И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Фала за информацијата, од корист ми е :)
     
  2. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218


    Значи Снегулче не е ова реплика него да те надополнам и исправам за да се разбереме нели... :D :D :D
    Не реков дека едните се добри другите не чинат ( без разлика дали се работи за медиуми или партииве наши недоветни ) работата е што едните се лоши а другите МНОГУ МНОГУ ПОЛОШИ...е тоа е цела работа. Да се разбереме кај нас нема добри и лоши има само лоши и прелоши веќе, не полоши...прелоши!
    А од срце ти посакувам да си ја исполниш желбата и да си запишеш постдипломски и не се предавај никогаш не е касно за да си ја оствари човек амбицијата така да се надевам и посакувем еден ден да си ја оствариш амбицијата. Ова не е иронија него најискрено кажано и не само да тебе туку до сите...затоа што потајно се надевам дека еден ден колку толку ќе се среди оваа држава и ќе мрднеме од мртва точка а за тоа прво ние обичните граѓани треба да се погрижиме и да престанеме со препукување и вреѓање или народски карање и делење меѓу себе ради овие политичарите (особено на таа партиска основа).....мислите тие се караат за нас како ние за нив? Не! Затоа и ние треба да престанеме и мајку му да почнеме да се гледаме како луѓе а не како партиски симболи и книшки- преку глава ми е од тоа верувајте.
    Поздравчиња
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Не знам за политиката,не ме интересира мене таа,али стварно.. Шо пораснавме сите со А1,точно е. Стварно ми недостига. Ништо нема на телевизорот. Е таа новата бугарска серија на канал 5 ја гледам. Ние,дека татко ми ја исклучи пред две години мислам кабловската,баш преѓеска се смеевме сега пак ќе трева да ја вклучува.

    И ко шо кажа Офи,па стварно не даваа вести,или даваа али најмногу десетина минути.

    :|
     
  4. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Ќе бидам офтопик и ќе кажам дека бугарската серија е феноменална.

    А сега за темава. Мое мислење е дека нема да ни недостига телевизијата туку сериите што ги даваа, чат-пат некое фимче или некоја емисиичка. Сепак се затвори, како што ќе се затвореше и секоја друга телевизија доколку банкротираше. Стварно го отупија со вестите, но на крај не ни ги даваа и беше супер така- изгледа овој дел на сите многу ни се допадна и ќе се согласам со Офи стварно можеше така да функционира. Но, ете не функционираше. И неможе и јас да сум А1 - тоа е чиста глупост. Лично ја сакав телевизијата, но им ги мразев вестите и обидите уште повеќе да го раскараат населението. И затоа неможам да бидам А1 и не сакам. И не зависи до нас дали пак ќе профункционира или нема. Едноставно немаа пари за понатака. И тука ставам точка.
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Абе кој што сака нека каже А1 добро си ја знаеше работата и затоа беа најгледани...
    Она што тие го правеа беше вистинско шоу за сите кои сакаа да гледат телевизија зашто знаеа како да привлечат гледачи... Почнувајќи од оние кои ја пратеа политиката со нивните долгометражни вести :lol: емисии, дебати, спротивставени аргументи, гости кои не ретко беа главните креатори на политиката кај нас, истражувања... И за тие кои ама ич не се заматаа со политика-тука беа најскапите и најгледани серии без разлика дали беа Американски (ЦСИ, Лост...), Шпански (Клон итн) или сеа со стопениот буџет-Турски :lol: (Тука беа и викенд филмовите кои често беа оскаровски)
    Секако за најмладата публика и тоа што го даваа за нив и да не коментирам... (Е ми текна на Пикачу :rofl: ) Другиве сега нека гледаат и нека учат или помило им е вртоглаво високите државни пари кои ги добиваат од партијата која ја поддржуваат да ги трошат за свои потреби отколку за гледачите (Чист пример со МРТВ :tmi: ).
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Е вака драго ми е што ја затворија затоа што имаат многу долгови и немаше друг излез него да се затвори,требаше да ја затворат и порано.А што се однесува до програмата не знам само што гледавте толку интересно на А1.Јас освен глупи турски серии и некои глупи емисии од типот на Фармер ништо друго не видов.Не велам дека Сител е подобра напротив ми се :puke: веќе и од нив.Е се сеќавам кога на А1 ги даваа Вовед во анатомија,Очајни домакинки,ЦСИ,Округот Оринџ,Како ќе каже Џим и по некое добро филмче одвреме навреме :) ех времиња беа тоа а сега многу ми е гајле која телевизија ќе ја затворат затоа што се сите која од која побетер.
     
  7. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218



    И сега пошо ја затворија ќе си ги наплатат долговите...многу паметно....а гледам на сите до парите Ви е ама пусто никој не кажува да се вратат или како само дека дужат...и ајде затвораме долгот се простува!!! Хехехехе.........Смешки.
    Ако ти е до парите толку да ти кажам од старт вака дека како голем патриот прва треба да се буниш против затворањето оти така дежавата нема да си го наплати долгот.
    А за сериите...и сега имаше нај нај програма....сите копираа од А1 ама без успех. Не збори од инат.
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Ој, па ја затвориле телевизијава, јас па вчера мислев дека халуционирам кога видов двапати Канал5. :geek:

    Вака објективно кажано, телевизијата си имаше публика, меѓу која бев и јас. Имаше навистина добра програма до пред некоја година, интересни филмови, серии... Некој погоре кажа, Вовед во анатомија, Очајни домаќинки, Пријатели ги даваа, а знам дека имаше филмско лето, преку еден ден даваа стварно добар филм. Вестите беа супер, не беше работава само црна хроника. Е таа А1 ми фали.

    НО, тоа ѓубрето од телевизија во кое се претвори во последниве две години, е тоа не ми фали. Не знам зошто и кој филм ги мавна да тупат толку со политика, ама јас живци немав да ги гледам, воопшто. Сметам дека играа малку ,,дрти,, со тоа што преку феноменот на мас медиуми пробуваа да влијаат врз луѓето. Најлесно е да ги контролираш неучените и тие што не гледаат подалеку од носот. Мора да се согласиме дека таква ни е државичката, неучена и смол мајндед.

    На крај краева, ретко го вклучувам телевизорот, а и кога е вклучен е или на Б92, ХРТ или Дискавери. Нема ништо паметно на нашиве телевизии и мислам дека ќе треба долго време додека се појави некоја да го достигне нивото на квалитет кој го имаше старата А1, таа за која зборувам горе. :)
     
    На unique123, snegulka21, Rozich и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022
    Фацебук група


    " Само Чак Норис може да гледа А1 телевизија сеа "
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мојата дежурна цитирачка :D Па не реков дека со затворањето ќе се плати долгот туку телевизија која има долгови не треба да се емитува.А А1 ИМАШЕ добра програма кога даваа хит серии од типот на оние што ги набројав но сега програмата не им вреди за ништо и не ми е воопшто жал што ја нема.Тоа е мое мислење а ти обожавај си ја колку сакаш никој не ти брани.И нареден пат немој да ми го цитираш мислењето само затоа што не се согласуваш со него.
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    ^^^Е колку и е смешно кога некој ќе напише "Не ме цитирајте" :lol:
    А бре луѓе, прво и основно ова е форум каде што секој си остава свои мислења, кои автоматски стануваат ЈАВНИ а тоа значи тој што ги видел/прочитал (нели за тоа се оставени) може да се согласува или не, а негово право е и секако јавно да си го искаже тоа-НОРМАЛНО :!: Е сега сигурно дека ќе цитира ако тоа е од пред две-три страни поназад :lol: Ако сакаш да ја продолжиш дискусијата и со аргументи да си го одбраниш ставот продолжи си, ако не па што толку ако некој не се согласил со ТОА мислење, ти твоето си го кажал...
    Се извинувам што отворив нова тема :wasntme: Ај да се надоврзам... Затоа што сум гледала А1 не сум А1 :lol: (Ццц колку глуп слоган :tmi: ) Но секако имаше работи кои вредеа и беа квалитетни, пред се светски познатите серии и филмови кои ги даваа порано.
     
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    А1!!!!! Што беше тоа?????????
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Иако ретко гледам телевизија, ми фали А1. Бидејќи кога ми беше вклучен телевизорот секогаш беше вклучен на А1, затоа што мислам дека е најдобра телевизија и најмногу ми се допаѓа нивната програма. А и добри серии си имаше, ич неможам да ги гледам оние цигани на сител. :D :P
    Е сега гледам тука нешто политиката сте ја замешале. Па што, не ли е ова уште едно дело на Груевски???
    Ај ви се молам, точно е дека А1 има долгови, ама долговите не се направени преку ноќ.Долговите се од одамна.Зошто баш сега ја затвараат телевизијата?! -Затоа што им ги разоткрија прлавите игри, затоа што зборат против власта... Па што ако?Нели е сител вмро-вска телевизија? Значи А1 пере мозок а сител не, така? Се е тоа дело на премиерчето наше,ајде да видиме до каде ќе оди... И не е само тоа, зошто Велија не го затворија порано, и порано ја имал истата вина како и сега, и зошто сеуште го држат затворен, блокирај му ги сметките и готово, зошто тој да е затворен а КРИМИНАЛЦИТЕ на слобода. Сега им текнало да му ја рушат зградата на Фијат Цановски, без никакво предупредување,без никаква опомена, веднаш после изборите го затворија Љубе, абе РЕФЕРМИТЕ ПРОДОЛЖИЈА, нема што!!!
    Аууу сум избегала од темата, значи како и да е, политиката на страна, во секој случај ми недостига А1, навистина беше наша најдобра телевизија!Позз :)
     
    На Monicaa и milky-candy им се допаѓа ова.
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Океј е ако некој те цитира но не е океј кога ги извртува твоите зборови затоа што не разбрал добро.А дотичната Масноли ме цитира веќе по не знам кој пат и тоа се поради една иста причина.Па добро разбрав дека е подржувач на А1 и СДСМ не мора тоа постојано да ми го покажува.А тоа што не ја сакам сегашната програма на А1 нема никаква врска со политика и не не зборам од инает драга Масноли.Не ми паѓа на памет да седам пред телевизор и да гледам како Шехерезада и Онур се скарале или како паѓаат лисјата.Реков истото важи и за Сител без разлика што се Вмровски настроена телевизија.Уште еднаш ке кажам ако А1 ја имаа истата квалитетна програма од пред две години ќе ми беше жал што ја исклучија но сега ај донт кер :)
     
  15. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Хахаха ем политиката на страна ем Премиерот не чинел Вмровче бил, а сдсм-овчињата може да си прават што сакаат да ги оставиме да уживаат. Па нормално дека сега ке ја истераат правдината, да не сакаш да ја истерале кога бил тој другиот на власт. Како можеш да речеш дека било без предупредување рушењето на зградата, па шо сакаш да направат бре, да го остават да гради тврдини, додека ние за едно собиче доградба плаќаме еден куп пари тој некаго брееееееееееееее сдсм е, зошто да го рушат, Премиерот е крив !!! Бре бре... море има уште многу што треба да ги затворат, не само Љубе предавникот, се прашувам што чека полицијата, а за а1 јаката програма што ја имаа...ако сериските филмови ја правеа да биде најдобра телевизија е тогаш нека си пукнам јас :emo: :emo: :emo: Поздрав и секое добро :toivo:
     
  16. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Леле мори ти.....хехеххехе
    Не те цитирам ни тебе ни никој ако не и се допаѓа мислењето Бог да чува ако го праам тоа во животов нема да видам кога ќе ми помне.
    Те цитирам дали тебе или било кој кога на пример имам нешто да додадам или да надополнам ( како на пример фактот дека со затворање на А1 неможат да се наплатат долговите и дека не е тоа ради долгот на А1 туку ради политички причини ).
    И не реков дека А1 нема долгови него ако законот е закон треба да биде ист за сите а не да затвараш ти едни за да им овозможиш на други да прават криминал- затоа што во случајов е така.
    Бај д Веј- А1 го донесе Груевски на власт....и во оваа пајажината кога ќе си ги најдат парите од државата користени за партиски цели...аууу шо убо ќе ми биде. Оти шо мислиш ти на ВМРО спотојте и рекламите во времето Велија и Никола кога си имаа голема љубов со чии пари беа плаќани? Со твои срце, со мои...со наши....од буџетот срце од тие даноците што ние ги плаќаме. А да цитатот е демократско право....хехехехе
    Лебедче не се секирај бе па ти очигледно имаме различни гледишта на ситуацијава ( фала богу што е нормално оти ненормално е да имаат сите исти гледишта а кон тоа се стреми оваа влада затоа сите кои мислат поинаку ги РУШАТ ДО ТЕМЕЛ ) хехе така да ти си фрај....тешко мене.
    Шала на страна, што е така така е него уживкај си и не се лути што те цитирам...како ќе има дискусија ако нема реплики? барем тука на форумов нека опстојува демократијата оти како што гледам уште тука е и останата...друго се или под стечај или апс или у п.м. иде!
    Поздравче :lol:
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.543
    Допаѓања:
    121.339
    Пол:
    Женски
    ај те молам просветли ме што ја прави една тлевизија добра?? Цинизмот на Латас и Ивона после кои се осеќам како секој атом позитивна енергија да ми е исцрпена?? Бумбаркана што кога ќе и се јави некој кој , замисли си само е против некоја точка за која по дифолт треба да биде за прави фаци за кои треба да стават предупредување дека Прикажаната содржина не е погодна за деца помали од 16 години??? Ајде те молам не пишувај небулози.
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Нена, ама што се мачиш со прашањава и објаснувањава?
    Знаеш ли ти зашто Македонија тапка во место и не иде напред него само назад и назад? Од народот..од инает! Нели гледаш дека од инает е се напишано нли гледаш од инает што се праат во државава не рушат еден по еден сите? Баш од тој цинизам што го кажуваш многу луѓе за жал се хранат..... злоба има завист има нетрпеливост меѓу луѓето- ги извртија сите можни постулати за се- пример денес патриотизам е да се јавиш кај Тања во бубмбар 3 пати и 2 пати кај Јанко, да го фалиш малиот пајо патор односно премиерот и ВМРО која што рака на срце ја осакатија и ја осквернавија партијата и самото име...па тие историјата на партијата ја сменаа а за друго што остана.
    Немој жити се да чекаш да бидеш просветлена нашиот народ стана некако премногу злобен и луѓево уживаат во нечие страдање како на пример дека останале илјадници семејства без примања со затворањето на А1 со рушењето на КОСМОС со затворањето на весниците со лишувањето од слобода на поединци.....само ради тоа дека не биле ВМРО--е ова е небулоза....
    Затоа немој, гледаш и сама се ситат за овие штети без да помислат колку усти останале без леб ( условно кажано). И сакаме добро да ни се случува? Нема! Нема затоа што треба да мислиш добро за да најдеш добро а нашиот народ мисли само лошо- е па лошата мисла не може добро да донесе за жал!
    Бог да ни е на помош на сите!
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Снегулке, не велам да прават сдсм-овчињата што сакаат. Таман работа. Секој нека си добие што си заслужил. Само велам, зошто баш сега ги затворија? Зошто не го затворија Велија кога беше заедно со Груевски???Дали тогаш немал долгови??? И не зборувај така за рушење на зградата.Можеле да го опоменат.За едни обични сметки за вода и струја пишуваат опомени,а за толкава зграда не. И ајде сега ти ќе си направиш нова ограда во дворот,но ке ти отиде 5 цм накај комшиите и тие без да те предупредат ќе дојдат се живо ќе ти рушат.Така ли? И знам дека А1 во последно време е телевизија што ги брани интересите на сдсм (повторувам,и без тоа ми е најдобра телевизија),но сител отсекогаш го прави тоа. Ете пример со Танја-Бумбар, кога некој ќе каже нешто против владата или груевски, го исклучуваат,неможе човек свое мислење да си каже!!! Постојано се повторува едно исто, дека сдсм ја довело државата до овој степен. Па тогаш зошто груевски не ја подигне на нозе,малку ли време имаше?! И каде сте патриотчиња да се буните против законот за амнестија,наш народ страдаше. Не велам дека сдсм се нешто подобри,100 пати сум кажала и пак ќе кажам,сите се исти! Но полошо од сега не помнам дека некогаш било.Тонеме!!! Само незнам како сеште луѓето(особено младите) се заслепени од сегашната влада.Груевски не е ништо друго,туку ДИКТАТОР!
     
    На Monicaa, nesa и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  20. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Јао Даниелче колу си во право ама кој да те разбере.
    Тоа е тоа што претпоставувам секој нормален човек би го кажал. Се ова што ти си напишала!
    И јас цело време ова го трубам ама не бре....џабе ми е....
    Иначе ВМРО од 20 години независност владее скоро 13-14 години а рачунај за сите 20 години СДСМ се криви?
    Логика а ла Латас и Сител ТВ, уставри едино тие ( Ѕинго и Социјалистичка партија ) се 20 години на власт оти се во коалиција со секоја власт - односно НАЦИОНАЛНИ ПРОСТИТУТКИ па најверојатно Латас за себе си јаде г***а цело време пошо и он сам не знае која партија е затоа што секој г'з исто мириса кога го лижеш!