1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде отиде верноста денеска и дали воопшто ја има?

Дискусија во 'Врски' започната од eleni23, 21 февруари 2010.

  1. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Секако дека има верност. Еве јас на пр. иако природно ми е да флертувам, кога сум со некој сум верна , ама ептен... Само верноста е нешто што се заслужува или не.... :)
    И верувам дека секој ако сака може да биде верен, се е прашање на поврзаноста..
     
  2. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    . :$ ....Верноста е ретка лична особина која е вродена....не се учи и не се стекнува со време...
    ...ако си верен,пред себе си покажуваш дека знаеш д а сакаш,почитуваш,не лажеш,се чуствуваш исполнето и среќно.... :$
    ..према сопатникот....исто....го сакаш и почитуваш,го правиш среќен и исполнет....
    ...взаемна среќа.......... :*

    . :devil: ....неверноста ја има доста и насекаде....со тоа се докажува колку сме глупави и лесно да подлегнеме на некое намерно или ненамерно искушение и да изгубиме личност која би дала се за нас..
    .неверноста е лага,не сакање,не почит......
    ......взаемна несреќа.......... :devil:
     
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mногу е лесно да се одговори на ова прашање.Верноста отиде по :devil: и речиси ја нема.
    Па од овој заклучок произлегуваат многу прашања.
    Зошто е тоа така?
    Затоа што се ретки моралните вредности.Затоа што луѓето мислејќи повеќе на други луѓе не се изградуваат себеси.Затоа што добата на компјутери , ја наруши приватноста и блискоста меѓу луѓето.
    Затоа што речиси и нема среќни семејства.Затоа што повеќето мислат дека неверството е на мода, дека е современо и неизбежно .Но грешат. :!:
    Пред се Затоа што луѓето се оддалечија од Бог.

    Тргнувајќи од себе, морам да кажам дека има луѓе кои ќе ви предложат неверство, не затоа што ве посакуваат, не затоа што сте им дале повод за тоа,туку зошто ви љубоморат што сте цврсто изградена личност, која стои цврсто зад ставот дека бракот и семејството се светост, посебно ако Бог ве благословил со деца.Едноставно сакаат да ви ја одземат честа која во денешните времиња нема цена.
    И да се дополнам, за крај.За да ви ја расипат врската или бракот.
     
    На DELFIN-15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Да, има верност денеска, зошто да нема? Има верност исто толку колку што има и изневерени.

    Тоа што денеска има изневерување не значи дека е заради модерното време, тоа секогаш го имало. Мислите пред 50 години не изневерувале? Ахам, да, божем ние го измисливме тоа денеска. Тоа отсекогаш го имало, само денеска не е срамота да се разведеш заради оваа причина или пак да растуриш 5, 6 годишна врска како пред 60 години. Тогаш било срамота да се разведеш, посебно за жените, па си ќутеле и си траеле. А не дека немало неверства или па тие луѓе тогаш биле нешто којзнае што посебно поштени. Единствена разлика денеска е што малку подостапно ни е сето тоа преку социјалниве мрежи ама тоа и да го нема кој си е таков, таков ќе си биде, а кој не е и 100 социјални мрежи да измислат пак нема да изневери. Работата е што треба да се отвараат очи. Според мене неверството е начин на живот и воспитување. Таквата личност пред се' лаже и мавта не само девојка/дечко туку тоа ќе го забележите и за другари/ки, колеги, на работно место, секаде... Едноставно таков им е начинот на живот. Ќе забележите дека често гледаат да излажат некого и тоа доста вешто го прават. Штом така прават со другите луѓе многу веројатно е и вас да ве изневерат зашто за нив тоа не претставува којзнае што и немаат грижа на совест. Едноставно тоа како да им е во крвта, што викаат во днк.

    Како и да е, треба да знаете каква личност имате до себе и треба да знаете од какво семејство потекнува истата личност. Зашто колку и да велиме дека тоа не е битно, според мене и тоа како е битно, едноставно така функционираме ние луѓето. Психата е интересна работа, детето е огледало на родителите, тоа што родителите го правеле истото ќе го прави и детето, зашто добива претстава дека така треба. Затоа имаме многу случаеви каде деца што потекнуваат од семејства каде што имало семејно насилство, потоа тие истото го прават кога ќе пораснат. И тоа е докажано. Неверството не е само момент на слабост има тука многу, многу позади тоа па за да дојде до него, само треба да знаете да препознаете.

    А верноста ја има, секако дека ја има и тоа многу. Во мојата околина никој никого не изневерил. Барем јас тоа што знам и гледам. Моите родители никогаш не се изневериле, мене никогаш не ме изневериле, јас не сум изневерила, најдобрата другарка никогаш не изневерила, сестра ми никогаш не изневерила, сите роднини што ги имам имаат одлични бракови и не изневеруваат, сега некој би рекол е од кај знаеш, ама верувајте дека тоа се знае, само тие што се изневерени последни дознаваат, а сите други знаат и тоа се забележува. Така што не знам зошто мислите дека нема верност, секако дека има само треба да знаете од кого ја барате, зашто не секој може да ви ја даде. :)
     
    На Madam-A, supertoasty и LaraSolare им се допаѓа ова.
  5. Carolinne

    Carolinne Нов член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Не сме извадиле мода точно, отсекогаш имало изневерувања...ама денес некако позачестено е... луѓето премногу си дозволуваат...
    Во секој случај постојат и исклучоци, секоја чест..... ама мислам се потешко е да најдеш верност, искреност....човечност.
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    За да очекуваме верност треба да знаеме да бидеме верни.
    Верноста е особина што е дел од нашите гени.Тоа не е нешто што се учи или стекнува,туку се развива со нашата свест за моралност и човечка доблест.Ретки се оние кои се почитуваат меѓу себе и живеат во љубовна хармонија.
     
  7. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Ја има , ја има , само тоа што голем процент од жените решаваат да останат со секакви кретени и да поминуваат низ секакви глупости ,па после темите се полни со приказни за неверство е друга работа . Некогаш можеш и да прекинеш пред да бидеш изневерен кога не функционира , ама ретко кој се одлучува на тоа . Секој спие на тоа уво дека е само период и ќе помине . Инаку на почетокот ги спомнав жените бидејки се попопустливи , далеку од тоа дека ова не важи и за мажите . Прво за да ти се врати со верност не треба да си верен само во последната врска , туку да веруваш во верноста како вредност , како идеал во сите сфери на животот , вклучувајки ги најблиските , пријателите па и партнерот се разбира . Не може некој што изневерувал во последните 3 врски да очекува дека во 4та та ако решил да биде сериозен и да оди до крај дека нема да му се врати за се што правел. Дека е ретка е ретка , ама од секогаш биле ретки доблесните луѓе , па не може секој да биде голем човек и да одолее на искушенијата.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ете на пример јас поранешниот дечко најискрено многу си го сакав и неможев да си замислам да отидам со некој друг значи незамисливо. Мој совет ви е ако некој друг ви се допаѓа место да изневерувате, раксинете бидете со кој сакате. Ако еднаш изневерите, ќе изневерите пак. А со неверството ги губиме личности кои не сакат, а најчесто по кратко време дознаваме колку и ние сме ги сакале. :)
     
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Додека сте во врска правете што сакате бирајте, мењавајте, изневерувајте ваше е право на избор со кого ќе го поминете остатокот од својот живот.
    Најдете го вашиот совршен човек и кога ќе се омажите - крај. Ставете точка на се не треба ни да помислите на некој друг а камоли да изневерите.
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    8.292
    Пол:
    Женски
    Абре не врши прељуба е да си со еден човек духовно и телесно цел живот,а не на кој како му одговара ;)
    Баш оние кои наводно сакаат се да изживеат се нај неверни,како и да е секој со своето право на избор и последици во животот.
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    ^ Не се согласувам. Ако некој не бил во твојот живот за време на твоето минато, нема право да бара такво нешто од тебе. Особено ако ниту тој не практикувал целибат. Не значи дека сум му неверна на маж ми затоа што сум имала минато. Сите ја бараме љубовта во нашиот живот. Не сме совршени, некогаш ќе се излажеме, ќе мислиме дека сме ја нашле, aма ...

    Замисли ситуација. Жена се чувала за маж и` и му се дала и на денот на свадбата му текнуе на момаков дека не се наоѓа во таа приказна и стануе младоженец бегалка од сопствената свадба. Значи тоа дека женава е неверна на следниот? Станува иста како онаа која се меша во туѓ брак на пример? Нема право на среќа само затоа што сакала некогаш? Работиве не се црно-бело. Кога некому ќе ветиш пред законот и пред Бога дека ќе му бидеш верна, секое скршнување од тоа ветување е неверство.
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    8.292
    Пол:
    Женски
    Мислев од религиска гледна точка Tеси ,и тоа важи и за мажите и за жените,невини до брак.A не кај нас оп се фаќаат за невиноста на девојката,малограѓанска работа |( ,а мажето што да прави се оправдува.
    Туку,се согласувам за се останато,што да правиш ,љубов си е љубов,а сите имаме право на среќа :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Па во право си за терминот „верност“ колку е доволен да се опише тој однос во брак. Јас го сметам за цел сет од особини покрај верноста: лојалност, должност, грижа кон другиот, љубов...

    И јас сум многу сум против тоа што се фаќаат за невиноста на девојката. „Кога ќе може да се примети невиноста на мажот, тогаш ќе дискутираме“ им велам на таквите. :D
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NewBeginning

    NewBeginning Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    23
    Верност има и ќе има. Бев во врска во која верноста никогаш не беше дискутабилна за двете страни. Се додека има почит (пред се) и љубов, ќе има и верност. Дури и не мора да е некоја огромна љубов, почит меѓу партнерите е тоа што ги спречува да го понижат и повредат партнерот на таков начин. А луѓе што изневеруваат отсекогаш биле такви, разликата е дали сте ги приметиле порано или подоцна.
     
  15. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Постои верност секако, но денес е вистинска реткост за жал.
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не дека не постои, ама да бидеме реални сведоци сме на се повеќе растурени долги врски и бракови , под изговор дека се изладиле односите, се замешала трета личност , и од што е се тоа? од тоа што си сакаат одредени личности да шараат со очите, да имаат дома сопруга која ги чека покрај топло огниште заедно со децата, а сопругот лудува некаде низ град со девојката колку иронично за жал. Генерално кажав за мажите ама нели не се само тие виновни , мора да има и неверни жени за да дојде до взаемно дејство :D сведок сум на една жална ситуација , маж околу 40 год со сопруга и 3 деца, јавно си одржува врска со неомажена девојка веќе 8-9 год, колку жално за неговата сопруга. Ама заборавив 21 век сме, модерно опшеството ни е, срамота е да немаш во исто време и дечко и сопруг , и сопруга и девојка. Ова дечко девојка ми е модерен израз за шваЉерка :o
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.543
    Пол:
    Женски
    Ја има само што не веруваме дека ја има. Денес најчесто знаеме дека се изневерува насекаде и од толку многу изневерувачи не веруваме дека има некој чесен и верен. Но има.
     
  18. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Секоја генерација вели дека претходно било поинаку и подобро но секоја генерација и време си има свои добри и лоши страни.
    Секако дека во минатото постоела поголема верност меѓу партнерите, но не поради тоа што тие биле поинакви туку затоа што тогаш предизвиците биле помали. Сега светот е толку отиден напред што виртуелно можеш да го изневериш со некој кој е на крајот на светот. Еве и ова е едно од тие лоши нешта кои придонесуваат за неверството на пример: Ќе ви пише некој збор по збор, некој комплимент,убав збор и ете ти неверство. Додека порано луѓето имале контакт со луѓето околу и толку, додека сега сиот свет ви е на дланка и шансите да ве изневерат или изневерите се огромни. Значи не се сменети луѓето туку сменети се работите околу нив а лугето по природа се љубопитни.
     
    На Rama и kim.k им се допаѓа ова.
  19. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    За жал верноста е се помала и помала.
    Секоја чест на луѓето што се верни и се во врска и брак.
     
  20. Twigs

    Twigs Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Нема верност! Дал во мисли дал со допишувања само дали со физички контакт, се вара, се вара гуд
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.