1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Те читав и ништо не ги прави твоите мислења попаметни од моите..така да опушти се.
    И навики..постојат за да се одвикенеме од нив.
    *да се надоврзам на Винтер,и сопствениот син го изневери Велија..
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Винтер мора да се прави разлика меѓу физички и правни лица, овде се води постапка против физичките лица, па аналогно на тоа логично би било да се замрзне личниот имот и сметки на овие лица. Зошто не е замрзната личната сметка на Велија, туку сметката на телевизијата?
    Напишав во неколку наврати, Велија нека одговара во соодветна постапка, ако направил криминал нека го осудат, ама ова што се прави со медиумот е недозволиво во една демократска држава.
     
    На Phyramide и irenna им се допаѓа ова.
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    значи пред се се оградувам од политика во мојов пост но ќе кажам што има велија нека си плаќа. што си посеал тоа нека си жнее . но телевизијата е тука не треба да се чепка. во ни еден медиум не се знае точниот прилив на средства. тука се влеваат пари од кампањи, покриени бесплатни реклами.... сметам дека не е праведно да се затвори или блокираат средствата. и пред се а1 има секогаш најдобра програма, е број 1 по гледаност и сметам дека треба да опстане како телевизија на пазарот и да биде дел од нас граѓаните. не сум за да доаѓаат по дома и да нудат да се потпишуваме(добро а и не ми дошле), но сметам дека кој сака треба да има пунктови низ градот и нека граѓаните своеволно излезат и нека се потпишат. Ја подржувам а1 ;)
     
    На irenna и BoaVista им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Луѓе а нели ќе поминуваа во секој град :^) Во Велес дошле ама кај мене не :?: Или пак ќе има нова тура собирање потписи по куќи?
     
  5. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Значи, и се обратив на читателката што тврдеше дека сите што штрајкувале биле СДСМ. Тој извади книшка од ВМРО.И воопшто не ми е битно неговата потесна фамилија какви книшки имала или какви маици носела. А дека го познаваш човекот, можеби е вистина. Јас познавам 10 души од тие "тутунари" што штрајкуваа пред СДСМ на контрапротестот истиот ден и ниту еден од нив, замисли, не е тутунар! Во оваа никаква држава секој може да биде она што Грујо/Бранко сака! Тие го имаат магичното стапче. Ама кој го игра орото како што свират, него ќе тапкаат по рамо. Нас другите ќе не претворат во зајчиња со тоа магично стапче! Ете така! И јас ќе излезам на протест, и тоа против себеси, зошто против други не можам!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.326
    Леле беачхед па имаш само 17 години и упорно се инаетиш и се правиш паметна и сезнајко...и извини ама поима немаш.Влегуваш во конфликт со девојки што се повозрасни и покомпетентни од тебе,кои можат да дебатираат на вакви теми.Воопшто не си интересна,не знам што ти е целта,ајде оди замарај се со работи кои се својствени за еден тинејџер,и не ги упропастувај сите теми.Каде и да пишеш секаде влегуваш во кавги со некого.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    " Emancipate yourselves from mental slavery,None but ourselves can free our minds. "
    И,немав намера да бидам интересна :) .
     
  8. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Офи во повеке наврати те читам дека сакаш да се потпишеш, ја има петицијата и он-лајн па можеш и вака. :hai:
    http://www.petitiononline.com/A1TV/petition.html
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Дааа јас оставив мислење на страната, ама цело време стоеше пендинг. Ги објавуваат ли сите мислења?
     
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Потврда треба да ти стигне на е-маилот што го остави,кај мене беше така.А за објавување мислам дека зависи дали ќе кликнеш да го објават или не..имаше таква некоја опција да се одбере.
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас очекував да ми стигне на меил потврда како линк, стискав на сите линкови ама друго ми отвараше и баталив. Па се вклучив на фејсбук страната и таму напишав :)
     
  12. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    А толку е,шом стигне на маил значи е ок, не бараат пак ништо повратно да кликнеш, и мене ме збунија тие милион линкови, ама јас им седнав и ги исчитав :lol: Така да океј сме сега ;)
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.326
  14. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Ми се згади :puke:
    Ама... МОНТАЖА е!! 100%!!! :lol:
     
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Не е монтажа, прееска го гледав ова на ТВ , се спремав да јадам ама изгубив апетит :)
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.326
    Уф и мене ми се згади,одвратен ми е, а сеа и со оваа како се изглупира...Простак невиден!
    Ако сакате да држете диета,пуштете си го Латас,и ќе ви се одјаде :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Знам, се шалам јас. И мене ми се згади, навистина... Мислам, човеков има жена и деца... Ја знам ќерка му, и стварно татко ми на ТВ да го прави ова, ќе се откажам од него во службен весник. Многу невкусно.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Мене повеќе ме погоди целулитот на вчица,отколку однесувањето на Латас ко типичен балканец.Некако не ни очекував повеќе од него,а вие па се фативте за невкус,ко демек изненаѓени и узбуѓени.
     
    На kate21, ludoto19 и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  19. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    кратко и јасно ЈАС НЕ СУМ А1!!!!!!
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    девојки па немојте да се возбудувате толку!

    само сакам пак да напоменам дека настрана од сите сожалувања за новинарите и уапсените целава оваа постапка си е по правило како што кажаа сите се работи за Основано СОМНЕВАЊЕ за организиран криминал.

    сите што рекоа дека се води постапка против физичките лица и дека нивниот имот треба да биде замрзнат не е точно се работи за правни лица кои што се водени од физички лица а се замрзнува имотот на оној што имал профит од криминалниот принос (велија како сопстевеник). еу, европски совет и сите конвенции налагаат дека конфискацијата и замрзнувањето на сметки не е НИТУ КАЗНЕНА НИТУ ПОПРАВНА мерка едноставно се работи за превенција, кога има дури и сомневање за организиран криминал. Боа ти би требало ова да го знаеш а не да се удираш во гради заради А1. навистина не сакам да се правам паметна но би сакала да укажам на сите млади да се распрашаат за постапките и точните процедури а не да се јаде она што ви е сервирано. има мн книги со наслов организиран криминал прочитајте и се ќе ви биде јасно

    сакам да и кажам на штрумфета (мислам дека беше) дека во времето на бранко викаш си живееле мирно и немало ништо? па ако си родена 93 си била премногу мала за да можеш да се замраш за такви работи. еве јас ќе ти кажам дека јас моето детство додека беше бранко на власт го поминав најлошо буквално се затворија фирмите каде што работеа моите немавме корка леб ама навистина читај корка леб така да немојте не правилно да судите и без познавање пред се. не дека и вмро се сјајни коа дојдоа они се опоравивме малку приватно едно друго работевме и после пак иста песна се затвори се тато замина во странство да работи да не прехрани.

    и нас македонците во крвта ни е да ги обвинуваме другите за нашата мизерија ама ние барем не чекавме и не се жалевме на власта. затоа со ум во глава и правилно расудување, жално е млади луѓе да да бидата под толкаво влијание на партиите сакајќи или не сакајќи, не чекајте на нив и не се замарајте гледајте сами да си направите да бидете успешни во животот а политичарите секогаш ќе остант најголеми криминалци и манипулатори затоа што ние незнаеме ниту една третина од она што се случува помеѓу нив зад затворени врати
     
    На lily-prune, beached и blond им се допаѓа ова.