Во принцип не сакам да прам муабет за политика оти премногу сме загушени од истата ама за ова неможам да не искоментирам.Значи условите во нашите затвори знаеме какви се катастрофални, а во оделот за притвореници е најлошо од секаде мислам.Сите што некогаш имале пристап до него, знаат какви се условите таму. Па поубаво е да те пратат директно на робија одошто таму.Бремена жена да ставиш таму е крајно сурово и нечовечки.Криминалци кои преку ноќ станаа милионери во мојот град и против кои се води постапка со години си седат дома во домашен притвор, а женава ја оставија во мизерија да чека постапка.Греота и срамота за целиот судски систем во нашава т.н. држава. Ова веќе се граничи со лудило..
Претрпениот стрес е главната причина за спонтан абортус. Исто така мислам дека овде НЕ ГРУЈО,туку судијата која го раководи овој случај треба да одговара. Ако имало малку морал во судијата и по цена да ја изгуби работата ќе постапеше согласно законот за притвор кој налага бремени жени и хронично болни да им биде изречен домашен притвор. Затоа,јас главната вина единствено ја префрлам на судијата на овој случај,бидејќи не постапила согласно со законот. Ако и Грујо замешал прсти,ондак немирната совест него ќе му ја препишиме. Меѓутоа има уште многу причини за спонтан абортус кои не се поврзани со стресот,а не би требало да бидат исклучени, како што кажа и самата докторка на А1 вчера на вестите. Моежби е недоволна развиеност на матката,слабост на мускулатурата на стегачот на грлото на матката, никотинот. еве еден извадок од македонски веб-портал поврзан со медицината(ги почитувам сепак правилата за забраната на рекламирање) as i said ова се уште неколку наведени причини поради спонтан абортус, што во никој случај не треба да да бидат исклучени. Сигурна сум дека ќе има понатамошни испитувања кои ќе докажат дали причината е од психичка или физичка природа.
Згрозена сум... Да дозволиш една мајка да го изгуби најдрагоценото нешто за неа, мора да си монструм... Слушнав дека жената имала 41 година. Сирота, не можам да ја прежалам. Кој знае колку време се обидувала, не можела да има деца и кога ете конечно на 41 година и се случило чудо, некој си ЧУДАК таму решил дека таа треба да лежи во притвор и да плаќа за стореното дело. Секогаш сум за казна, меѓутоа казна во случај кога кривицата е докажана. А, зошто баш бременава жена мораше да лежи во притвор? Како да е небаре некој громорозен убиец, што никако не смеат да го пуштат на улица! Како небаре, ако ја пуштат дома, државата ќе западне во криза и нашата безбедност ќе биде загрозена. Си стои се фино лепо во Законот, дека доколку се работи за бремена жена или пак за тешко болни лица не се изрекува мерка притвор, се изрекува мерка куќен притвор. Толку ли ќе „згрешеа“ ако пресудеа во корист на човештвото? Ма ајде, само едно нешто ќе ви кажам! Демонстрирање сила... Ете тоа беше целата работа! За жал се е џабе... Ова народнава поговорка излезе многу точна во ситуацијава: КАДЕ ИМА СИЛА - НЕМА ПРАВДИНА
as i said ова се уште неколку наведени причини поради спонтан абортус, што во никој случај не треба да да бидат исклучени. Сигурна сум дека ќе има понатамошни испитувања кои ќе докажат дали причината е од психичка или физичка природа.[/quote] Како се чувствуваш со ова делумно негирање на вистината за овој грозен настан за кој повеќе од сигурно е зошто се случил?!Чудна диоптрија имаш.
Може не спаѓа тука ама има поврзаност најголема со цела ситуација наша напатена... Имам план и ќе го предложам ако се пружи прилика...Наредна нова(ВМРО садистите да се збогуваат засекогаш со фотелјите) власт само што ќе дојде уште првиот ден од владеење,да затвори секој премин секој земјен,воздушен и воден пат итн....да поапси се што сега мисли дека е сила и моќ и со лисици,ја би да имаат синџири и лисици на раце и окови на нозе, на сред плоштад да се однесат за да може секој граѓанин кој ќе дојде таму да ги плука.
Гревота навистина, јас не знаев, од овде прочитав... Ништо не ни ми се коментира, само ќе кажам дека бременоста и онака не е лесна работа, бара посебно внимание и нега, а не па за жена која има 41 година, каде што бременоста е ризична. Место да се обезбеди уште поголема безбедност за таа жена, а ова се случува... И друга работа не ми е јасна Како бре тогаш ја враќате жената во тие услови место да ја задржите на болница и да видите колку е таа ситуација сериозна, што придонело за тие компликации, и како да се отстранат, а се мижи пред сето тоа. ИДИОТИ бре идиоти. Каде му е медицинската заклетва на тој доктор, каде му е? За ваквите треба да му ја скинат можноста да работи, и уште еднаш контакт со човек за да го лекува АМИН. Жал ми е што оваа жена не е последна која е жртва на ваква несериозност. И да, честитки и респект од мене еве и ќе се поклонам ако после ова одговорните можат вечер да спијаат, алал да им е!
Џабе и излишни се натегањата и рафалите на изговори и глупави можни сценариа ЗОШТО се случил спонтаниот абортус кога е повеќе од очигледно. Слон во собата. Не знам само како, и после ваков хорорен исход уште постојат луѓе кои можат да слепо и глуво да ги бранат незаконските недемократските неегзистенцијалните неправедните и нечовечките потези и одлуки на оваа влада. Кажете уште дека и судството ни е независно, ( особено после случајот со Дума ) и ќе се осеќам како на друга планета. Не го вртете другиот образ за шамари, нема веќе ни таму место.
Како се чувствуваш со ова делумно негирање на вистината за овој грозен настан за кој повеќе од сигурно е зошто се случил?!Чудна диоптрија имаш.[/quote] Damn it!! Се чувстувам мошне супериорно!! Баш сум ладнокрвна при вакви настани. Браво Ашлинг, браво. ај сега да бидам он топик: 女裝 女裝 女裝 女裝 女裝 女裝!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Благодарение на мојата фузија, работите ги гледам двојно што значи дека морам да гледам подалеку од носов за да не ми се дуплираат истите мудроштини. Самиот гинеколог вчера на А1 даде изјава на која Секулоска упорно се обидуваше да добие одговори во корист на случајот и А1 нормално, но не ги доби, бидејќи гинекологот кажа дека покрај стресот постојат и многу други фактори кои укажуваат на спонтан абортус и треба да се направат дополнителни испитувања. Значи јас не го обвинувам судијата за спонтаниот абортус( бидејќи 40% од жените во раната бременост што подразбира до 10 недели се изложени на ризик од спонтан абортус), туку го обвинувам судијата за тоа што не постапил согласно со законот, бремени жени и хронично болни да бидат во домашен притвор. А,со самото тоа што не постапил согласно со законот, го предизвикал и стресот на жената, впрочем како и секој човек што е во притвор, што МОЖЕБИ довело до спонтан абортус. Лилит од каде знаеш дека жената немала некои мутациони наследни особини? Значи не го исклучувам стресот како примарна причина, но не ги исклучувам и останатите причини со кои се соочиле девојки кои не се во притвор. Уште еднаш морам јавно да и се заблагодарам на мојата фузија. * едит Дали ви значи нешто што жената имала 41 година?
Значи никој не го обвинува судијата директно дека тој е виновен за абортусот. По законот, бремена жена-домашен притвор. Хронично болен-домашен притвор. а во случајов жената и со своите години е во ризичната група, значи под исто морало да ја пратат во домашен притвор, или ако ситуацијата била лоша-во болница. Но тоа не беше така. Таа беше во Идризово, во никакви услови, што можеби придонеле да се случи абортусот. Да си беше жената дома, никој немаше да направи скандал од ова. Едноставно се случило и точка.Годините, некоја наследна болест ли...ќе се најдеше друга кривица. Ама тие противзаконски ја држеа таму, и сега нормално дека треба да ја сносат кривицата. Сега крив е судијата, што намерно не ја пуштил дома, а со тоа придонел за абортусот. И да, ни значат тие 41 година. Во денешно време жени раѓаат на 47 (Кели Престон) 54 (Џана Нанини), романката што роди на 67, индијката близнаци на 70... Секако дека ни значат нејзините години
Aј цитирајте ми го тој дел дека е по закон бремена жена НЕ треба да е во притвор? Не сакам да заземам страна и да оправдувам некој, ниту пак имам намера да се контрам со вас. Јас сочувствувам со жената, ама ако јас не дај Боже го загубев бебето додека бев на работно место, одговорниот ќе ми беше крив што не ми даде одмор ? И ако ми дадел одмор МОЖЕБИ немало да го загубам ??? Се е МОЖЕБИ !!! Се е игра на зборови и комбинација на ситуации !!! А во конкретниов случај сите одат по правилото: Во војната е дозволено секакво оружје ! И да беше обратна ситуацијава, едните ќе ги напаѓаа другите ... Ах бре луѓе не знаете што се се случува во нашиот правен систем... Ова е само мала точка од она што се случувало порано и што ќе се случува. Да резимирам, не заземам страна, и двете страни се криви. Што велат старите: Седи си мадро, да не ти биде модро ! Што некој не дојде мене да ме уапси и да ме притвори ? Нормално си стојам по на страна од секакви валкани зделки и матни игри.А сум се нашла во такви ситуации Х пати, но сум добро размислила што последица може да донесе секоја моја одлука. Не одам по правилото да ризикувам за да добијам. Епа сега не може ем волкот сит, ем овците на број.
Надвор од контекст,дали ти Ашлинг по ѓаволите знаеш што е фузија и дали ти тоа направи сам себе го убил?! До тогаш...ме чуди како не знаете дека секоја војна има правила и од друга страна топло ја препорачувам Вештина на војувањето. Во секој случај не знаете жената за што конкретно била уапсена (секој е товарен за различно),не знаете дали е виновна и пред се...криминалот на Велија кој не го оспорувам,го ставате пред човечки живот.Како и да е,бремена жена,па уште во рана бременост,е ризично да ја изложуваш на стрес и слични (не)услови.Као беше до сега у хашкиот затвор,секој ден ја масираат и гледаше тв додека си сурфаше на интернет...ко да не ги знаеме условите во нашите затвори.
Блонд најискрено ме чуди ваквото твое размислување прво затоа што моментално си во блажена состојба и второ затоа што си полицајка. Бараш член од закон каде што се наведува дека бремена жена не смее да е во притвор. Тоа не е регулирано со закон, тоа е препорака која е доставена и усвоена од сите судии и која има форма на подзаконски акт. Судијата Јани Нича истиот оној кој и го продолжи притворот на бремената жена лично и персонално со своја рака се потпиша како автор на прирачникот. Друго, тоа што жената се наоѓа во притвор не е никаква гаранција дека утре ќе биде прогласена за виновна. Не се воопшто ретки случаите кога ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА се прогласувани за невини. И што ќе се случи тогаш Блонд? Кој ќе ја надомести штетата тогаш? Наредно, во законот за кривична постапка притворот не е единствена мерка за обезбедување на обвинети, меѓу другите мерки таму е наведена и мерката куќен притвор. Зошто воопшто постои таа мерка во законот кога не се изрекува во случаи во кои навистина треба да се изрече (на хронично болни, на бремени жени и сл.)? Друго сега судот сам се стави во незгодна положба. Нели ја држеа во притвор зошто се сомневале дека ќе влијае на сведоци, ќе ја попречува истрагата и сл. Тоа беа ОКОЛНОСТИТЕ поради кои сите од пајажина се во притвор и истиот им беше континуирано продолжуван после секое барање од адвокатите да на бремената жена и хронично болните им определи куќен притвор. А сега кога се случи она најлошото судот и определува куќен притвор. Што станува сега со околностите дека таа може да влијае врз сведоци и да ја попречува истрагата?!? Значи ваква одлука за заменување на притворот со куќен притвор можела да се изрече и порано, штом е изречена сега, логично е дека можела да се изрече и порано. Се поставува прашање зошто не е изречена порано и кој е крив за тоа?!? Треба ли одговор на ова прашање? Не мислам дека на сите ни е јасно. И за крај, мислам дека за џабе се обидувате да оправдате нешто што е неоправливо. Треба малку совест за да можеш да напишеш(индиректно, ама тоа е поентата) дека жената сама си го барала. И да резимирам, нека се работи и за најголем криминалец и терорист - не ме интересира. Детето кое било во нејзината утроба нема никаква вина за тоа што правела мајката. Што се случи со правото на живот? Нели според Уставот беше неприкосновено?!? ЕДИТ: Значи стварно сум згрозена ако некој се обидува да го оправда ова што се случи. Едно е политика, но ова веќе ги преминува границите на политиката и преминува во ГАЗЕЊЕ ВРЗ ЖИВИ ЛУЃЕ, УНИШТУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ.
yes dear, сум одела на терапии за истата да се сведе на минимум. Побогу дали очните лекари ме држеле сите овие години во ебана заблуда? Лилит сите се товарени за иста ствар. Организиран криминал, само што поврзаноста и улогата во истиот е различна. И побогу не ми контрај кога гледаш дека скоро и да делам исто мислење со твоето, не прави сама од себе б.
Па и незнам колку е исто ако некој проневерил сто илјади евра, а друг милиони. И случајот Бачило беше третиран како организиран криминал, па после во пресудата само две лица беа осудени над 10 години затвор, а другите кој 3, кој 1 кој 5. Така да не ти држи вода оваа теза. Многу фактори играат улога тука, не мора да значи дека сите од пајажина ќе бидат осудени. А тие што ќе бидет осудени(ако ги осудат) казните сигурно ќе бидат различни. Има тука соизвршители, соучесници, помагачи. Не се сите исто третирани пред законот. За некои важат олеснителни, за други отежнителни околности.
Чекај малку. Ај појасни ми ја поврзаноста меѓу пајажина и бачило освен тоа што се и двете организиран криминал и се проневерени милиони? И која теза побогу? Сите се притворија како осомничени во овој случај, а можеби нема да се сите осудени. Добро сега сфатив дека пишам на кинески.
Како прво случајот бачило ти го напишав како прост пример дека не мора да значи дека сите ќе бидат осудени исто. Се притвараа и по 20 - 30 цариници, а ни 1/3 не беа осудени. Лично познавам цариник кој 2 месеци беше во притвор и не го осудија, а плус тоа го вратија и на работа. Така да прво распрашај се или прогуглај, па после коментирај