе ја боли ако 2 деца се гладни? Не бре. И ај немој толку да бидеш патетична. Срамота е да го валкаме името на Тања во вакви муабети. Искрено ја ценам и знам дека би ми замерила што влагам во конфликт за вакви провокации. Не се во животот битни милионите. Налет кога се преку призма на пари гледате. Битна е искреноста, вистината. Можеше само да реплицираш - незнаев! Ама ајде, ќе пораснеш и ти и ќе сватиш колку е неправедно некој да ти додава деца по форуми. Сега некоја девојка, со математички дух, ќе седне и ќе пресмета дека второво дете и е или вонбрачно или пак се омажила ---- па ете ти насока за нова афера. Налет !!!! Него знаеш што - Тања не е А1 Број му деца, милиони и криминали на Велија...тој е А1
Леле што е битно колку деца има? Суштината беше дека (без разлика на бројот) Тања ИМА потомство на кое му е потребно грижа и нега и храна и покрив над глава, а за сето тоа требаат пари. Што сте се фатиле како слеп за стап за бројот на деца? И одма направивте дека афера ќе излезе ТАЊА ОД А1, ОВАЈ КАНАЛ 5 ДЕ, ИМА ВОНБРАЧНО ДЕТЕ
Искрено значи како што и сама кажа пролемот е до тебе и твојот мозок како ти ги восприемаш работите...затоа што искрено никогаш не помислив да му дадам на тежина на нештото со тоа 2 деца најискрено никогаш така не сум размислувала ни ти па сега....сега ме буниш ти со ова најсериозно и ќе ти кажам дека ич немав намера да дадам тежина....погрешно си ме разбрала не ми беше тоа целта и поентата. Ако сакаш тежина ќе ти кажам вака 2 000 000 народ страдаме од болниот ум на 2-3 ца кои си ги лечат комплексите на нас. Ова е тежина да, два милиони трпиме некои уште не се свесни а ние што сме верувај ни се гади. Стварно немав намера со тоа 2 деца да дадм тежина ти така си сфатила затоа што сите ние тргнуваме да гледаме нечие мислење според себе односно тргнуваме од себе си од какви сме ние. Јас со таа 2 не давам тежина и ти го демантирам тоа а па ни на крај памет го помислив ова кога ми реплицира ти. А за Велија и криминалот во Македонија се надевам ќе бидеме живи и здрави и дека ќе го дочекаме денот кога се ќе се расчисти само се прашувам што тогаш? Што кога ќе видите сите дека најголемите криминалци се во ВЛАДА НА РМ!?
Прво: Тања прво работеше во А1. Таму почна, таму стекна обука и првите водителски и најавувачки искуства, за да стане спикер. Кога беше МРТВ на ВМРО ја земаа таму. Кога дојде СДСМ и Гордана Стошиќ во МРТВ, прв што излета од таму, беше Тања. Кратко ви е памтењето! Тогаш назад ја прифати А1 и таа остана лојална до самиот крај. Ако некој бара и очекува жртви, мртви, крв и слично, сам нека си го најде местото под сонцево, што сите не грее. Жената само си обезбедува егзистенција. А нејзината политичка определба е повеќе од јасна (за оние што памтат од поодамна). Второ: Му падна ли некому на памет, зошто и како е можно АЕК (Агенција за Електронски Комуникации) да ја претрча и прерипа (буквално) Законската постапка и да одземе фреквенција??? Не водејќи сметка при тоа, за стечајната постапка, која патем речено се отвори 24 часа пред тоа. Ако СРД (Совет за Радио Дифузија) ја дава фреквенцијата, тој спроведува постапка и за одземање на истата, доколку се покаже за потребно, а по завршување на стечајната постапка. Е дури тогаш АЕК го спроведува она, што СРД го констатирал и за што донел Решение. Трето: Знае ли некој од вас воопшто, како се добива фреквенција, па концесија, па сателитска концесија??? Не? Фала, пријатно. П.С. За 18 години активна работа на медиумот, ништо да не е подмирено од финансиски побарувања до сега, не може да биде долгот толку голем, за кој се зборува, а никако не се дефинира со конечна бројка. И да. Убаво би било и ВМРО ДПНЕ да си го врати долгот на медиумот, каде се рекламирал, односно трошел време (саати, не секунди), па после да бара од СДСМ да го направи тоа. Колку за пример, не за друго.
Имам другарче кое што е внук на Велија, и знам дека поминуваат низ тежок период. Од друга срана, што има вработените да го зезнат вака човекот, он леб им дава! Како и да е.. глупости живи е се! Политика и се е можно! Ќе се изедат за пустата власт -.-