И не само за трето дете. Ами онаа новата глупава реклама со парот што троши 1 000 во кафана. Господ да чува.
Човекови права...Слобода на медиуми... Слобода на говор... Демократија... Што ли ќе беше тоа? Чекај да излезам од пештерава да видам.
Не ме интересира политика ама ич, ама ова со бремената жена што го изгуби детето во притвор, веројатно од преголемиот стрес, е ова не можам да го премолчам.Стамота за тие што и го направија ова, срамота за државата со ваква власт,едноставно ми се
Затоа треба и они да осетат на своја кожа уште поголема казна!А верувам дека и ќе биде така...Порано или покасно.Грујо денес празнува да...
Си го напуни џебот парички и сега што го боли к*рот за државата па си зима слободни денови... Недај боже да земе да прокоментира за случајот во слободен ден
Што е криво неродено дете за тоа што нашиот премиер не знае да си ја води државата и за вистините што го вреѓаат...колку пати кажаа дека има бремени жени и хронично болни во затворот нели можеше да ги пуштат на домашен притвор а тој па по свое .....За жал веќе никој не може да ја поправи штетата....Само не дај Боже да паднеш во рацете на нашата влада оти си готов..... мислам ако не си од нивната Вмро
Незнам сега како ќе се правдаат судиите, министерот, премиерот. Незнам како ќе се правдаат вмровците сега. Можеби Бранко е крив и за спонтаниот абортус на бремената жена. Да, тоа ќе да е! Како и да е, да ја тргнеме политиката на страна. За нас ова е политичка дискусија, се препукуваме дали било вака или онака. Ама луѓе ова е повеќе од политика. Овде се работи за човечки судбини и човечки животи. Да бидеме среќни што сеуште не сме ја осетиле на наша кожа моќта и силата на оваа власт, зошто видовме дека гази и преку живи луѓе за да се остварат партиски цели. И да сега продолжете со дискусиите дека правеле криминал и треба да одговараат. Треба, ама во постапка и на начин предвиден со закон, а не вака!
Леле бе, дали гледавте вести на Сител?!?! Гостин беше директорот за гинекологија и правеа муабет за спонтаниот абортус на притворената. Зошто???? Имаат ли потреба да се правдаат дека тоа е нормално во "првиот триместар"?! Па цели лекции раскажа докторов...
Да, се може да се очекува. Немојте утре да се изненадите ако слушнете на Сител дека самата жена си е виновна што имала спонтан абортус. Каде им е совеста еј?!?
Нити совест, нити пак чувство на почит кон жената која го изгубила плодот... Абе и' го дознав датумот на последната менструација, па и колку и доцнело, а Бога ми со малку логика и на кој датум се случило оплодувањето.
Најчевска: Ова не смее да пројде неказнето Загубата на детето на притвореничката од „Перо Наков е загуба што ниедно обесштетување не може да го надомести. Судиите втор пат и го продолжија притворот на жената пред само неколку дена, не земајќи ги предвид правилата за одредување притвор што и самите ги пишуваат во прирачниците. - Кај хронично болни, изнемоштени лица, самохрани родители или бремени жени да се избегнува мерката притвор, и да се користат други полесни мерки. Гостин во вестите е Мирјана Најчевска, експерт за човекови права. Вашиот коментар ве молам, ова не е само лична трагедија, ова е трагедија на целиот судски систем, на правото, на правдата. - Се согласувам, ова е резултат на едно многу големо дезавуирање на правото. Овде имавме можности да видиме како премиерот ја затскрива својата неодговорност за судството. Во исто време судството пак, наместо да го применува законот, се обидува да им угоди на власта, односно да му угоди на премиерот и доаѓаме до ваква ситуација. Доколку судовите и доколку судијата го применеше законот така како што треба, во тој случај имајќи ја предвид пресумпцијата на невиност, требаше да се примени што е можно поблага мерка за постигнување на саканиот ефект. - Во случајов, дури и да се применеше најсилната мерка притвор, постојат други начини на кои што треба да се реагира, кога има случај со вакви ранливи групи. Постои и ерестанско одделение во болницата, постои начин на реагирање. Заради тоа сметам дека не смееме да дозволиме ова да пројде неказнето. Овој судија мора да сноси прво професионална одговорност, второ мора да се спроведе соодветна истрага за кривична одговорност и еднаш за секогаш да застанеме на крај на неодговорноста.
Да може да се случи ама и со причини!! А се знае кои се: Стрес, болест, вонматерична. Е ако во притвор немала стрес женава не знам каде!! Греотка за жената и за бебенцето ! Колку само му се радувала на тоа детенце !! Ај, гледа горниот, па враќа.
никогаш не ми било гајле за политика и овие препукувања по телевизии, Вести не гледам а нашиве политичари нејка да ги видам..... НО ОНА ШТО ГО СЛУШНАВ ВЧЕРА МЕ ПОВРЕДИ ДЛАБОКО ВО СРЦЕВО, КАКО ПРАВНИК САМО ЕДНО ЌЕ КАЖАМ , МЕРКАТА ПРИТВОР НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ЖЕНИ КОИ СЕ БРЕМЕНИ И НА ТЕШКО БОЛНИ ЛИЦА, ТУКУ СЕ ЗАМЕНУВА СО КУКЕН ПРИТВОР,....ова е Закон на државава а ако судијата не го почитува кој друг би го почитувал....., што ќе се случи ако евентуално се докажи дека жената е невина кој ќе го врати изгубениот живот? некој ќе се казини за тоа? поздрав криво ми е што ме родиле тука!
Јас неследам вести но греота е да малтретираат бремена жена + да го изгуби бебенцето.... па и тиа индиректно извршиле убиство на нероденото бебенце...
Во притвор условите се страшни, одвратни вециња, тушеви со ладна вода, бајата храна, промаја од сите страни. Зошто таа жена е лишена по дреднатална нега ? Можеле да ја пуштат во домашен притвор, или да ја хоспитализираат со полициски надзор. Зошто е оставена во тие услови, што ако излезе дека е невина, ако добие ослободителна пресуда ???? А, и да е виновна, тоа ли е казната ?
Не можам да се изначудам како можат такви бездушници да не и дозволат на жената да ја помине својата бременост во нормални услови и без дополнителни стресови. Па побогу таа требало да лежи, да прима терапија. Има 40 години колку што разбрав јас и што ако тоа и било прво бебе што требало да се роди? Што ако жената имала проблеми и сега кога конечно била на пат да си добие бебенце кое заради тие нехумани и неодговорни надлежни органи го иѕгубила? Сега кој ќе и ја надомести болката и траумата? Срамота и греота е ова што го прават. Верувам дека има некој од горе што гледа, па секој ќе си го добие она што го заслужува, а не верувам дека таквите луѓе заслужуваат многу...ма нека одат по ѓаволите.