1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сите се одвратни, што мислите зашто си молчи народов? Стани Јане да седне Тане. Знаат дека ако не се овие на власт, ке дојдат другите кои истите работи ке ги прават. На Груевски му удри власта у глава, синока на вестите во 19 што ке каже, зошто емитувле пред влада, не ги блокирал тој туку судот. Да падне некој од Марс, може и ке му поверува дека е така. А судот за кого работи? Тој не се мешал во работата на судот :rofl: беше смешно и јадно.
    И оној Бранко да беше саглам што не не уведе у ЕУ кога беше претседател или премиер? Промовираат образование, задолжително било. Јас сум со ДВА факултета па не сум вработена бидејки немам партиска книшка, ниту сопругот мој, ниту било кој од мојата фамилија.
    Сум била сведок на протести у Грција. Народот протестира а полиција само оди покрај нив да не искрсне тепачка и сл. Кај нас кога јадните земјоделци искочиа на улици да си го бараат парчето леб, веднаш закани дека ке ги казнат, па немало да добијат субвенции за следната година, сите автобуси кои тргнале да ги носат лугето за Скопје пратени на технички преглед? Што е ова ако не диктатура? Не велам јас ако Рамковски правел криминал да не одговара, напротив, ставете го доживотно у затвор ако треба ама затворањето на телевизијата е тендециозно. Само уште А1 зборуваше против нив па не им одговараше.... И после ке си гледаме на Сител како Гујо фрла лопати за почетоци на разни проекти на кои никогаш не им го дочекуеме крајот оти странските инвеститори се повлекле |(
    НЕ сум за затворање на А1 за да имаме можност да слушнеме и нешто поразлично. Дали ке им верувам и на нив, тоа самата ке одлучам.
     
    На anima и Dafnee им се допаѓа ова.
  2. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Во земјава владее диктатура. Можеби имало криминал кај Велија, ама сте чуле за презумпција на невиност? Сите се осудени пред да почне судењето. Тоа е проблемот.
    А во врска со А1, да не е таа телезизија ќе гледаме само реклами на Владата и колку е сјајно и бајно. Зар вие луѓе не сакате да слушнете што мисли другата страна? Постара сум од вас, сум го јадела стапот о од ВМРО и од СДСМ. И уште сум независна и таква ќе бидам. Но да затвориш медиум????? Па самата држава во една демократска земја, ако и ја затворила сметката на некоја ТВ, треба да и овозможи средства за работа на телевизијата, непречено да работи. Ова е директен атак врз слобода на медиум. И да знаете, еден ден сите што не мислат како еден просечен ВМРОвец, ќе бидат обележани со жолти ленти.
    А за нивото на новинарите. Како можете да ги споредите Борјан и Латас?
    Борјан е олицетворение на култура и добро воспитување, а Латас сите кодекси на новинарите во секој поглед ги има прекршено. Прво, како човек е низок, вреѓа на ТВ, ги понижува жените, одвратен е типот.
    А за интервјуто на Грујо туц-муц, немам зборови. Како што рече некој, човекот нема речник, се прави као „ја нисам одавде“, се он ништо не знае. Знае и тоа до детали се знае, заедно го кроеја ова што се случува, а тек и ќе ни се случува во иднина. Ќе шепкате кога ќе зборите против Грујо. Во таква земја ли да живееме. А да не испадне дека сум СДСМ, само да кажам дека е жално што нема трета опција, маж како што треба (ли жена нека е :)))) да не извлече од оваа материјална и духовна беда во нашево село.
     
    На anima и BoaVista им се допаѓа ова.
  3. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    И заборавив, баш затоа што не сакам да слушам само фалби, туку и како некој ја куди власта, која и да е.
    И јас сумј А1.
     
  4. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Леле веќе до кога со овие глупости, ни ги испраа мозоците, децата уште не проодиле како што треба а со политика се занимаваат. И сега одеднаш сите станаа експерти по право, по економија, политички експерти колку ти душа сака. И овде видов само мислења кои се веќе милион пати кажани на ТВ, значи повеќето од вас(нас) не размислуваат со своја глава, туку го примаат она што им се сервира. Тоа е моќта на медиумите. А ние сме само играчки. Јас во сево ова гледам една манипулантска игра. Да јас ја гледам А1 помалку или повеќе но зошто, зошто криминалот сега е најмалку битен (се уште не е докажан, но јавна тајна беше и негови вработени кои лично ги познавам беа свесни за тоа како работи тој). Сега се обидуваат да се извадат на некои емотивни приказни. Да жално е, но сметки се замрзнуваат секој ден, зар вработените во тие други фирми се помалку битни за оваа држава? Каде е син му на Велија во оваа приказна? Зошто сега се вадат со тоа зошто не биле преземени мерки порано, свесно признаваат дека криминалот постоел одсекогаш? Јасно е дека на некој му одговарало тоа, ама сега конечно се преземаат мерки и ми е мило што му доаѓа крај на тоа. И што има врска ако гледам Кога лисјата паѓаат или Тркало на среќата? Тоа ми дава за право да оправдувам криминал?
    И не мислам дека Груевски синоќа не се снашол. Напротив мислам дека беше одличен и секоја чест за новинарите ама тие се тие кои се вртеа во круг, со разговорот.
    А гледав и Кој те шиша, само ме интересира како би постапил некој сериозен новинар како на пример Борјан, доколку некоја му седне во скут за време на снимање? И покрај тоа не мислам дека од личниот карактер зависи колку добро или лошо некој ќе си ја врши работата.
     
    На lily-prune, beached и viku им се допаѓа ова.
  5. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Одвратно :puke:
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Потенцирам дека не застанувам на ничија страна, само сакам да кажам едно мое видување колку што се сеќавам и сум проживеала, секако ни јас не сум разбирала којзнае ти колку во 90тите. Колку што јас знам, никогаш немало ваква поделба на народот. НИКОГАШ. Што е сега тоа етикетирање, ако не си од ВМРО автоматски си СДСМ или како што љубат да кажат комуњари, ако не си од СДСМ тогаш си од ВМРО? Зошто да биде така? Зошто народот да се дели по секаква можна основа во оваа држава? Граѓани-селани, Скопјани-провинцијалци, ВМРОВЦИ-СДСМОВЦИ (комуњари, што баш да ви кажам и незнам што значи зборов, не ми е јасен и зошто, ако има кој нека ми објасни) и ред други поделби што се прават, во моментов неможам да се сетам. Во врска со затварањето на фабриките колку што јас знам немора тоа да е точно реков само мое видување... Затворањето на фабриките беше/било неопходно затоа што во тоа време Македонија била потоната во долгови. Ете ако грешам некои од постарата генерација нека ме исправи, баш ќе му бидам благодарна што ќе научам нешто повеќе. Но тоа мислење нека биде објективно и никако СДСМовско или ВМРОвско. :)
     
    На irenna и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Кој ги прави тие поделби? Како што реков ни ги испраа мозоците и сами си го правиме тоа. Не сум многу постара од тебе на за приватизацијата колку што знам е процес кој мораше да се случи заради капитализмот. Значи тоа е процес на транзиција, во кој излегувавме од социјализам (во кој се беше државно) и влегувавме во капитализам кој се заснова на приватна сопственост. Може си слушнала за жртвите на транзицијата? Е тоа се луѓето кои во тој период останаа без работа, заради продажбата на фирмите во кои секако имаше превработеност и доаѓањето на газди кои секако првото нешто што го направија беше да отпуштање на вишокот на луѓе кои тие не сакаат да го плаќаат. Е значи кога некој го обвинува Бранко за тој период е затоа што тој беше премиер во тоа време, а во тоа време се донесе законот за приватизација кој според многу не беше баш најдобар, и самиот закон им дозволи на директорите на фирмите да станат газди и да се збогатат за сметка на обичниот народ. Значи сите нелогичности кои се случувале во тоа време за време на таа приватизација биле логични според нашиот закон за приватизација за тоа што така им одговаралао на неколку луѓе. Може си слушнала за октоподот? Може да ти ја препорачам "Убавицата и Мародерот" од Божин Павловски, ако си навистина заинтересирана за невмросвски и не сдсмовски мислења, се смета дека тоа се вистински случувања од тој период. Е сега имињата се изменети но многу лесно ќе заклучиш кој е кој. Е сега може излеговме од темата но бараше објаснување па ете се потрудив на кратко.
     
    На Ashling, lolyta777 и beached им се допаѓа ова.
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    :clap: :clap: :clap:

    Еве со ова целосно се согласувам. И само се прашувам зошто било која тема секогаш се претвора во два блока, СДСМ од една страна и ВМРО од друга кои дебатираат кои што паметно направил. Според мене никој ништо паметно не направил. Па и не ни очекувам додека оваа голема една, за мене, партија СДСМ-ВМРО владее во земјава.

    А за Офи, доколку сакаш објективно мислење исто можеш и „Жолта минута“ од Јован Дамјаноски да ја прочиташ. ;)
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Епа луѓе денеска ми дојдоа на врата да се потпишам за подршка на А1.
    И се потпишав ;)
     
    На Cia-ra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Исто и јас се потпишав ;)
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    НелЧе, да не те цитирам, ќе прочиташ :) , јас и онака веќе пишав во некоја тема дека на протестите немаше ни пола тутунари! А зошто? Затоа што НЕКОЈ сака да се изживува со сиромашниот народ и да бира кој нареден ќе ги следи ко слепец. Па така, платија автобуси НЕКОИ, се качи се што имаше работа до Ск или сакаше да се малце шандрца по Скопските кафичи ;) А на Велија, тоа му одговара, нели тој сакаше да ја смени власта со негова власт-земјоделска :^) Ќе видиме кога ќе дојдат на власт овие, што рече некоја форумџика ...истиииииииии...па како ќе кажуваат неговите „миленичиња“ :!: А таквите ко тој со книшката, оохооо, ги има, како не, како се врти тркалото така и тие, со надеж дека ќе бидат видени и поздравени, ама ништооо, никој ним плата не им даде, ни за укањето, ни па за аплаудирањето! Ама деновиве го нема некако да постои со селаните и да се поперчи дека бил на протести ;) И, за крај на ова, ај што не чини работава внатре, не чини, ама ние и во злато да не турат, пак ќе ја заебеме, и пак ќе сме незадоволни. Македонија де!

    Офи, не се согласувам за твојот став дека поделбата меѓу граѓаните ја немало. Отсекогаш ја имаше, од прадедовци, дедовци, па и ние сега. Прво биле, или си со Тито, или си во затвор, сега си или со Лав или со Ружа, мутирало тоа.
    И џабе сите твдрат дека се партиски неопределени, еве тука на форумов, сакале нејќеле, форумџиките полека си кажаа која за кој е определена. И што? па со тоа во моите очи не се смалени нивните вреднсоти кои ги запознав како член тука, повеќе ме иритира необјективноста и пристрасноста. малку сум офф, немојте да ми замерите, темава е доста дискутабилна.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Толку целулит зберено на едно место арно може да се издржи на таа шипка :tmi: а па и тој новинарот немам зборови :worried:ilent:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
  14. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Сума сумарум и едните и другите ајдуци. Комуњари и сељаци... Да не знае човек од што повеќе да се плаши..Сепак некако, се плашам повеќе од глупавост, а сосем објективно и непартиски тврдам дека овие актуелниве што се на власт ми тераат поише натака. Денес Лилит во СДК имаше пост со линк од српски сајт каде беше преведен германски текст кој зборуваше за глупоста како најголема опасност на човекот како битие.. Не само од политички аспект туку од човечки...читнете го.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Кој ќе ја преземе вината за жената која го изгуби бебето?!Па уште ако се докаже дека е невина?!
    Груевски со се брклата нека си поднесат оставка сместа...Идиотска држава ебаго!А судиите...совеста нека ги уништи.
     
    На Cia-ra, esperanca, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Јас НЕ сум А1 , од проста причина што неможе да заработува некој МИЛИОНИ а да не плаќа данок на државата , без разлика кој е на власт!!
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    А тој некој додека соработува со власта е бајче, ако престане да соработува тогаш е криминалец, Велија не се збогати последниве две години туку мноооогу одамна, и никој не го чепкаше додека беше на нивна страна.
    Дали е Велија хоштаплер ? - Да
    Дали треба да одговара ?- Да
    Дали требаше трудницата да оди во домашен притвор наместо во затвор? -Да !
     
    На Cia-ra, Bokicka, esperanca и 3 други им се допаѓа ова.
  18. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Парадоксално е тоа што покрај толку кампањи за трето дете, се дозволи бремена жена да престојува во затвор.
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Дечки ке ве молам,денес за премиерот е неработен ден,рекол утре ќе излезе со официјална изјава...
     
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Треба да се отстрани хитно :!: (грујо мислам)