Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде отиде машката храброст?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 21 јули 2020.

  1. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Токму така во потполност ИДИОТИЗАМ за жал.
    Многу од случаевите каде мои другарки пристапувале први, па исто и јас сме биле игнорирани и на некој начин после тоа фино лепо откачувани.
    Нели е рамноправно да пристапи женска прва или одма етикетите играат тука.
    Како што кажаа некои девојка која ќе пристапи прва лесна е, можам да ја имам...бегај бе оваа не е интересна или фатила пајажина па и текнало сеа и што ти ја знам уште што не.
    Или па ќе излезе со неа на кафе и ќе си игра играчки ќе ја заебава.
    Мислам мене ств не ми е јасно, како да се постапува.

    Па од друга страна толку ако се спомне Феминизмот или ако се изјасниш како феминистка дека си, барем мене ми се има случено уше од сам старт осудуван си, демек вие ги мразите мажите, пола и више сте лезбејкии ЗНАЧИ кој ПРИМИТИВИЗАМ.

    И после храброст, ма каква храброст или рамноправност туку има само амебовидност полна со предрасуди, етикети, осудувања и ниска свест.
     
    На Veta, Tanjamm и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се брише темата, ќе помине време да стивнат тензии и ќе има помирни коментари. Тебе ако те навредува некој или клевети, пријави го мислењето или пиши им на админите, не губи време на искомплексирани. Твоја работа е какви вкусови имаш, ние немаме право на збор за тебе ако не бараш совет туку општи мислења.
     
    На Fleur-De-Lis и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Тотално ме разбра што сакав да кажамм, многу широка тема. И само да додадам имам многу машки другари и кога ке ми побараат совет (затоа што на крајот на денот сакат да бидат сакани и тие) неќат да прифатат. А да не зборам тие мегусебно со другарите што само негативно зборат за секое девојче и не се свесни колку самите на себе си влијаат со тоа.. Ова била вакава другата такваа ... а тие зад себе ни став ни кариера ни амбиции ни малку средување. Не е храброст , ИДИОТИЗАМ е,затоа не пристапуваат оти со другарите за некоја ќе изназборат 100 површни недоделчени муабети за девојчињата. Не е ова кажано со цел да се нареди некој, туку да се пробуди свеста.
     
    На Tanjamm, Snowflake97 и Elf им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Цело време се буните на форумов како треба да се дебатира или да се искаже став и мислење, а кога ќе дојде ред за тоа само напаѓање и осудување вришти од сите страни.

    А членката што ја отворила темата ја разбирам и знам на што мисли и што конкретно бара, не е тоа некој да трча по тебе и да те моли "као аман биди со мене" или некој демнач да трча по тебе и да не знаеш од која страна ќе ти се појави следно.

    Е сега да ти одговорам каде е машката храброст што ја бараш.
    Најпрво самото време и самата технологија си го направија своето, социјалниот живот го сведоа на минимум и се оди онлајн, и на машките затоа им е полесно да пишат и да запознаат девојка, за разлика од порано кога и не беше технологијата толку напредна исто и кога немаше социјални мрежи па тоа запознавање и пуштање се дешаваше во живо, дали со некој гест како што бараш и напоменуваш ти или обично и културно.

    Друга работа за да изумре во потполност тоа пуштање и запознавање во живо допринесоа и самите жени во тоа откако феминизмот зема поголем замав (како што може да се примети и по повеќето мислења и излагања на темава).

    И да не одолговлекувам многу, без разлика дали сум старомодна или што и да сум, многу поубаво време беше тоа, за разлика од сега. Работите имаа живот на некој начин, а сега се изгледа некако вештачки и како на сила, премногу лесно достапно, дури и монотоно.
    Ама тоа е, како се менува времето мора да се прилагодуваме.
     
    На Fleur-De-Lis, faye, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  5. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Се согласувам со се освен со реченицата која ја болдирав. Феминизмот е за секоја жена да може да ги оствари своите соништа, да работи тоа што сака и да биде платена еднакво како и мажите и истовремено да не биде етикитирана за незините постапки како ненормални. На пример машкото ако е дизајнер, имаме коментари од леле браво најдобрите мажи се дизајнери. Ако женско е на пример во војска,има коментари од ејјј оваа ненормална шо изиграва, ова ж од жена нема и сто други коментари, а да не зборам за иста работа како одат платите. Туку на мажите им фали повеќе машкост. Јас немам видено во последниве години некој со амбиции и напредни сфакања туку фраерчиња што повеќе се замараат за косата од девојчињата, татини синови, што се пумпаат во теретана а да го дувнеш ќе падне, или некои други машки што им завидуваат на првата категорија и наместо да се вложат да направат нешто со нивната иднина седат по дома играат игрици, пишат спортска и слично. А верувам дека мажите да покажат малце почит спрема женскиот пол и некои манири ќе биде поинаку. Сум давала шанса и на некои по мој вкус и некои што не се чисто да видам какви се како луѓе и го добива истиот впечаток од сите-идиоти и се освен мажи, немал храброст да пристапи оти била јака женска, ма немој,се однесува со неа лошо оти девојката има став ... алоо..треба да ја гледаш девојката како злато. Омилена од сексот и градот гласи вака :
    Samantha Jones:
    The good ones screw you, the bad ones screw you, and the rest don't know how to screw you.
     
    На FVP, Veta, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Се разбравме, не барам некој да моли и манијачи, туку манири, пристојност, да покаже интерес.

    Просек сум. Не се сметам за нешто уаууу.

     
    На eliesaab, Snowflake97, dankee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Не е правило, неброени фактори има како на поединец ќе му оди во врските. Ама докажано е дека има корелација тоа што го пишав.
    Ни те знам, ни ми е намера да ти се умилкувам нешто :D туку ај реков да сменам насока малце на дискусија, да не читаш само лоши претпоставки за себе од срцкиве шо се единствени кои нашле некој со кој ќе бидат среќни и ако не си како нив маф е работата хахахах
    Свашта.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Иначе не мора директно да се приоѓа де ако ти е незгодно, има посуптилни начини. Меѓутоа јас не се замарам со вакви теми. Хемија помеѓу двајца секако се осеќа, коцките сами се местат.
    И кога биле сите машки храбри, пред 2000 години Вандалите.
     
    На Dentina, Tanjamm и ku4ence им се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Една ружа неверувам дека само сакате ако сакате некој 3 месеци да трча по вас... Сакате да си имате играчка до вас која ке ви ги задоволува желбите и потребите и после 3 месца да си фанете некој мангуп а овој што кршел глава по вас чао.
     
    На black-angel и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Ама нај ми е смешно машка храброс требал да освојува така се докажувало тоа, некои секоја вечер се со други женски тие за храбри ги сметаш?
     
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.038
    Допаѓања:
    12.446
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm те разбрав и поддржувам. Подобро и не анализирај, пушти онака како што треба да биде. Некогаш навистина не вреди да се враќаме наназад.
     
    На Fleur-De-Lis, Tanjamm и Аргентина * им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Можеби не сакаат да трчаат по тебе бидејќи си токсичен карактер, одбивен себичен итн... овие работи цело време ги слушам и од разни луѓе, роднини и од другари/другарки, немало добри мажи, немало добри жени, овие вакви биле, онаа таква била...а кога ќе ги видиш нив каква токсикологија себична од карактер се или што критериуми нереални имаат, не е ни чудо што никој не ги ферма...
    Надвор има и прекрасни мажи и прекрасни жени кои се мерак да ги имаш како љубов, е сега кој како си заслужил, ама не верувам на муабети дека другите биле криви и тешко било за наоѓање асален партнер, сеа зависи и кои критериуми се, може приоѓале ама не тие што ти си сакала, многу опции се итн ама у секој случај не е до другите до тебе е. Преиспитај се што сакаш во животот и што си ти карактер.

    А ако сакаш некој да трча по тебе со месеци може да си купиш куче, ете тоа ќе трча без разлика на што човек си.
     
    На Amellie13, Doozy, IM.TMKQ и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Tуку вие што ја подржувате, јас се прашувам колку сте вие храбри или само мелете на празно.
     
  14. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Не е до трчање до правење културен муабет, ќе излезиш ќе видиш дали некој ти одговара од двете страни најкултурно, а она со мангупите мислам дека на девојчињата што се недозреани им се интересни ( не дека сакој не помнува низ таа фаза кога има 15-20 ) , но кога ќе поминеш одредена возраст таквите мангупи не ти се интересни, работата е што мажите имаат ист ум и на 17 и на 35 . Единствена грешка според мене е на мајките во постапките на воспитување на децата од мали,на пример на машкото му зборат лелелел абе кој има многу моми да вртиииии, сите моми потебе да бидат(а моите верувања се дека од најрана возраст се учи на манири и вредности )
     
    На FVP, Tanjamm, Elf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Не знам на вака отворена и поставена тема каков одговор да се даде.

    Денес тоа го прават online. Значи не дека се помалку храбри, само модерните времиња носат модерни начини на приоѓање.

    Пак ќе се повторам. Јас некои вакви би ги гледала како манијаци. Зошто некој би трчал по некој друг со месеци? И исто битно, зошто би имала потреба некој да трча по мене со месеци? Овој дел не можам да го сфатам.

    Ова комбинирано со насловот на самата тема, јас го сфаќам како храброст = машка особина. Што не можам да се согласам, ова е навредливо. Дали тоа подразбира женска особина = кукавичлук?

    А ако тема на дебата би требало да биде дали мажите се однесуваат идиотски или не, тогаш треба поинаков вовед, а и поинаков наслов.
    Всушност, сосема нова тема. :D
     
    На candy.cane и black-angel им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Нормално на форум од две реченици ја помалку ја познавам другаркава од тебе, ама искрено ми изгледа како да не и е баш погоден бракот, па сега си прави филмови за дечково што ја осипувал со внимание. А факт е дека тој може до бескрај да ја осипува со најромантичното внимание, ама да не се погодат во многу поважни сегемнти од една врска.

    Како и да е, не е нормално во брак упорно да го споредуваш партнерот со некој друг. Па и во врска, ако си среќен и задоволен во неа, нема да ти привлекува внимание никој надвор од таа врска. Мора во самата врска да не чини нешто, за воопшто да споредиш како би било со некој друг освен твојот партнер. Не мислам на фантазирање тука, туку мислам на каење од ваков тип, ех да решев да бидам со него, наместо со овој.
     
    На black-angel, Tanjamm и ku4ence им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.038
    Допаѓања:
    12.446
    Пол:
    Женски
    Да. Тоа е оти се има предрасуди. Првиот впечаток не мора да значи дека е и вистински. Ама полесно ни е да поврзиме некои асоцијации на токсичност и фино да "го препишеме" на личноста.

    За делот со кученце мислам дека ти е непотребен. Ни на женското ѝ треба кученце, ни на машкото му треба кученце. Жими изигравањето на кученца. Ако некој (било едната или другата страна) треба да моли за нешто да го има по секоја цена, тогаш тоа ти е еден вид на непостоење самопочит.

    @Tan4ence пошто сме ја поддржувале, ете ќе ти кажам. Сум била похрабра од машкото. Доволно е?
     
    На Fleur-De-Lis, faye, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.933
    Пол:
    Женски
    Многу ги испревртевте работите и ја утнавте поентата, никоја не бара да биде мета на мажи, односно манијаци што нема да ја остават на мир со месеци ако биле одбиени, ниту па да има потрчко што ќе го нарекува дечко.
     
    На Fleur-De-Lis, Snowflake97, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Све е кажано:)
     
  20. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Зашо бе мене не ме сакате? :o
     
    На candy.cane, Fauhxy, lovestoneddd и 8 други им се допаѓа ова.