Mojot post ne veruvam deka ke go razberat nitu ke me podrzat..No jas se omaziv i ostaviv se za da bidam so soprugot,negovite ne me sakaa ne mi dozvolija da nosam vencanica nitu me video trudna..toj se kriese i odese kaj niv posto ziveevme razdelno..me sakase mnogu mozebi i sega ne znam...se izboriv da bidam so nego dobivme dete posle moeto poroduvanje negovite me prifatija zaradi deteto ne pomisluvav da go izbeveram nikogash mi vo sin i Po kaj se...posle 3 meseca Po poragojot toj se opi i me udarase pred deteto me maltretirase i tepase koga ke se gledase so majka mu ...jas bev zdrav devojka a sega psihicki ne sum dobro od seto toa sto mi go napravia...brakot mi visse na konec no pak ostanav...nekolku meseci pak me maltretiraase me plukna vo lice..me ostavi sama so malata zamina vi stranstvo poradi obvrski..mi go otvoriv profilot gi baral negovite bivshi pak karanici..znaci velam ne pomisluvav na neveratvo nikako..poradi raabota morav da bidam vo stranstvo 3 meseca za da mu gi spremam dojumentite bev sama ima komplimenti i dodvoruvanja ne prifativ i mi bese seto smesno jas sum vo brak i umam dete...No izgledam zgodna kako i sekogas...sto sr slucuva doaga toj kaj mene kaj sto se selime komsijata koga go vidov ne znam zosto mi letnaa pepefutki vo stomak i si velev co si sum moze da mi se doaga nikoj.. se zepaznavme toj cesto doagase kaj jas Imas devojka znaes deka sum mazena i mnogu bevme bliski..sto vo mene rastese nesto koe bese posilno od mene...Edna veder bev sama i toj dojde go svativ deka toj saka da bide so mene i se sluci toa..No maz mi ne go zapistaviv mu ja davam lijubovta kako porano kako i den demek znae da mi krene raka..da me doznae nema da sum ziva poveke.. zborot3mi e toa sto nekogas e posilno od Vas...I nikigas nema da go napravam toa so drug...zatoa sto Samo komsijata mi kaze od bog sum praten pred da me bakne...26/25 sme skoro vesnaci..
Едвај прочитав што си пишувала. Ама едно, многу добро го разбрав, маж ти те напаѓа физички. Остави го, под итно. Нема оправдување за физички напад. Точка.
Има, кога ќе ја запознаеш љубовта на твојот живот. Кога си посреќен од било кога, не ни помислуваш на некој друг. Вараат оние кои се осеќаат несреќни, запоставени, но и оние кои едноставно сакаат да го прават тоа за к.р ќејш... Не оправдувам неверство, не знам ни како би израгирала ако дм не дај боже ме изневери. Нејќам ни да помислам на тоа... Ама ако осеќа дека меѓу нас ништо не е исто, а помислува на друга... Може е подобро да ми го каже тоа и секој да тргне по својот пат. Повеќе би ценела искреност и почит за ненабивање рогови, отколку да ме прави слепа при очи.
Тргнувајќи по мене, и оние што сум ги запознала, ретко кој не изневерува, ама на прсти се бројат. Најчесто е случај да секој човек, барем еднаш изневери. А што мислам за тоа? На луѓето им фали искреност! Не зборуваат со партнерите отворено, се кријат ако сакаат или мислат нешто... Доколку би биле искрени сите со своите партнери, мислам дека нема да има толку изневерување.
Не е до верноста - до љубовта е. Ако ве сака ќе биде верен/а. Љубов нема,а со неа и верноста ја нема.
Постои, ја има. Според мене, верноста не треба да се сфаќа како задолжение или како затвор! Ако е така, подобро е да бараме нов партнер/партнерка. Желбата за верност доаѓа одвнатре и не е обврска.
Naidov na edn post ne znam kaj bese pred nekoe vreme vo koj velese " Sekogas koga ke te izneveri toj ke te saka malku poveke no ti nego malku pomalku" Zgora na se "izneveruvacot" ima 350% da go povtori izneveruvanjeto,taka sto istoto ne treba da se prosti.Spored mene ama kako sto gi gledam vrskive se poveke mi izgledaat kako trka vo nadlazuvanje ili izneveri ili bidi izneveren. Taka sto I get you.
Неверството како да станува некој нов тренд... Ни во врска не би простила, а не пак во брак. Да делам иста постела со некого, да му готвам, да се грижам за некого, да му раѓам деца, а тој со некоја си таму да си се лади??? Хахаха, око нема да ми трепне, макар на улица останала!
Токму ова е и причината зошто голем дел од изневерените жени остануваат со изневерувачот. Имаш деца, дознаваш дека тој те изневерува(л), нема кај да одиш а не сакаш децата да си ги оставиш... Ќе ги земеш на улица да живеете заедно? Не би рекла баш... Инаку на темава убедена сум дека има верност, ако 2 личности се пронајдат во вистинско време ..
Многу цврсто настапувате сите: “Да ме изневери, заминувам.“ Низ годините научив дека не можеш да знаеш што се' ќе те натера животот да 'проголташ'. Речете: “Само скраја да е. Да не дај Боже да дознаам што би правела ако сум изневерена.“
Верувањето или не во верност или било што , е индивидуална работа.Јас искрено побргу ќе поверувам пак во Дедо Мраз отколку во тоа дека некој може да ми биде верен во текот на цел живот. Мислам во 21 век кога можностите за изневерување се насекаде, поточно ги носите во џеб во вид на мобилен, и кога истата е толерирана, еве вака како што пишувате погоре, ако не и посакувана , илузорно е , па и наивно донекаде да верувате во нечија верност. А што се однесува до тоа дали треба да се остане во брак после тоа , не верувам.Која е поентата да заспивате секоја ноќ покрај некој што така ве изневерил и понижил? одите против себе и им давате лажна идеја на вашите деца, посебно ќерки.Зборувам како некој кој не е во брак и објективно ја гледа работата .Секако одвнатре работите се поинакви. Имам примери кои откриле неверство и заминале и покрај дете и се, и такви кои останале.На првите потајно им се восхитувам а вторите сакам да ги протресам да се разбудат.
А ти? Можеш да поверуваш дека би била верна цел живот? И ти можноста за изневерување ја носиш во џеб.
има верност секако, но се зголеми трендот на варање Познавам 6 случаеви каде мажите ги фатија нивните жени со шваљерите и не се разведоа, си ги држат уште дома им "распуштениците" " Денешниве мажи се муљиња
Еве неколку сценарија: 1. Разбирање во смисла, ок нека оди со друг, и ја со друга се гледав или гледам, нека биде среќна само. 2. Навика, страв од разводи и од други дополнителни проблеми и итн. 3. Останување во брак за децата, што ќе кажат другите. Исто од примерот на @WildMk, можеби се договорени и знаат шо прават и двајцата, ние не би знаеле нели?