1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

КОНИ 2012 (KONY 2012)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од NightAir, 7 март 2012.

  1. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Сега го погледнав видеово, според мене алал да му е на човеков што го направил ова, што ете на некаков начин успеал да го изнесе ова на виделина, што има и ете некаква подршка од многу луѓе во светов. Добро е што барем уште некој се сетил дека треба да направи нешто добро.Без разлика дали е се е политичка работа и е прикриен на некаков начин, веројатно ќе се најде некој кој ќе го спречи човекот, бидејки секој почеток има крај.Не е само тие деца, секако дека има и уште еден куп во светов како нив, но некој мора да се сврти против тие луѓе, кои од едноставна причина присилуваат, убиваат и што уште не, прават зло некому без причина, а сметаат дека е тоа паметно и правилно, што е премногу очигледно дека истото тоа што го прават е погрешно.Друго е политката, која е моќна, но сосем друго е кога цел народ во светот ќе биде против истата, тогаш ништо живо нема да може да го спречи, само разликата е тоа што нема сила, поради некои други животни причини.Барем да има позитивно нешто во светот, преполн со негативна енергија.Човекот има право на избор, така што на него останува да одлучи дали ќе прави добри работи или лоши, секој сака убави нешта, но треба да се потруди истите да постојат и опстојат.А само на тој начин нема да има ништо од ова што се случува.Тоа е вечна борба.Сериозно незнам како може да биде убаво да се уништува некого од онака, ради релаксација.Светот е убаво место за живеење, само човек треба да придонесе во тоа за да биде уште поубав.
     
  3. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Светот не е убаво место за живеење туку покрај тоа што врие од психопати, врие и од лични интереси поради што и не може да се унапредува до таа точка како што фантазираат некои. И не е тоа ништо ново или чудно, така било, така и ќе биде.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Може да се унапредува, само ако човек сака, не е работата за фантазирање, туку реално да се согледаат работите, а нема да може да се промени, се додека не се направи нешто подобро и поинакво.Како може да се очекува нешто да се спречи, кога за истото не се преземаат соодветни мерки? Се согласувам за тоа што велиш дека поради тоа не може да се унапредува до таа точка, но потребно е и да се гледа и од позитивната страна, иначе ако не се стори ништо, нормално дека ќе си продолжи ова на ист начин.
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Еве што има да каже самиот Кони за целата работа...

    http://www.youtube.com/watch?v=E_W7hQVfkwA

    Типот вели дека се борел за десетте божји заповеди, интересно како тој и тие околу него не ја воочуваат заповедта „Не убивај!„ :| Додуша и самиот вели дека не е Бог тој кој му дава упатства туку разни духови. Очигледно типов е запоседнат... Но и оние кои се борат против него не се ништо подобри, и двајцата убиваат и регрутираат деца.
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    На angelce1 и daylight им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Еден од авторите на видеото е притворен од полицијата бидејќи по гаќи трчал низ улица, удирал тупаници по бандери, и го попречувал сообраќајот. Море кони да не му фрлил некоја африканска бунга-вунга-гугулунга клетва и чоекот полудел... :o :lol: