Мислам дека денес не е исто како пред 5- 10 години и дека мажите се многу помалку храбри да им пријдат на жените, дури и ако им се допаѓаат и ги „јадат со очи“ буквално. Порано паметам дека ако му се допаѓав на некој знаеше месец, два, три да трча по мене, да се обидува на секој можен начин да ми пријде, а денес некако не е така. Еден дечко беше затрескан до уши во една моја преубава другарка, и навистина филмски се трудеше да ја освои, со праќање цвеќе на врата да и однесат, со праќање подарок како изненадување и слично. Денес машките најверојатно чекаат жените први да им пријдат, па дали и тогаш нешто ќе биде. Зошто ги снема тие убави времиња? Ми фалат тие времиња, кога мажите беа некако повеќе мажи. Денес како сите да сме лесно заменливи, така тоа некако делува.
Кога јас имав 18, а еден мој дечко 25, трчаше по мене 3 месеци. Другарката типот ја бркаше 2 години, но на крајот не бидна ништо, таа не го сакаше, не го гледаше како партнер, туку како пријател, а тој беше плус 30 години. Годините не треба да бидат пречка за некоја мал убав гест, тоа сакав да кажам. И јас не би чекала на овие години со месеци некој да ме покани на едно кафе. Со еден тип требаше да се запознаеме, јас бев над 25 години, и закажува демек викендов ќе пиеме кафе, абе цело време онлајн, го нема да откаже, да пише што бидна со кафето, а убав типот, ама на колешката и се жалел дека тешко му оди со девојки. Поминува месец дена, пак ми вика викендов да пиеме кафе, и пак го нема, на тоа остануваме, и трет пат кога ми пиша реков „дечко два месеци едно кафе договараме, мене ми се отпи веќе“.
Мажите денеска се онлајн фраери а во живо ги нема нигде, а плус се феминистички настроени по пола саат на огледало, така да ако некој ти се допаѓа пиши му прва, од него џабе ќе чекаш.
Хаахахах, епа тоа сакав да кажам, како да се заменија улогите. Инаку, старомодна сум и не верувам дека тоа ќе вроди со плод. Ми фалат колку толку храбрите мажи од порано.
А зошто ти не си храбра? Зошто сакаш некој да трча по тебе, да ти пишува цело време и да ти носи цвеќе на врата а ти со прст да не мрднеш? Зошто чекаш машкото прво да ти пише само затоа што е машко? Мислам дека е време да ги оставите ваквите глупави стереотипи да умрат зошто многу повеќе би бенефитирале така. Нема ништо лошо во тоа женско да му пише на машко прва, или пак да го викне на кафе прва. Заборавате дека и мажите се несигурни, дека и тие се плашат да не бидат одбиени. Тоа што некој има ниска самодоверба не го прави помалку храбар или помалку маж.
Jaс самата не сакам нападни машки, кои ни оддалеку не би ми се допаднале, и не би била со нив. Некогаш сакам сите тие кои ме напнуваат, а се надвор од мојот видокруг да ги заменам за еден ама вреден.
Доколку му пријдеш на некого, не значи дека му се нафрлаш. Сигурна сум дека не мислиш дека некој тебе ти се нафрла кога многу културно ќе ти пријде. Многу шанси се пропуштаат само заради вакви застарени стереотипи но и од стравот да бидеш одбиен. После ќе се жалите дека никој не ве сака, а всушност сакате телепатски да убедите некого да ви пише прв само затоа што е машко. И само така си чекате без врска, а доколку пријдете прва многу лесно ќе го добиете одговорот. Нема потреба никој никого да моли, доколку постои заинтересираноста тогаш нема потреба од такви глупости.
Темава ми нема многу смисла Зборуваме за еднаквост а мора машкото прво да пријде Еве ако ти фатил око покани го ти да излезете. А она онлајн фраери ако е за деца во средно океј, јас не гледам причина зошто некој на 30 би се траскал по фб. Имаш машки шо се срамежливи исто како и некои девојки. И од каде знаеш дека им се допаѓаат девојките? Крај на крај ако се сака се бара начин, не изговор
Многу контрадикторни ставови имаш. Најпрво викаш сакаш некој да се труди околу тебе, после дека не сакаш нападни дечки. Во право е членката погоре, треба ослободување од овие стереотипи, кој прв пишал, па кој колку се труди. Ако стварно му значиш некому тоа се гледа понатаму во врската, не можеш да му значиш на некој со кој уште не сте се запознале, практично странци сте и освен хемија не може да имате во тој момент повеќе. И друго прашање, зошто не им даваш шанса на луѓето, викаш и оддалеку не ти се допаѓаат? Претпоставувам си тинејџерка, па тие ставови донекаде ми се сфатливи во тие години, ама понатаму ќе видиш дека луѓето имаат далеку поголем потенцијал од нивниот прв впечаток. Едит: Не ми се допаѓа и мене насловот, храброст нема врска со тоа кој кому пришол.
Жените не се плен за да чекаат мажите да ги уловат, каква тема... Ако ти за храброс сметаш маж што заведува и трча по жени незнам што да кажам, храброст е нешто друго а и нема врска со полот.
Веќе половина час го мислам твојов став и пробувам да го сфатам, те молам објасни го. Ми личи како кога некој ќе научи нов збор па го бута на сила во секоја реченица без разлика дали има смисла или не.
Насловов е дека се докажало по некоја формула дека машката храброст заминала некаде. Доста навредлив наслов како сите во еден кош да се. Или да излезе сега тема: Зошто сите девојки се филмаат.? Покољ. Темава е створена од особа што уште во насловот утна. Поздрав