За цвеќето кое го спомнав, евтина работа е, не е цело богатство, но е мал и убав гест. Инаку, ајде нека се избрише, оти гледам сите се карате, не дискутирате. Од врски отидовте на мажот работи, жената дома седи. Тоа е веќе брак, не врска.
Значи јас не реков дека прав маж смрди,туку дека има разлика помеѓу новите генерации и нир што сме над 35 год, кога ќе ги видиш исчупани и со фризура за која е потребно 25 мин време. Те молам не прави констатации во мое име
Насловот на темата воопшто не соодветствува на самиот ''проблем''. Ако трчање по некој 3 месеца е начин за изразување храброст, тогаш како би го опишале сталкањето? Ме фаќа језа кога ќе помислам дека некој би можел да ме спама и откако неколку пати сум го одбила, а камоли со месеци да ме демне. Во однос на насловот, храброста во реалниот живот, во однос на додворувањето (без разлика дали станува збор за девојка или дечко) е заменета со лајкање и пуштање водичка на социјални мрежи. Можеби е погрешно, но мора да се прилагодуваме на новите околности. Нормално дека ако не ни одговара може во секој случај да не чекаме од некој друг и да пристапиме први во риал лајф. Ама ако на некого му фали тоа лажно чувство дека се посакувани поради тоа што откачиле некого и тој се уште трча по него, тоа е нешто друго и би требало тогаш да се запраша каков живот точно живее. Жалосно.
Ние шо сме у врска ајде да поработиме, да излегуваме пошо после у брак мажот ќе работи а ние ќе си седиме дома
@Tanjamm ете може си ти романтична а дечкото не е. Па направи ти некое изненадување за него па ете може тој ќе добие идеа и ќе ти возврати на сличен начин? Има девојки на кои поклонување цвеќе не им е нешто лол
Имаш погоре читај, нека избришат админите, ај не можам да реплицирам и да се објаснувам со секој. Извртувате зборови и навредувате. Ако некој ви донесе цвеќе дома, ќе ги фрлите во канта сигурно или ќе го навредите човекот? Ејејеј кои досади, кои светици.
Значи која е поентата на темава.. навредува и реално не врати 10 години назад Какви застарени мислења, нема ништо лошо кај машко со "женски" карактеристики, не е помалце маж. Мислете два пати пред да пишете нешто.
Жената пиша дека ѝ фалат некои манири и непишани правила во машко-женски односи и одма се нафрливте како лично да ве навредила. Претерувате, не смее човек ни да напише сопствени ставови и преференции без да го исплукате. Како демек ќе ја изгубите цела еманципираност и еднаквост ако некој ви купи цвеќе .
Секој си има свој стил стилот нема врска со машкоста, може и да е прав маж на излгед ама во душа ѓубре.
Не си замислувајте дека некој мора да трча по вас со месеци, а вие притоа не покажувате никаков интерес и глумите ледени кралици.
Види, секој си има преференци. И тоа е во ред. Цвеќето е најмал проблем и ако на тоа се сведува вниманието од партнер, тогаш врските би биле многу поедноставни. А од друг да очекуваме нешто што не би го направиле сами не можеме. На пример, не може јас да не пишам, а да чекам само на другиот. Ако сум јас еве срамежлива, може е и дечкото. И тоа пристап на пишување прв не спаѓа ни во манири, а може спаѓа во непишани правила на машко-женски односи, ама во 21 век треба да знаеш дека веројатноста да најдеш некој е значително помала, зошто машко-женските односи така опишани се прифатени само од поединци. На крај и да си тераш филмот и да бараш таков партнер што ќе те осипува со внимание е во ред, ама не е во ред да се жалиш и да генерализираш, а уште повеќе откако си пишал дека некои ни оддалеку не ти се допаѓаат.