1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

КОНИ 2012 (KONY 2012)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од NightAir, 7 март 2012.

  1. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    http://www.youtube.com/watch?v=Y4MnpzG5 ... AAAAAAABAA
    KONY 2012 е филм и кампања од страна на Invisible Children кои имаат за цел да го направат Џозеф Кони познат,но да не го слават, туку да се подигне поддршка за негово апсење и да се задоволи меѓународната правда.
    Погледнете го краткиот филм и се ќе ви стане јасно.Во него е прикажана сета слика, и кои се можните начини на помош!
    Нашиот глас треба да биде слушнат!
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На O.l.i.v.a, Gordana10, sweetyears и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    THIS WAR MUST END!
    We should stop him!!
     
    На LadyMarry и NightAir им се допаѓа ова.
  3. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
  4. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Ајде ајде нека напредува и кај нас, и ние сме силни! Немораме само да го твитнуваме, можеме и ние да бидеме дел од акцијата!
     
  5. PlaviOrkestar

    PlaviOrkestar Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    23

    Прикачени фајлови:

  6. Wild.Woman

    Wild.Woman Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Зачленете се во групата на фејсбук и прочитајте ги сите постови, посебно од Ана-Бела Јовческа и Кјара Голја :) Прочитајте се за тоа со флаерите, блузите итн.
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Се прашувам дали со гледање на еден краток филм навистина се станува јасно? Се прашувам дали ако ја погледнеме едната страна од паричката, ќе бидеме попаметни и објективни?

    Вчера ме напнаа на Фејсбук со видеото. Искрено. Баш водев подолг муабет со другар за сево ова, и се напнав, исто како што се напнав и сега кога се пријавив на Фејсбук и видов нови десетици „шерови“.
    Мене пропаганда и силен маркетинг како такви не ми ни пречат. И му се клањам на типот - одличен е во тоа што го прави, ширење пропаганда. Маркетингот му е доведен до совршенство. Успешен е. Малце повеќеми смета американскиот склон кон претерана театралност и маргинална патетика, ама тоа сум јас.
    Ама тоа што го прави организацијава потегнува илјадници други прашања.
    Ме нервира некој да го дистрибуира видеово и пропагира а да нема малтене поим што пропагира. Барем кај оние кај кои го видов, за половината ставам рака во оган дека ко прво, не ни имаат поим каде е Уганда а да не зборам за други битни факти.
    Дали луѓево знаат нешто за организацијава, како на пример тоа дека не е транспарентна затоа што одбила да дозволи аудит на нејзината дејност?
    Дали луѓево знаат дека освен Кони во Уганда постои и втора, владина армија која на ист ама сосема идентичен начин киднапира деца?
    Дали знаат на кој начин диктаторот кој е на власт - ја освоил истата?
    Дали луѓево знаат дека неодамна во Уганда е откриен уран и нафта? Да се надевам дека Американците делуваат не затоа што го знаат овој факт.
    Дали луѓево знаат колку пари коштаат сите работи кои се гледаат во видеото и колку од тие пари кои се заработени навистина одат на вистинското место? Дали третина. Велат официјалните бројки.

    У глобала, помагање е многу благородна дејност. Ако спасиш макар еден човечки живот си направил многу. Ама дај не го користи истиот за сопствена промоција и заработка.

    Сите тие кои направија „share“ на видеово а не потрошија малку повеќе време да прочитаат, да се информираат, да соберат аргументи за или против поддршка, што и да е, не се ништо поинакви од она малото плаво синче кое типот премногу го експонираше во сопственото видео, сопствената навидум глобална кампања.
    Некој ти кажуе - е вака стојат работите, и ти слепо викаш - да, да така е.

    Крај краева, можеби навистина Invisible Children се борат за добра ствар. Али ме нервира неосновано мислење и изразување поддршка. Слепо и непромислено.
    Колку деца можат да се спасат? На колку бездомници сме им дале навистина пари кога ни побарале, на сиромашни дечиња кои питаат секојдневно по улиците? Јас да признаам - не секогаш им помагам на сите кои некогаш ми побарале паричиња со нивната напатена натегната рака.
    И немам намера да имам фенси алкички и да давам за нив пари кои ќе одат во џебот на некои Американци кои можеби, можеби велам, нашле одличен начин за заработка. А колку деца навистина ќе бидат спасени, ќе видиме крај краева. Уганда и самово видео е сепак само еден мал врв од сантата лед.

    Темава како тема крај нема, и вчера се унесов у муабет и дебата. Ама едно знам, не давам поддршка и не дистрибуирам нечии идеи, само затоа што е тоа новата модерна ствар по социјалните мрежи.
     
    На d.i.n.a, Mamba-Jamba, calliope и 8 други им се допаѓа ова.
  8. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Да беше само овој ваков на светов
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Phyramide, ти го прифаќам мислењето и никој никого со сила не го тера оваа организација да „шерни“ и сл. но тој што сака, нема рацете да му паднат ако кликни еднаш или ако залепи налепница.Сепак постои надеж тие деца да се спаса, и ако за сите проблеми се организираат протести, активности и сл. многу подобро ќе се решаваат проблемите..тоа барем е мое мислење. Затоа, кој сака нека се вклучи во акцијата, а на кој не му одговара, нека не се ни замара со тоа што ќе дебатира ова она ;)
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не не, нормално дека никој никого не тера со сила. Не реков ништо такво. Ниту пак сакам да делувам ко нечуствително човече кое не го тангираат трагедии од големи размери.

    Само апелирам луѓето малку да размислуваат и пошироко, само тоа.

    Дебатирање не е замарање, зошто? Дебата отвара повеќе погледи на една те иста ствар ;)

    Јас конкретно нема да кликнам за поддршка. Зошто? Затоа што истава организација ја поддржува владината армија која на идентичен начин киднапира деца.
    Нема да кликнам поддршка затоа што мислам дека локално можам да делувам конкретно кај конкретни случаи многу повеќе отколку ако донирам пари на организација која ми е малку мутна, не знаејќи кај ќе отидат тие пари.
    Нема да кликнам поддршка затоа што иако идејата како идеја е одлична, не им е дотегната до крај.
    Не можеш со амерички или европски начин на размислување да веруваш дека ќе сториш нешто и вистински ќе промениш нешто во Уганда - во Африка. Еден „мал“ проблем - менталитет. И навистина огромна разлика на култури.
    Да не спомнувам дека ако навистина сакаа, досега Кони ќе го фатеа и толку, завршена работа. Не е тешко особено за држава ко Америка. Или па најми си некоја од приватните меѓународни армии кои реално постојат у Африка за тие пари кои си ги собрал и завршена работа.

    Ама тоа сум јас, другите како сакаат оставам на нив. Само сакам да верувам дека ако некој се ангажира за нешто вакво, го прави истото заради внатрешно убедување кое е засновано на вистински знаења и познавања, а не само по инерција да клика share или да искача на протести. Тоа ми е поентата, ништо повеќе :) И баш такви луѓе почитувам.

    И да, сакав да си искажам мислење на темава, освен другото. Толку :hai:
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Да греота е, ама не е само тој Кони или шта год и да е.
    Ако ги лепиме на тапет треба и сите модни дизајнери, сите модели итн да ги лепиме, зашто се облакаат со облека за која некое дете 20 часа на ден работело, и носат крвави дијаманти.
    Јас искрено колку што можев да сфатам ова е за деца присилени да бидат војници? :^)
    Еден куп вакви случаеви има низ светот, не само во Уганда(мислам дека ова е таму, не сум баш сигурна)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Греота,стварно,до каде стигна светот.Но не е само за овој Кони,ги има уште 1000000 други.Жалосно стварно... :( ;(
     
  13. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    А што мислите тој Кони сам е во ова?? А бе нека не ве залажува цела светска и посебно америчка багра. Се е тоа параван за нивните мафијашки канали на препродажби покрај оружје и дрога така и на бело робје и живи луѓе за воени цели. Светски заговори кои се толку провидни веќе.
     
    На nesa, softqueen и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  16. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    А можеби и повеќе не исполнува некои очекувања , па сега се знае што му следува ... :wasntme:
    Заслужува се што ќе го снајде , но тој е само мало парче во грдиот мозаик .
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Мене само не ми е јасно како можат другите држави веќе да се организираат а ние ништо да не правиме :?:
     
  18. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=JSSVEQp2DSU
    КОга го видов видеото се запрепастив,значи некои викаат дека сите пари за однации одат таму каде шт ни ние не знаеме
    ЈАс сакам да бидам дел од АКЦИЈАТА!Ама камо еден да беше вака 10000 деца СЕ КРАДЕЊЕИ УМИРААТ,СИЛУВААТ и др......
    ДА ГО ЗАПРЕМЕ ама прво да дознаеме што можеме ние да направиме овде во МК

    А иако е вистина човеков нека си го пази детето!
     
  19. JackBrasco

    JackBrasco Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    ^Арно е сето тоа што сакате да помогнете, ама не ви го разбирам ентузијазмот. И да го тргнат него, ќе се појави некој друг на негово место.
     
  20. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Nice tactic, Americans.
    Прво беше Бин Ладен, па беше и Гадафи, сега е Кони.
    Ова не е борба за невидливите деца, невидливи деца има насекаде по светот. Во Кина од памтивек се користи детска работна сила за изработка на Чајна шопинг продуктите кои ги има и кај нас. Насекаде деца од мали нозе работат, копаат, ги товарат како магариња, ги киднапираат за бело робје и детска порнографија, но никогаш не се нашол некој од моќниве да преземе толкава иницијатива како сега.
    Не впивајте ги работите онака како што се изложени. Едно 30 минутно видео и неговото споделување нема да ве направат социјални активисти, нема да помогнат никому. Посебно не ако целата информација за Кони ви доаѓа од токму тоа видео кое е одличен начин за перење мозок.
    Владата многу добро ги има истренирано медиумите да прават реалистични и срцепарателни приказни за „народот кој страда“, но секогаш има и друга страна на приказната.
    Сликовит пример:
    [​IMG]
    Е сега, ако размислиме outside the box, постои едно нешто што ги сврзува земјиве за кои Америка е толку „загрижена.“ Нафтата.
    Не дека не постојат(постоеле) ваквите ко Кони и дека не прават нешто штетно, туку истото е преувеличено до тој степен да ствара мозочна блокада притоа ширејќи општа паника меѓу народот правејќи ги ко кутренца да следат нешто за кое немаат доволно информации, ама битно да мислат дека помагаат. Народот се задоволува со титулата „Социјален интернет активист“ и мисли којзнае колкаво добро направил, а всушност помага на поголемиот тиранин.
    The truth is: Американците не ги заболе за дечињата кои ги собира Кони, не ги заболе да помогнат на народот кој „страдаше“ од диктаторството на Гадафи, ниту пак за тероризмот на Ладен кој наводно ги сруши близначките. Такви работи се случуваат и на други места. Но тие места остануваат незабележани бидејќи немаат нафта, а ним им е потребна таа нафта за да станат водечка сила. За престижот се работи, не за (не)мирот кој самите го ствараат.
    Ова е само уште една тактика за да пратат Американски војници во Уганда, а Кони им е само алиби.
    Останатото го знаеме. Ќе се заврши како и со претходниве двајца.
     
    На Bright и Mamba-Jamba им се допаѓа ова.