алал да ти е...потполно се согласувам со тебе...јас сум во врска 1 ипол год и не сум го изневерила...според мене тоа е многу глупа работа...ако нешто ти фали во врската треба да зборуваш со него а не одма да одиш да го бараш тоа во други(но нелогично е и таа причина за изневерување бидејки ако некој ти е битен и ако го сакаш нема по правата караница,неусогласеност и слично да одиш и да бараш причина да го изневериш туку ке пробаш тоа да го решите)...сакам да кажам ако несакаш нема да го изневериш(никој неможе да те натера на тоа),а ако не само ке бараш причина тоа да го направиш и потоа ке се оправдуваш со еден куп глупи објаснувања...а и да го спомнам оваа(прочитав слично некаде понагоре)многу мразам коа ке ми се приближи некој идиот и ке почне да замара дека не сум сакала да бидам со него зошто сум имала дечко,па тој немал од кај да дознае и сум била неизживена со тоа што сум мислела дека тој ми е верен и дека верност во денешно време не постои......пфффф свашта
Па и да ви кажам дека има,иначе и ние немаше да издржиме толку.Не мора да значи дека сите се како другите,демек морало да се изневерва и глупости.Ако ти е до изневервање,раскини и прај шо сакаш,а не позади грб да изведваш. Јас не сум го изневерила,еве веќе повеќе од 4 год. сме заедно,не ни сакам,јас неќам ни да помислам да бидам со друг,гадно ми е,си го сакам него и неќам други,шо фајде да да го изневерам? Убаво ми е со него,си се почитуваме,сакаме,разбираме,со односите сме супер,нема потреба да го изневерам или сменам,мислам,неќам! А и тоа значи дека не го сакаш веќе. Ти пр. 18-20 год си чекала,си издржала,сега не можи демек да се издржи,да го почекаш ако е далеку...А за тие шо се блиску и изневеруваат,то веќе не е врска,тие не се сакаат,или барем едниот од нив не го сака другиот. Дај опамете се,мода било,ами како да не,шо па мора модерна демек да бидиш? Терај си по свое и готово,светот шо сака нека прај.Утре ден тие шо солат памет нема да дојдат да те тешат ако се скараш или го изгубиш,или да ви даваат совети да си верувате повторно,тука сами си правите. И како шо рекле
Секако дека ја има, можеби ретко, но за тие што поозбилно си ја сфаќаат врската и сакаат да ја задржат саканата личност кај нив сигурно ја има.
Да ја има али многу ретко за жал,јас идам долго време со дечко ми и никогаш не сум ни помислила на друг а не па да го изневерам,а и 100% сум сигурна дека и он мене зашто во сите овие години ми докажал дека ме сака на безброј начини и дека можам да му верувам
Верноста денес отиде во гаќите . Интересен е факт дека луѓето не си веруваат ни на својот сопствен газ па на крај ќе се даде заклучок е општеството ни е криво - демократија сакаме . Да да да демократија и во кревет. Убава алатка на денешницата ако сакаш нешто да добиеш а што??? Колку си зрел и умен на мајка толку и ќе веруваш во ,,верноста,,. Секоја чест на исклучоците, ги има и нив
Ovaa nasa demokratija ne odnese vo vreme kade za lugjeto ne postojat moralni vrednosti,sve je propalo [mod-kirilica:noy3bkrg][/mod-kirilica:noy3bkrg]
Точно дека моралните вредности се сведоа на минимум,ама гледано во глобала,каде секако има исклучоци и правилото не важи за сите.Јас велам дека ја има верноста.Не велам,туку тврдам.Секако не кај сите,но не се сите НЕВЕРНИ .Не мора по дифолт сите да се ставаат во ист ќош,бесмислено е.Сеуште постојат луѓе кои се верни и кои ја ценат личноста со која се.Ете јас го немам изневерено дечко ми.8 години сме заедно.А можности и да сум немала,сум можела да најдам нели,ако сум сакала.Зошто во овие 8години секако дека имало и дози на монотоност.И што,сум требала да одам со друг да ми стане нешто интересно,да погазам се што сторил за мене и се што сме граделе заедно.Не фала.Нити тој би сторил такво нешто.Му верувам и знам. Поубаво да се дистанцираш од партнерот па да видиш утре што како,него да се правдаш дека станало се монотоно,без везе,по навика.Ако е така,тогаш ја снемало љубовта.Партнерот има право да го знае тоа,а не да го правиш мајмун,сите да знаат само тој ,таа не.Каде е почитта бе,па дури и да не ја сакаш веќе особата со која си во врска ,брак. Сум гледала примери во мојата опкружувачка средина.Одат 10 години од кои 5 е со друг-а.Не,не ми е јасно А вистината се дознава секогаш.Не сум осетила,но знам дека многу боли неверство,и самата помисла на тоа ми го стега срцето,а не пак да доживеам. Ако вие самите не се цените и да паѓата ниско-зошто неверството е најниска работа ,нема зошто да се правдате-такво време дојде или што ти знам. И по стотти пат-Не прави им го на другите она што не сакаш тебе да ти го прават
Во добар дел од машкиот свет следново е несватливо и quite possibly би било ставено под категорија на САТАНИЗАМ но, еве ЕлеМенталов тука никогаш не варал. Првото што ќе ви дојде на памет е никогаш да не велам никогаш, но јас навистина не би можел такво нешто... Добро бе, како ќе ја погледнам во очи? Како ќе треба да ги издржам прегратките, бакнежите и сета радост што ќе ја гледам на нејзиното лице кога ќе се видиме или гласчето кога ќе и се јавам... Да знам дека сум продал такво богатство за 15 минути размена на плунка? Да повредам девојка што ме обожава за некоја на која би и бил минливо ќејфче за една-две вечери? Да, јас процесот на варање го сведов на ова болдираното. Кој сака да ме смета за чуден, нема ме смета. Грижа за туѓо мислење ми е непознат концепт. Пуцајте. Кога има проблеми во врската, јас не молчам! Јас разговарам и поддржувам било каква акција која ќе ги подобри околностите. Не ќутам незадоволен за после ова варањето брат, да не ми се гледа како толку лоша идеја... Точно, јас сум би изневерувам, повеќекратно. И научив дека тоа не се простува. Научив дека ако го нудиш, тогаш е фер и да го очекуваш. Но нема да губам верба. И да ви одговорам...верност постои. До толку е резретчена што никој не може суди ако луѓето веруваат дека ја нема, но еве..тука ја има. И верувам не сум единствен.
Верноста навистина постои. Но се зависи од карактерот на личноста. Тие што изневеруваат не се сигурни во себе и во своите одлуки. Незнаат што сакаат. Јас никогаш не сум изневерила но неможам да кажам дека никогаш нема да изневерам. Сепак, незнам што ме чека понатаму во животот. Но сметам дека нема да го сторам тоа бидејќи не го оправдувам, воопшто. Кога си се решил за сериозна врска, треба сериозно да го сфатиш тоа.
Vernost..ma kakva vernost bre luge,21-vi vek e koj e veren denes! -(e na ova ke naidete sekogas koga ke ja spomnete vernosta) No,spored mene za nekoj da vi bide veren treba da bidete i vie,za da dobiete od nekoj nesto sto sakate mora i vie da mu go dadete toa.Denes izgleda se se izmesa i iako se trudite da mu bidete verna devojka/veren decko toj/taa ne moze da sedi na edno mesto i mora gazot da i/mu seta od vreme na vreme.Za vakvite raboti i zosto e toa taka moze da polemizirame do utre,no nie edinstveno mozeme bezrezervno da sakame nekoj,iskreno dokolku mislime deka vredi za toa...i da zgresime vo procenkata nema potreba da zalime.Ako nekoj ne izneveril ni pokazal deka ne e za nas i deka nesto podobro ne ceka vo ovoj svet.Zatoa sto da bideme iskreni,sekoj od nas i da prosti neverstvo nikoj poveke nema da stekne doverba vo partnerot,a so toa vrskata ni e osudena na propast.
Под верност подразбирам :- ПРЕДАВАЊЕ НА ЕДНА ЛИЧНОСТ СО ЦЕЛА ДУША И ТЕЛО !!!!!! И знам дека има верни луѓе, јас никогаш не би се осудила да го изневерам мојот дечко, бидејќи знам колку тој ме сака, а колку и јас него го сакам, до душа неможам ни да замислам да отидам со некој само за една вечер, и да уништам се што сум градела долго време, да заборавам, што се сме поминале ние двајцата заедно..... не нема шанси !!! Што би имал другиот, а што нема твојата друга половина !? Според мене мислам дека, кога ќе се јави онаа потреба за некој друг, најдобро е да се седне во очи да се расчисти, и потоа да се замине. Јас лично така би направила (а недај боже да се најдам во таква ситуација) Во животото кога треба да направам нешто најчесто размислувам КАКО БИ МИ БИЛО МЕНЕ КОГА НЕКОЈ БИ ГО НАПРАВИЛ ТОА ШТО ЈАС НЕ ГО САКАМ !? Па затоа секогаш кога треба да прејдам на дело, без разлика какво е , помислувам на тоа, а знам дека реткост се луѓето кои мислаат добро на некој друг. Никогаш не сум ги сакала луќето кои изневеруваат, едноставно сликата за нив во исти момент ми се менува, кога имаат нешто добро кај себе зошто прават да го изгубат!? Ама нели, секој си дели свое мислење па, ние сме должни тоа да го почитуваме иако немаме исти мислења
Не би сакала јас да сум таа што ќе ти го соопшти ова но коментаров ми беше.....(ај да не претерам) Секс. Многу битна ствар у врска, може и најбитна. Да идам 2 години со некој и да немам секс, па јас ќе се самоубијам. Милион посто сум сигурна дека дечко ти те вара, што е и нормално ако не добива се што му треба од тебе. И ај сфаќам мала си, сакаш да почекаш ова она, на сите ни се дешава истото у првата врска, ама 2 години, што е многу, многу е.
Симонче,душо,и го делам истото мислење,машко да издржи без секс две години,нема теоретска шанса.Знам дека можеби сакаш да почекаш за односи,но факт е дека машките не можат без секс.Секоја чест ако твојот дечко е исклучок . Имаш уште многу да учиш за машките.Но ,многу ми се допаѓа твоето размислување за верноста. И јас сакам верност,и секогаш бев верна,само на сегашниот го изневерив (само бакнежи со момче со кое се смував ).Фала му на Бога,тој никогаш не дозна за тоа и се срамев и плачев тој ден,и никогаш повеќе не ми се повтори,и нема да ми се повтори. Најтрагично ми беше што ме изневери првиот дечко,мојата најголема љубов ,премногу го сакав ,но сепак успеав да ставам крај.Но не е фер да те повреди баш личноста која ти значи повеќе од било што на светот . Уште нешто,за неверноста е крива само Америка,таа дава лош пример на младите.Ми се гади кога читам за one night stand,fuck body . Се прашувам зошто Бог ни дал разум,ако не можеме да го употребуваме
За тие што изневеруваат... Што им е поентата да ја лажат личноста со која се во врска. Навистина нема смисла, сака едно, ама и друго. Нека се одлучи за еден и крај. Не сум имала ваква ситуација ама познавам многу луѓе кои биле во истата, и како што кажавте, уште како да се фалат со тоа што лажеле некого, од моја стрена воопшто не е пријатно слушајки ги а камо ли да се најдам во некоја таква афера