1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

И јас сум А1

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 29 јануари 2011.

  1. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    А дали ти госпожа Ашлинг си била во оделението кај шо ги чуваат притворениците.Се надевам не си и никогаш да не отидеш. Таму здраво куче да врзеш болно ке го одврзеш.Инаку во КЗ јасно си стои дека кај овие мерки предност има најслабата ако се постигнува саканиот ефект.Ко женава да е сериски убиец па не може во куќен притвор или гаранција. Ајде бее..И на секоја тема бре како успеваш со некој да се рчкаш? Некое чудно човече ќе да си ти...
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Ашлинг не туку лупај реплики колку да те има на форумов и следи ја поентата на соговорниците...Сличноста во сите случаи е во пресумпцијата на невиност. Што ќе рече - - - осомничените се сметаат за невини додека не се докаже спротивното. Во овој контекст, државата е должна да им ги почитува основните чоекови права и да ги заштити од било какви злоупотреби за време на постапката и законски мерки. И бремена жена и луѓе со здравствени проблеми НЕ СМЕАТ да се подложат на мерка ПРИТВОР...бидејќи колку тоа тебе розево да ти звучи ( Побогу зошто ли ?!?!?!), тоа значи минимални егзистенцијални услови во кои постои значителна опасност по здравјето и добробитта на луѓето. Ти можеш до утре да редиш лаички дијагнози и можни причини за абортус, ама таа лекција задржи ја за себеси зошто главниот фактор во случајов се несоодветните услови во кои таа живеела - со оглед на нејзината здравствена состојба. НЕ МОЖЕ да биде во ред и да продаваш лекции за МОЖЕБИ ситуации кога е јасно ко ДЕН дека е прекршено ОСНОВНО ЧОВЕКОВО ПРАВО на заштита на здравјето и животот на луѓето...
    Добро бе девојче. Тргни од уставот па се до подзаконски акти за превентивни законски мерки, па дебатирај.
    И Блонд... каква ти е сличноста на работно место со притвор ти се молам???? Тотално надвор од контекст. Полицаец си...!?!?!? Каква е аналогијава?!?!?!?
     
    На julie77, BoaVista и Phyramide им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.811
    Допаѓања:
    163.113
    Леле ми се обратила пак...фузија или фисија(патем не разбира ни со диоптрија што сакав да кажам),ти не си се разбрала себе прво,се што пишуваш ти е контрадикторно,убаво си реков.Да не навлагам во друго...ќе се воздржам.
    Во притвор или затвор,погрешно се изразив при пишување,а убаво знам која е разликата (патем не ми треба лекции од тебе),а тоа не е начин на демантирање на нешто,но таквите кои се бунат и губат аргументи секогаш се фаќаат за минорен дел од некоја расправа,као на пример ова.
    Знаете,јас потсвесно се согласувам со неа и делиме исто размислување.Сеуште не сум свесна...
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не можам да редактирам овде ќе се поправам. Ова со големи букви што пишува осудени лица, сум мислела на ОБВИНЕТИ лица. Најверојатно од брзање сум згрешила ;) Печатна грешка, се извинувам :)
     
  5. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Не разбирам зошто некој упорно вината за абортусот на притоврената,ја бара во Владата на Република Македонија.
    И после тоа,упорно се изјаснува како политички неопределен граѓанин.
    Епа не е вината во Владата.И ево,на ваше незадоволство Груевски нема да даде оставка,заради спонтаниот абортус.
    Прво,оваа жена не е ни прва ни последна во притвор бремена.Има уште многу жени,кои бремини се во затвор..па ај за сите нив да одговара премиерот? Глупости.
    Единствена кривица ја гледам во Судот и во нејзиниот бранител кој не побарал мерка притвор за критичната состојба на жената.
    И искрено се надевам дека Велија и компанијата негова ќе скапаат во затвор.
    А од женска гледна точка,жал ми е за жената..сепак се работи за невин живот.
    И ве молам Лилит и БоаВиста,како најпаметни на форумов да не ми репицирате со коментари од типот "тресиш зелени,мала си за политика,некултурна си " и слично,затоа што ми здосадивте да ве читам.Ако имате нешто со кое не се согласувате,реплицирајте конкретно за тоа и да развиеме здрава дискусија.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Груевски џабе се оградува од случајот кога он е диригентот на овој случај, неговата власт беше загрозена и реши да си го исчисти патот.

    Нејзиниот бранител побара сите притворени да не се третираат еднакво бидејќи има трудна жена но беше одбиен, судот не побара лекарско мислење, ја преспа својата службена должност на кој се повика сега откако жената го изгуби детето. Значи можело, но зошто сега кога е доцна ?

    Можеби, велам можеби жената и во нормални услови би го изгубила детето, но зошто не и ги овозможија тие нормални услови, е тогаш никој не ќе можеше да ги обвини ни судиите ни Грујчо дека не постапувале како што треба. Ти овозможи ги основните човекови права, ако не од хуман аспект, тогаш од аспект на сопствен интерес - да не бидеш после обвинет.

    Што ти направил Велија и сите останати притворени , што не ти направиле Ѕинго и Стојменов, само сети се на случајот Злетовица, ќе има ли и во Сител и Канал 5 рација и притворени, ајде нека ги претресат сите медиуми, па ќе речам браво за владава , ќе го исчисти медиумскиот простор.

    Стојам на своето дека се додека хоштаплерите соработуваат со владата се успешни бизнисмени, а ако се скараат тогаш се криминалци

    И beached те молам не ми реплицирај, навистина немам намера да се расправам со тебе. Ти дебатава ја тераш во насока- зденка, посебна и ѕидарско пред кооперација.
     
    На noli, missperfect, Dafnee и 3 други им се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    ^^Море бичед нема потреба да ти реплицираме, си се изјасни сама ти дека си мала и зелена и дека трескаш глупости.
    Ај сега да развиеме здрава дискусија, секако ако тоа е возможно со тебе.
    Јас најискрено не ни очекував дека премиерот ќе си даде оставка, ама очекував дека ќе излезе и дека ќе каже дека навистина имало пропуст во постапката и дека укажувањата на А1 кои цел месец јасно и гласно кажуваа дека во притвор се држи бремена жена се основани и дека судот требал да ги разгледа и да ја пушти жената во домашен притвор.
    Уште еднаш ќе ти напоменам да разграничиш еднаш засекогаш што е затвор, а што е притвор, па после да дискутираш, зошто разликата е голема.
    Притворот не е задолжителна мерка, се одредува алтернатвно по слободна диспозиција на судијата. Додека пак затворот, после правосилна судка одлука мора задолжително да се изврши. Во затвор има лица кои се виновни, во притвор тие се само осомничени, што немора да значи дека се виновни.
    Поставив прашање претходно, ќе ти го поставам пак. Што ќе се случи ако жената ја прогласат невина? Кој ќе одговара тогаш?
    И да ја тргнеме жената на страна. Каква вина има детето во целата ситуација?

    Да има кривица и кај судот, ама под чија капа се судовите денес?
    И немој да ми излезеш со реплика дека судовите се независни зошто веќе и врапчињата на гранките знаат дека не е така.
    Адвокатот имал вина?!? За што, ајде појасни ми те молам?
    Адвокатот веќе еднаш имал поднесено барање да и го заменат притворот си куќен притвор, ама наместо тоа судот и го продолжил притворот. Пред три четири дена адвокатаот пак побарал да и се замени притворот, ама на судот не му се брзало, му требало време да ја разгледа ситуацијата. Чудно нели. Ако му требало време, како тогаш вчера така експресно го заменија притворот со куќен притвор?
    Ако се докаже криминалот нека скапат в затвор. Ама тоа ќе го кажам кога ќе видам правосилна судка пресуда со која се прогласени за виновни. Се до тогаш, за мене се невини. Па нели тоа е презумпција на невиност која е загарантирана на секој човек. Секој е невин се додека со правосилна судка одлука не се докаже спротивното.
    Богами се гледа по коментарот колку ти е жал. Да тебе ти е жал за жената, за невиниот живот, АМА УШТЕ ПОВЕЌЕ ТИ Е ЖАЛ ЗА ГРУЕВСКИ и гласовите кои тој ќе ги изгуби поради оваа случка.

    И за крај, навистина не би посакала ова да му се случи на никого, ама убаво рекле старите додека не осетиш на своја кожа можеш само да јадеш г***а. А и ние сме ти чуден народ, се ситиме на туѓи несреќи. Ма дај тргнете го и Груевски и Бранко и СДСМ и ВМРО и А1 и Велија. Тргнете ги сите на стрАна. СЕ РАБОТИ ЗА БРЕМЕНА ЖЕНА И УШТЕ НЕРОДЕНО БЕБЕ.
    Еј каде ли отиде човечноста и совеста кај луѓето?!?

    ПС - Ако сме ти здосадиле да не читаш, слобдно скролај ;)
    Логично и својствено е за подржувачите на власта да несакаат да слушнат ни да прочитаат мислење спротивно на нивното. Тоа е и најголемиот проблем со А1 ;)
     
    На noli, missperfect, macence85 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Ти мало да чутиш кога не се разбираш.

    Лилит и Боа, аман девојки..
    ќе реплицираш ако сакаш да кажеш нешто спротивно од мене и кога не се согласуваш со ова моево(во случај да не сте го разбралe) во спротивно добивам впечаток дека имате нешто против мене,а не против моите мислења, што ве прави многу мали.
    а, не кажавте апсолутно ништо поразлично од ова моево, само се изразивте со други зборови.
    Контрадикторно ова моево? Не би рекла.
    Вие сте во контрадикторност бидејќи ми контрате на исти ставови.
    Леле мори мајко.


    Да, уште еднаш да напишам, колку да објаснам
    Значи ДА!
    За некое чудо не сум чудовиште, туку имам чувства и КАЖАВ дека ми е жал за жената и тоа што го загубила детето.
    Исто така не ја гледам како повеќето од вас вината во Груевски, туку во судијата. Во првиот мој коментар објаснив како и зошто.
    Друго.
    За спонтаниот абортус покрај стресот, наведов и други фактори кои би можеле да го предизвикаат, А НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИСКЛУЧАТ, колку и да звучат (НЕ)емоционални и нечовечки сепак се логични.

    За тоа со фузијата нема потреба да ти го објаснувам, обрати се кај некој очен лекар ќе ти објасни и патем потоа ќе ја сфатиш мојата метафора,вака ќе помислиш дека лупам глупости од тетка википедија и чичко гугл.
     
  9. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Ашлинг --- „Ти мало да чутиш кога не се разбираш.„





    Ашлинг искрено ми се допаѓа што немаш аргументи да ми вратиш. Најсмешната и капитулирачка реплика е „ќути кога не се разбираш“...
    Смешна си ми и недостојна за соговорник.
    И,само да те коригирам, се разбирам едно 6 пати повеќе од тебе, првично бидејќи сум мастер во казнено право, ссекундарно - бидејќи родителите цел живот ми ја работат оваа тематика и терцијално... Бидејќи не е тешко да се разбира човек повеќе од тебе. Неконцизна си, некултурна и правно необразована. Гугл тука не може да ти помогне. А ни очната дијагноза. Ни пак фузијата фисијата и слични други ноторни глупости што ги изнапиша.
     
    На JoxyTheFreak, noli, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Ашлинг ај те молам најди едно твое мислење кое е исто со моето и на кое сум ти реплицирала спротивно.

    На оној првиот(поголемиот пост) јас не сум ти реплицирала. Ти реплицирав подоцна на еден друг пост во кој не убедуваше дека сите исто ќе ги осуделе. Таму ти напишав пример дека не мора да значи дека сите со иста казна ќе ги осудат и ти го наведов случајот Бачило како пример.
    Значи сепак се работи за различно мислење, а не исто.
    Е сега ти како си сфатила јас незнам.
    А и од каде ти е идејата дека имам нешто против тебе. Па девојко јас не те познавам, за да можам да имам нешто против тебе. Не секое контрање на некоја тема значи дека имам нешто против некого.
     
    На noli му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Која аналогија не ти е јасна ? И дај помалце сарказам, може да му наштетиш на моето бебе со ова. ;)
    И нема закон за поштеда од притвор на бремени жени, се е сведено на договор.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    124.282
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам некој правник да се изјасне овде. И нека објасни убаво што е притвор, што е затвор, кој суд носи 30 дена притвор после апсење, а кој продолжува??? Зашто овде гледам секој си кажува се и сешто ама очигледно никој не е компетентен. Ни јас не сум компетентна па ќе се воздржам од расфрлање со термини и терминологи, и ќе се обидам со ладна глава без да мешам пристрасност кон овој или оној да ја гледам ситуацијава. А мојот став е следниот, Ја подржувам А1 како медиум, прва телевизија е, во неа работат 100 тици луѓе и сочувствувам со нив дека ќе бидат на улица ако се затвори. Не сум за или против Велија. Ни го знам ни го познавам. Ако работел незаконски нека го казнат. Ако се докаже спротивно нека го пуштат. А за жената има пропуст бидејки во правилникот убаво пишува дека бремена жена и хронично болен човек додека трае истрагата не смее да биде во притвор, туку треба да се најде друга соодветна мерка. И ве молам не мешајте баби и жаби на темава.
     
    На Sally му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Боа
    Каде прочита дека сум напишала сите ќе бидат осудени на иста временска казна?
    Напишав дека СИТЕ СЕ ТОВАРАТ ЗА ЕДНА ИСТА ЕБАНА РАБОТА-ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ.
    И ако се докаже дека и женава што абортирала е вклучена во него, то не ја прави помалку невина.

    Патем не тврдам дека имаш нешто против мене, туку ми делуваш така бидејќи за една иста работа ми контраш.
    Чудно малку.
     
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Чиајки ги претходниве постови,дојдов до едно соломонско откритие:Бранко е крив за се. И за спонтаниот на жената,и за подржување на криминалот во А1 и за тутунарите ,за се буквално што не чини во државата,Бранко е крив(како што милува да каже нашата ни мила Гоца).
    Се шалам. И ЈАС СУМ А1.
    Искрено сочуствувам со секој кој е моментално обвинет за случајот А1,Незнам за што се обвинети ,кога се уште се немаат доволно докази.
    Во оваа наша држава секој неистомисленик со Грујо,е непријател и криминалец,и секој кој зборува против него излегува дека треба да бииде во затвор.
    За да си го сокријат својот криминал и своите глупоштии, затоа го прават сето ова .
    П.С. директорот на драмски Дејан Лилич кој го позајмува гласот во сериите на А1 си оди во Сител.
    Ако ова не е политика ,тогаш што е ? :!:
     
    На noli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Нена, Дафни и БоаВиста се правно доста солидно потковани би рекла јас. И мислам дека во нивните реплики повеќе пати се произнесоа за ова.
    Јас тука внимателно си ги следам. Сметам дека секое нивно произнесување на темава им е покрепено, аргументирано и содржајно.

    На темава за скандалов со трудницата мудро молчам, ставот мој и онака ви е веќе познат на повеќето од вас и излишно би било да додавам туршија во јадењето.
    За А1 веќе се произнесов.

    Само ме изненадува непријатно како во име на партиска определеност, човек заборава на основни човечки чуства и трезно размислување :x
     
    На noli, BoaVista и Cia-ra им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Блонд, а зошто тогаш постои мерката куќен притвор?
    Дај да ја укинеме, кога во вакви случаи не се применува, мислам кога ќе се примени.

    Да, поштедата од притвор на бремени жени не е регулирана со закон, но постои прирачник за работа на судите во кој прирачник е препорачано дека бремени жени и хронично болни лица не треба да се држат во притвор.
    Притворот кој е регулиран со закон, за овој вид на кривични дела не е задолжителен. Што значи и тој е оставен на слободната диспозиција на судијата. Судијата увидел дека постојат околности за притвор и го одредил. Ама подоцна увидел дека постојат околности и за замена на мерката притвор со куќен притвор, но за жал не го заменил. Уствари го заменил, ама прилично касно.
     
    На noli, Phyramide, Dafnee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929


    Немаше никаков сарказам во моето прашање. Многу беше јасно и реално. Не сфаќам како направи таква споредба. Прашањето фино разјасува која аналогија не ми е јасна. Онаа меѓу работното место и притворот. На работа не те држат во лоши услови, а и да те држат, закон за работни односи ти обезбедува породилно отсуство и услови за продолжување на истот доколку (не дај Боже) би била ти со проблематична бременост како што била жената за која дискутираме. Неможе одговорниот твој да е крив ако нешто ти се случи освен ако повредата се случила на работно место и се случила додека си извршувала работи за местото каде имаш заснован работен однос. Вработување, Блонд, не е законска мерка. Притворот, е. И си постојат Подзаконски акти кои ги регулираат посебните случаи кога треба да се прибегне кон други алтернативни мерки на притвор, како пример..ДОМАШЕН ПРИТВОР. Тоа не е пуштање на слобода, туку притвор кој не би го загрозил телесниот интегритет на осомничениот, кој, повторувам, во секоја постапка, секаде во свет, и гарантирано со Уставот на РМ -едно од начелата на постапката, е пресумпцијата за невиност според која секој е невин додека не се докаже спротивното. Ова начело а и сите предвидени, треба да ги гарантира основнте човекови права во текот на истражната и процесната постапка како и нејзината ефикасност, двостраност и праведност. Во случајов СВЕСНО и беше загрозено здравјето на осомничената и плодот кој таа го носеше, што директно се афектираше врз нејзиното здравје и бременоста.
    Во случајов, како што многу пати, многу исцрпно објасни Боа... Имаше сериозна потреба да се прибегне кон друга мерка. Последиците од лошото судство, слепото партиско следење на инструкции и стравот од последици по кариерите на судиите имаа многу големи последици.
    И патем...не е сведено на никаков договор (?!?!?!) , туку како што кажа Боа, си постојат акти кои тоа го регулираат. Во случајов гореспоменатиот Прирачник за судии.
     
    На noli, Cia-ra и BoaVista им се допаѓа ова.
  18. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Читам горе и не ми се верува. Некои тука ја загубиле човечноста. Просто и јасно. Жената не е осудена и не морало да биде во притвор, затоа што е трудна. Па не живееме во Замбија, зар нема овде основни човечки права. Не сум правник и не сакам да водам дискусија на таа тема, ама знам да правам разлика меѓу обвинети и веќе осудени. Жената не е осудена. Жално е вака нечовечно што се постапило со неа. Можеби и е прво дете на тие години, па и да би било второ можеби е долго планирано, посакувано. И замислете во какви услови била таа жена. И тука некои што треба да станат мајки коментираат небулози. Ма не ми се верува што изначитав. Жени ли сте што ли сте? Мајки ли ќе бидете утре или што? Заслепени во Грујо, во ЛИДЕРОТ. Одвратно ми е се.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Браво Боа се познава уште сега дека си добар правник и дека мн. ги разбираш работите...
    Премногу ми е жал за она што што се случи. Ова е слика за начинот на кој Владата на РМ ја води својата диктаторска политика. Ова е СРАМ за една демократска држава, за една власт која што троши милоионски суми за кампањи против абортусот, за трето дете итн. А жално што и покрај се постојат луѓе кои сеуште веруваат во истата таа власт и ја величат. Не сум нити за Груевски, нити за Црвенковски, никогаш не сум се занимавала со политика ниту сега ќе го сторам тоа,само сакав да го кажам моето мислење во врска со темата.
     
    На noli, Dafnee, esperanca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Боа, Лилит, Дафне и Ирена не ми е јасно што и објаснувате на девојката.....кога нешто си набила в глава тешко дека може нешто друго да разбере...така да не си ги трошете зборовите за џабе :swear:
    Инаку за случајот секако дека сега со цел да си ја исчистат совеста ќе кажат голем број др причини само да не признаат за нивните грешки како и обично, но сите ние знаеме како и зошто го загубила детето...сега ја пуштиле на домашен притвор, тоа нели можеле да го направат предходно пред да се случи трагедијата...сега што и да направат се е џабе, бидејќи детето ништо нема да го врати ;(
    Друго секако дека судот е виновен, но уште повиновна е владата затоа што судиите денес играат како им свири премиерот со неговата компанија...и вие сите тоа убаво го знаете ама ви одговара да се правите улави.
    И не сум за СДСМ да си кажам, оти после ќе слушнам еден куп коментари бидејќи ја критикувам власта.....а не сум ни за ВМРО....едноставно не сум за никој....само си го кажувам тоа што го гледам и слушам бидејќи ниту сум слепа ниту глува :!:
     
    На noli, Lora07, artemis и 3 други им се допаѓа ова.