Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде отиде машката храброст?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 21 јули 2020.

  1. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Се сменија, кон подобро.
    Улогите се повеќе се изедначуваат.
     
    На candy.cane, theowndemon, black-angel и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.933
    Пол:
    Женски
    Генерализација е затоа што воглавно во тој поглед се насочуваат работите, мажественост, женственост ќе станат полека само заборавени поими.Ако пишала ваков наслов, не значи дека секој маж е таков туку од сопствена перцепција и искуство.И факт е дека се сменуваат работите, ама не е секоја промена секогаш позитивна.
     
    На Fleur-De-Lis, Snowflake97, ku4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не знм зошто некоја жена би се осеќала убаво да е "бркана". Еднаш ако му дадам до знаење дека не ми се свиѓа значи треба да се откачи, не уште повеќе да се засили. Тоа не е храброст, тоа е нападност, немање осет за граница.
     
    На Amellie13, candy.cane, lovestoneddd и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    3.462
    Немој да ме сфатиш погрешно, ништо лично ама уште кога го прочитав насловот помислив дека темава е отворена од тебе.
    Како што заприметиле и другите членки, не ти е прв пат да поставиш ваква или слична тема, а и твојот ник ми е останат во сеќавање по некои вакви, да не кажам "застарени" мислења и ставови.

    Мој најдобронамерен совет ти е прво да поработиш на себеси па потоа да се впушташ во потрага по партнер.

    Не критикуваме, не бараме влакно во јајце туку баш кажуваме свој став. На конкретната тема не можеме, затоа коментираме општо.
    И да, времињата постојано се менуваат ама ние се прилагодуваме на нив и тераме понатаму, не кукаме и отвараме нови без смислени теми на форум.
     
    На Doozy, black-angel, darlingdragon и 11 други им се допаѓа ова.
  5. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Епа сакавте рамноправност :D
     
  6. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Може не му значиш толку?
    Секоја единка има различен љубовен говор и искажува емоции различно. А и тотално е возможно е да не си му толку па битна да жсе организира.

    Инаку да, со социјалните мрежи и мажите и жените сметаат дека имаа повеќе опции и има доста студии кои покажуваат дека луѓето, посебно во динамични места со многу млади, потешко settle down, бидејќи мислат дека секогаш можат да најдат подобро.
     
    На candy.cane, black-angel, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Јас донекаде сфаќам од каде ти потекнува ставот и поводот за темава, иако ти е малку екстремен... сепак сфаќам. Да не се лажеме дека значителен процент на сингл мажи у Ск се цвеќиња, кои никогаш не пишуваат на 100 девојки истовремено, (па кај која ќе упали) :) мислам, да беше сѐ така розево и еднакво за двата пола, немаше “љубовни проблеми” да биде толку полна тема, и бројот на сексуални партнери во респективната тема, немаше да е коментиран со еден тон двојни аршини (секоја чест на исклучоци).
    Но, мојот коментар се однесува само од перспектива на ментален склоп на тој процент на мажи. Не на нивната желба или недостаток на желба да “ловат” како што ти иницијално се изјаснуваш. Зошто само мажот да освојува? А жената што? Да се смешка срамежливо и да фрла намирисани бели марамчиња? :) Не во овој век.
    И исто така, не може никој да ме убеди дека доколку дечко е вистински заинтересиран за девојка, нема да најде начин да и’ пријде. Ако не најде, значи he’s not that into her. И кога ќе го доживеете ова од дечко, не го читајте ко игра, или ко зелено светло за ваш потег, или ко недостиг на храброст или не знам ти што. Милион етикети ќе му дадете само за да не си признаете дека не е доволно заинтересиран. Истото важи и за девојките. Се разбира, секој треба да си има граница во приоѓањето и доколку нема посакуван фидбек, да батали.

    Инаку, 3 месеци да ме брка и да ми доставува цвеќиња на врата, а јас да не сум заинтересирана, ќе си има работа со полиција, не со мене. И не знам зошто ова си го опишала ко убав и храбар гест.
     
    Последна измена: 22 јули 2020
    На Doozy, candy.cane, black-angel и 5 други им се допаѓа ова.
  8. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    2020 година, сите сме еднакви. Зошто да ме брка он, кога можам јас него, ако сакам?!
     
    На candy.cane, black-angel, ImePrezime и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Машки
    Мене ме интересира колку стварно девојки пришле први до сега кај нас? Не мора во живо, бар на социјални мрежи?

    2020 година е и ова треба да е вообичаено, но како што за се ние касниме овде во Македонија, така касниме и за ова, па некои сеуште очекуваат да бидат "бркани" со месеци и опсипувани со цвеќиња, поклони и што се не.
    Темава е прав доказ за македонски "затуцан" менталитет.
     
    На edna_malecka, black-angel, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Најжална глетка кога младите девојки сакаат да го вратат времето назад од пред 30 40 години... Јас се кладам дека нема да имаат психа да издржат ниту 5 минути
     
    На edna_malecka и black-angel им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Јасно. Но, мислев ако тој направи чекор кон мене и јас кон него, сепак ќе биде подобро. И мене нема да ми се допадне ако некој со месеци ме замара. Имало случаи на млади години каде мене ми фалело храброст, сум се двоумела дали да почнам врска со некој или не, и токму тие мали гестови, вниманието пресудило да бидам со некој.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Абе кој кажа дека 3 месеци и праќал цвеќиња? Значи доаѓа роденден и праќа цвеќе. Идната година пак, иако си ги тераат животите тој е тука и и става до знаење дека ја сака. Тој не кренал раце од неа. Навистина не читате внимателно. Не се работи за манијак, се работи за тип кој сака да покаже внимание. И ден денес таа се кае затоа што не се обиде со него. Ми вели „Сега да му се јавам, да ми треба некаква помош ќе дојде, нема да ме остави на цедило, а мажот што го имам дома, зошто го трпам“.
     
    На eliesaab и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Од една страна ги разбирам мислењата на членките со феминизмот и сето тоа околу еднаквоста, од друга страна ја разбирам и девојката со потрадиционални ставови. Сепак секој работите ги гледа од своја перспектива и не можеме ниеден човек да осудиме за тоа шо е првилно а шо не, дека сите живееме на тој начин како шо најмногу ни одговара.

    Имам пишувано прва, ми имат и први пишувано. Сепак имам сфатено дека машките шо чекаат девојката првиот чекор да го направи се со пониска самодоверба, шо на еден народен начин би се кажало немаат храброст. Еве првиот дечко така си го фатив. Ми се свиѓаше, му пишав, го викнав на кафе и потоа со тек на време се фативме. Ама сфатив дека цело време очекува од мене јас да ја водам врската.

    А за поклони сум ЗА, затоа шо е неочекувано, изненадувачки, романтично и не мислам дека некој би осиромаштел ако ми подари една ружа од 100 денари. Сепак е џенталменски гест и не треба да се гледа како нешто лошо. На сите ни годат такви мажи, да не се лажеме :D
    Сепак ниеден гест не треба да е едностран!
     
    На cresa-jagoda, Fleur-De-Lis, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Wallker

    Wallker Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    можеби ќе претерам но мислам во денешно време два-три месеца да трчам инсе трудам околу било која девојка би ја освоил, а и незнам што е поентава во тоа да трчам со месеци по некоја..валва ствар не ми ја отсликува храброста на едно машко
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Манијак е, и језиво е.
    А мажот што го има ако не и се трпи може да се разведе со него, на пример :?:
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, FVP и 4 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    А оти жените не го прават тоа?
    Нема правила кој 'освојува'.

    Секој може.
    Дозволено е од доктор.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Според мене проблемот е во мажите !!!!! Мислам самото тоа што им е се дозволено ,да речеме на тацна тие немаат ни желба да се трудат. Ама такви дојдоа времињата. Ако некое девојче добијат лесно ќе зборат еее брат оваа е леснааа можам да ја имам кога и да посакам. Од друга страна ако некоја им е понедостапна воопшто и не се потрудуваат, велат де бе сега ја нејзе ке ја чекам кога можам со другава одма. И не мислам дека е храброст во прашање туку идиотизам. И многу од нив феминизмот го користат како изговор а вушност и немаат појма што е значењето. Феминизмот значи секоја девојка или жена да има еднакви права со машкиот пол. Тоа значи дека ако таа иде со некој уште на прв состанок да не добие звање курва а тој фраер. . Да го гледаат луѓето тоа нормално како чин на двајца.Заедно отишле мислааам хелооо. Друга глупост и изговор со феминизмот што ја искористуваат е кога нема да одвојат пажна на некое девојче. Повторно ќе се навратам. Феминизмот е и се секоја девојка/жена да може да работи тоа што го посакува и биде успешна, а вие мажиштава ако се толку моќни да носат пари за цела фамилија вулаааааа, ако има жеба за кариера е лошо,а кога носи пари е добра( и секога жената одвојува тродупло време и финансии за средување). Поентата ми е вие мажите морате да намалите со тој идиотизам бидејќи се претварате во манијаци. А ова за храброст можат да се вклучат и фраериве кои вртат 101. Бидејќи на крајот на денот тие се најосамени, немаат храброст да се понашат ко мажи и да и дозволат да се отворат со некоја , мене чак ми е жал за цел машки род.
     
    На hellocity, Veta, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Сепак не живејме во филм.
    Убавите луѓе без разлика на полот се попасивни кога е додворување во прашање, научно потврдено. Се ствара горделивост мала шо не ти дава да се повинуваш. Изгледа и ти убава си чим сакаш другите да трчаат по тебе.
     
    На Tanjamm, poenta и Dentina им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Прво и' беа криви провинцијалките што доаѓале тука и им ги краделе дечковците на Скопјанките, сега машкиве немале храброст да и' пријдат. Пошто така е тоа, ти чекај си, принцот на бел коњ по тебе, најубавата принцеза, ќе дојде.
     
    На candy.cane, black-angel и Mantub им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    96.574
    Ти па со тие парите, букет цвеќе како богатство да чини|(. Ако е навистина заинтересиран, нема да умре од глад ако потроши 300 ден за букет. Одма удираат на женска самостојност, која нема врска во овој момент.

    За темава немам коментар. @Tanjamm мислам дека сме тука некаде со годините, ама сфаќањата ти се:x.
    Ако јас би се прашувала, од мое искуство, не им фали храброст, им фали стабилност. Ментална. Недораснати 'дечкичи' од 35+ просто за извоз има.
     
    На Amellie13, Doozy, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.