ако некој дошол до тој степен подобро да се разведат него така да се бламираат, и тие состојби не можат да се наречи брак
Сите прво тргнуваат од себе и јас така тргнувајќи од себе верувам дека и денеска постојат личности што се верни и тоа се зависи до личноста каква е и како гледа на работите. Да се биде верен денес е голема реткост, но постои.
Ретко е, ама постои денеска верност. Глуп ми е изговорот дека било 21век и сите со мобилни во раце, па верност нема, изговор е најлесен секогаш. Се зависи од личноста каква е. Можам да тргнам од себе првин, постои верност.
Кога ќе имате 70-80 години, тогаш одговорете си сами на себе колку од вас останале верни цел живот. До тогаш... ништо не се знае.
Верност во брак не постои! Ако мажот или жената отидат со Друг/Друга тогаш тоа мора да има причина зошто ниту една жена и ниту еден маж не изневеруваат заошто така сакале. Проблемите во бракот го прават тоа. Постои верност но многу ретко... Јас ни самата себе не можам да си кажам дека сум верна.
Како прво проблемите никогаш не може да се решат со неверство, туку со отворен разговор. Како второ има многу парови што немаат проблеми (како би рекла ти причина за неверство), а сепак мажот/жената изневерува. Затоа што не им седи мирен газот и сакаат сексуални авантури и покрај тоа што дома им е сè совршено. Ама очигледно мирен живот не им се живее. Епа не требало да се женат/мажат ако не можат да бидат верни. Не ми треба да чекам кога ќе имам 70-80 години за да си одговорам колку сум останала верна во животот. Добро се познавам себе си и на 20+ години и точно знам што нема да направам никогаш во животот, а една од тие работи е дека никогаш не би забила нож во грб на партнерот кој ме сака, почитува, ми верува. Ако нешто не ми штима во врската/бракот постои само едно исправно решение, а тоа е развод.
Имаш магична кугла? Знајш по кој пат ќе те однеси животот? Ако нешто научив е, дека ништо не мојш да предвидиш. Се трудиш за најдобро, се надеваш на најдобро, ама биди си спремен и за најлошо. *и ова за се' важи
Оти вака велиш? Јас сум свесен и одговорен за своите постапки што (ќе) ги правам. Годините како што поминуваат учиш ама повеќе од искуството што си поминал, би рекол. Себе си досега никого не сум изневерил физички, ниту пак емоционално, а сум бил повреден. Не верувам дека некого би изневерил, не ми прилега на карактерот што го имам. Нема потреба да начукувам 80 години за да речам ете готово стварно сум верен.
Оти не знаеш во какви се' ситуации ќе се најдеш во животот. Под какви притисоци ќе бидеш, со кого се' ќе комуницираш за 10-20-30-50 години... Кој знае?
Кога сум во врска се знае до каде одат разговорот со познанички или било како. Нема да се прајме на три и пол само другарка е, а да отепам со саати правење муабет. Сум се нашол во ситуација, да сум во врска, а претходно познаничка да ме вика на кафе итн да излезиме, да појдам кај неа во град (имав претхѕодно појдено), па да си правиме муабет. Чисто информативно ако можам да помогнам ќе помогнам ако не не. Знам до каде треба да одам со разговори и до каде да се продлабочи нештото. Искрено, не можам да се замислам себе си во сериозна врска да сум и да се најдам во ситуација да бидам поинтимен со друга личност и да се случи да ми се слечи што се вика.
За воља на вистината ова ми е како меч со две острици. Да речам премногу плаќам со тоа што сум верен, а од друга стана сум бил изневерен, не би рекол, сепак сум возрасен и сметам тоа е моја одлука. Рака на срце, горд сум на себе си што сум ваков каков што сум, и сум задоволен од себе си како пребродив првиот пат кога ме изневери првата девојка, година дена психата ми беше нарушена, ама се поправив. Фала ти иначе, и тебе ти посакувам се најдобро.
Постои, тргнувам од себе. А и сигурна сум дека многу други се верни исто така. Е сега, што е вистина вистина е дека има многу кои изневеруваат. Што со свои очи сум видела што ми кажале. Тргнувам од тоа дека не би направила нешто на некој што не сакам да ми го направат мене. Секогаш сум за отворен разговор и искреност ако нешто не оди отколку зад грб да се прават работи. Едно од најгадните нешта што можиш да го направиш е свесно да изневериш некој кој те сака и ти верува.
За мојата верност имам магична кугла, ама за на партнерот за жал немам. Абре гол да ми се соблече некој, колку и да е згоден и привлечен, нема да изневерам. Побогу луѓе сме, имаме моќ да си ги контролираме сексуалните нагони. Со 5 минутно задоволство, ништо аир нема да видиш, туку проблеми само можеш да си отвориш. А и совеста никогаш нема да ми дозволи да изневерам. Самата помисла ми е одвратна.
Од што бев многу верна го изедов курот неколку пати. Од сега па натака не можам да гарантирам за себе.
Ние луѓето природно не сме предодредени да бидеме моногамни,но учиме да ги контролираме своите нагони.Е сега одредени животни околности можат да направат да ни избега контролата,но сепак мора да постои причина за истото да се случи .Сигурно во таква врска постоело скриено незадоволство,празнина.
А што е крив таму некој си нов дечко, што ти си била изневерена од други бивши дечковци? Ако така тргнеме изгледа и тие прво биле многу верни, па после им дошло преку глава, па случајно се погодило ете ти да бидеш жртва, т.е. изневерена. Не му го прави на друг тоа што не сакаш тебе да ти го прават.
За верност... Јас си тргнувам од себе, не би можела да изневерам и не сакам. И не би можела да продолжам со личност која ме изневерила. Верноста, како сѐ останато е релативна кај секоја личност и нема врска 21 век или не, кој е таков, таков ќе си остани.