Никаде не спомнав дека Сител е објективна,провладина телевизија е и тоа е факт.Но тие приказни на А1 беа претеризам.Секој ден едни исти работи,друго и немаше во вестите.Нема објективна телевизија во Македонија,со тоа се согласувам.Ама пак со тие коментари дека ја затвориле А1 оти единствено ја зборувала вистината.Нема врска.
Од неофицијални извори слушнав дека А1 е купена ама не сакам да ги откријам сопствениците, нека биде изненадување. Иначе Сител се покатастрофа посебно Латас и Ивона. Постојано коментираат нешто, вреѓаат, толку се натегаат како за нивната фамилија да се работи...а мислам дека се само презентери на вести и не се стручни лица да ги коментираат прилозите а посебно не да кажат нивни мислења... што ми е мене битно што мисли Латас за некоја вест, мене ми е битно само да ми ја презентира, а тоа е и неговата работа, ДА ПРЕЗЕНТИРА! Ние не сме ни ретардирани ни ниско интелигентни за тој како презентер да ми наметнува мислење за некоја вест. Ги земаа сите филмови што дотогаш кога се емитуваа на А1 и беа страшни, некултурни па и не знам какви, а сега кога се емитуваат на нивниот канал истите филмови се добри. Како е тоа можно? Толку од мене. Фала. Пријатно.
Секако дека има, Велија не затајувал данок една недела па баш тогаш да го затворат. Тоа е подолг период, вклучувајќи го и оној кога беа добри со Груевски Дај боже да е вистина Ивона е одвратна, ни Ж од женско ми нема. Ниту знае да се дотера ни ништо! А од Латас ми се заборавил човекот СДСМ-овец кога беше, вртикапа невидена, нашол тој памет да ми соли. "Сител го уби Али Риза, во А1 добар си беше" имаше ваква демотивација, само не можам да ја најдам
Еве го и видеото за враќањето на А1 само не знам дали ќе биде само на интернет телевизија или на малите екрани? http://www.youtube.com/watch?v=IaekrWmG ... AAAAAAAPAA
Многу ми недостига А1 Убаво беше кога гледавме LOST,Милионер, CSI, Вовед во антомија и вистинските Очајни домаќински а не оние турски глупости. И турците беа подобри на а1. Али Риза отиде на сите и го умреа човекот. За вестите нема да коментирам зошто секој има свој став за објективноста. Ама сите ќе се сложите дека А1 беше најдоброто што го имавме.
А1 го нема никаде а и официјално вчера ја одзедоа дозволата и на А2 и неа ја згаснаа (така си кажаа на Вести)
Во тој период А1 беше најдобра. Точно е дека сега сите останати го тупат со турски продукции, ама сигурна сум дека и А1 би го правела истото. Само они барем даваа и квалитетни американски серии, што најмногу ми фали на етерот денес.
Ооохх не да ми недостига ....Ако не беше А1 нема да слушнам за серии од типо на Лост, Волшебнички, Очајни, Увод, и ај да не ги редам. Како сакате речете во се беа први. Милионер почна да се емитува на А1, Преживеан на А1, без разлика на публиката и нејзиниот вкус, и шпанските серии Млади бунтовници, па турски, како и да е имаше најразновидна програма и за сите вкусови. Сега немаме таква телевизија. Мене пример вестите не ме интересираат многу да ги гледам, никаде не се објективни, ама па затоа ме интересира кога ќе вклучам ТВ да има што да гледам. Сега телевизорот дома ми стои за украс.Буквално!
Ми фали многу. Имаа добар тим, во се беа први. Квизови, серии, утринска, вести. Баш да седнеш од сабајле до вечер да гледаш и да не ти здосади. За избори цел ден отворена програма. Супер беа, ама нема веќе.
И на мене ми недостига А1. Имаа најдобра програма. Не претеруваа со турските серии. Поголемо значење им даваа на американските серии.
Слушнав скоро дека на местото од А1, правото да зрачи на цела територија ќе го добиела некоја друга телевизија. Знае некој која е?