Каде отиде машката храброст?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 21 јули 2020.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    6.053
    Мислам дека денес не е исто како пред 5- 10 години и дека мажите се многу помалку храбри да им пријдат на жените, дури и ако им се допаѓаат и ги „јадат со очи“ буквално. Порано паметам дека ако му се допаѓав на некој знаеше месец, два, три да трча по мене, да се обидува на секој можен начин да ми пријде, а денес некако не е така. Еден дечко беше затрескан до уши во една моја преубава другарка, и навистина филмски се трудеше да ја освои, со праќање цвеќе на врата да и однесат, со праќање подарок како изненадување и слично. Денес машките најверојатно чекаат жените први да им пријдат, па дали и тогаш нешто ќе биде. Зошто ги снема тие убави времиња? Ми фалат тие времиња, кога мажите беа некако повеќе мажи. Денес како сите да сме лесно заменливи, така тоа некако делува.
     
    На Justicija, SnowWhite8, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  2. asdas

    asdas Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    978
    Зошто некој на 25+ години би трчал 3+ месеци по некого?
     
    На Laufinam, staycalm, Cutiepie1 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    6.053
    Кога јас имав 18, а еден мој дечко 25, трчаше по мене 3 месеци. Другарката типот ја бркаше 2 години, но на крајот не бидна ништо, таа не го сакаше, не го гледаше како партнер, туку како пријател, а тој беше плус 30 години. Годините не треба да бидат пречка за некоја мал убав гест, тоа сакав да кажам. И јас не би чекала на овие години со месеци некој да ме покани на едно кафе. Со еден тип требаше да се запознаеме, јас бев над 25 години, и закажува демек викендов ќе пиеме кафе, абе цело време онлајн, го нема да откаже, да пише што бидна со кафето, а убав типот, ама на колешката и се жалел дека тешко му оди со девојки. Поминува месец дена, пак ми вика викендов да пиеме кафе, и пак го нема, на тоа остануваме, и трет пат кога ми пиша реков „дечко два месеци едно кафе договараме, мене ми се отпи веќе“.
     
    На LollySky, Snowflake97, DraganFem и 2 други им се допаѓа ова.
  4. FRANCUZINOT

    FRANCUZINOT Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Мажите денеска се онлајн фраери а во живо ги нема нигде, а плус се феминистички настроени по пола саат на огледало, така да ако некој ти се допаѓа пиши му прва, од него џабе ќе чекаш.
     
    На LollySky, Tatjana95, dankee и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    6.053
    Хаахахах, епа тоа сакав да кажам, како да се заменија улогите. Инаку, старомодна сум и не верувам дека тоа ќе вроди со плод. Ми фалат колку толку храбрите мажи од порано.
     
    На LollySky и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    А зошто ти не си храбра?
    Зошто сакаш некој да трча по тебе, да ти пишува цело време и да ти носи цвеќе на врата а ти со прст да не мрднеш?
    Зошто чекаш машкото прво да ти пише само затоа што е машко? Мислам дека е време да ги оставите ваквите глупави стереотипи да умрат зошто многу повеќе би бенефитирале така.
    Нема ништо лошо во тоа женско да му пише на машко прва, или пак да го викне на кафе прва. Заборавате дека и мажите се несигурни, дека и тие се плашат да не бидат одбиени. Тоа што некој има ниска самодоверба не го прави помалку храбар или помалку маж.
     
    На ohlalalala, PaLaVa, staycalm и 29 други им се допаѓа ова.
  7. FRANCUZINOT

    FRANCUZINOT Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Ќе си седиш сама тогаш
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    6.053
    Хахахах. Ама навистина нели е убаво кога некој се труди, односно машкото се труди.
     
    На eliesaab и Seli20 им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    6.053
    Па ако не ми пријде, не сум сигурна дека му се допаѓам, а не сакам да се нафрлам.
     
  10. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    7.344
    Пол:
    Женски
    Епа може и тој не е сигурен дека ти се допаѓа и затоа не сака да биде нападен.
     
    На candy.cane, Annora, Billy Idol и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    6.053
    Jaс самата не сакам нападни машки, кои ни оддалеку не би ми се допаднале, и не би била со нив. Некогаш сакам сите тие кои ме напнуваат, а се надвор од мојот видокруг да ги заменам за еден ама вреден.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Доколку му пријдеш на некого, не значи дека му се нафрлаш. Сигурна сум дека не мислиш дека некој тебе ти се нафрла кога многу културно ќе ти пријде.
    Многу шанси се пропуштаат само заради вакви застарени стереотипи но и од стравот да бидеш одбиен. После ќе се жалите дека никој не ве сака, а всушност сакате телепатски да убедите некого да ви пише прв само затоа што е машко. И само така си чекате без врска, а доколку пријдете прва многу лесно ќе го добиете одговорот. Нема потреба никој никого да моли, доколку постои заинтересираноста тогаш нема потреба од такви глупости.
     
    На ohlalalala, candy.cane, black-angel и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    6.053
    Знам. Па тоа сакав да кажам, џабе ќе ме моли некој кога не ми се допаѓа, џабе, само ме тормози.
     
  14. ImePrezime

    ImePrezime Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    34
    Темава ми нема многу смисла :D
    Зборуваме за еднаквост а мора машкото прво да пријде :D Еве ако ти фатил око покани го ти да излезете. А она онлајн фраери ако е за деца во средно океј, јас не гледам причина зошто некој на 30 би се траскал по фб. Имаш машки шо се срамежливи исто како и некои девојки.
    И од каде знаеш дека им се допаѓаат девојките?
    Крај на крај ако се сака се бара начин, не изговор :D
     
    На candy.cane, Seli20 и DojaCat им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Убав гест? Мене далеку од убав гест би ми било ова. :wasntme:
     
    На candy.cane, Emy867, Billy Idol и 8 други им се допаѓа ова.
  16. ImePrezime

    ImePrezime Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    34
    Значи убав гест е некој како манијак да трча по вас и да ве следи па да плачете колку е досаден :D
     
    На candy.cane и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    7.525
    Пол:
    Женски
    Многу контрадикторни ставови имаш.
    Најпрво викаш сакаш некој да се труди околу тебе, после дека не сакаш нападни дечки.
    Во право е членката погоре, треба ослободување од овие стереотипи, кој прв пишал, па кој колку се труди. Ако стварно му значиш некому тоа се гледа понатаму во врската, не можеш да му значиш на некој со кој уште не сте се запознале, практично странци сте и освен хемија не може да имате во тој момент повеќе.

    И друго прашање, зошто не им даваш шанса на луѓето, викаш и оддалеку не ти се допаѓаат? Претпоставувам си тинејџерка, па тие ставови донекаде ми се сфатливи во тие години, ама понатаму ќе видиш дека луѓето имаат далеку поголем потенцијал од нивниот прв впечаток.

    Едит: Не ми се допаѓа и мене насловот, храброст нема врска со тоа кој кому пришол.
     
    На candy.cane, banne1, Regina.Phalange и 5 други им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.558
    Допаѓања:
    5.368
    Пол:
    Женски
    Жените не се плен за да чекаат мажите да ги уловат, каква тема... Ако ти за храброс сметаш маж што заведува и трча по жени незнам што да кажам, храброст е нешто друго а и нема врска со полот.
     
    На kalinaka, candy.cane, Mantub и 5 други им се допаѓа ова.
  19. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Веќе половина час го мислам твојов став и пробувам да го сфатам, те молам објасни го. Ми личи како кога некој ќе научи нов збор па го бута на сила во секоја реченица без разлика дали има смисла или не.
     
    На tessie, candy.cane, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  20. ушко

    ушко Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Машки
    Насловов е дека се докажало по некоја формула дека машката храброст заминала некаде.
    Доста навредлив наслов како сите во еден кош да се.

    Или да излезе сега тема:
    Зошто сите девојки се филмаат.?
    Покољ.

    Темава е створена од особа што уште во насловот утна.
    Поздрав
     
    На staycalm, candy.cane, Billy Idol и 11 други им се допаѓа ова.