Сакам да купам Перика за први април (да не биде многу скапа) најмногу до 500 денари,ако може да ми кажете каде да најдам? Фала многу однапред! *Забелешка: тука во оваа тема може да се споделуваат и мислења во однос на перики од природно влакно.
Каде да купам Перика? Не сум видел во ТИНЕКС до сега... Порано имаше во некои кинески продавници,но нема повеќе...
Каде да купам Перика? Џамбо можеби, Вучко, пред 1 ви април има и на пазар, а ако сакаш убава перика има во Фан ди Каро во Буњаковец ама тие се скапи. Ама почекај уште не е извадена таа роба за карневали има уште цел месец
Каде да купам Перика? Да во Вучко пред 1ви април имаш најголем избор на перики, во сите бои и должини ептен се интересни, а во Фан ди Каро има многу мал избор и сите се обични не се за маскирање.
Каде да купам Перика? Добро, можеби дека овде се спрема карневал, затоа има во Тинекс различни перики.
А какви беа тие перики во ТИНЕКС? Убави,или онакви за карневал (РОЗЕВИ,ЦРВЕНИ и др.) ? Ја сакам некоја плава со шишки... Како Патриција од НЕДАЈ СЕ НИНА
Има секакви, еднобојни, шарени, виткани, прави... Секакви. А баш им ја погледнав цената, беа околу 70 денари. Исто и маските за лице беа толку.
Не верувам дека во ТИНЕКС Скопје има перики тогаш.... Штета... Да се надевам дека ќе најдам на друго место...Ако некој знае нека пише! Поздрав!
Јас кога бев во ФАН ДИ КАРО ,немаше добар избор... Сите беа кратки и ТАПА беа. И башка многу скапи беа...
Во кое Фан ди Каро си гледал? Јас мислев на тоа во Буњаковец, почесто поминувам и ги гледав, баш видов дека има плави долги и со шишки како што бараш, а за скапи скапи се.
Лани сестра ми купи зелена со рогови од Бисер-стариот дел има една продавница за такви работи,а има и во други бои,ама не знам дали се извадени сега.
И јас глеав во Буњаковец... ама не би дал толку пари за перика... Како и да е ,сигурно ќе најдам во некоја кинеска продавница,бидејки 1 перика имам купено од кинеска,и многу беше евтина,околу 250 денари ја купив. Едвај чекам да дојде први април!
јас минатата година купив плава долга со шишки од вучко и не беше скапа....е сеа беше многу светла баш плава ама имаше и потемна како на патриција само беше 1/2 цм пократка....секоја година има во вучко види таму.....знам таму има зелени , розеви со кики , со плетенки ама има и убави имаше и црни и права и витјана , а и една кафеава со локни...
martin imas vo edna prodavnica na bitpazar odma do 26 juli za bizuterija e toa i bas denes vidov okolu 500 den bea.a imas i poevtini neso kako repce i takvi stvari po 200 den tie bea.ama dobri seodi pa vidi
Луѓе во Вучко имаат перики ама сите се како за на МАСКЕМБАЛ,а мене ми треба по реална...и рекоа дека нема да имаат нови... Дај помогнете ми каде да најдам ! Фала многу... Цело скопје пребарав,и неможев да најдам убава перика... На бит пазар кај што бев целата беше раскубана и 600 денари беше...