Веројатно нема заради бројни одбивања и од материјалистички аспект... денешно време за машко ако не си богат или славен не се надевај. Тоа е како еден муабет за ноќен клуб. Би се кажало и како синдром. Имате полн со мажи и жени ноќен клуб, но сите жени трчаат по само едни те исти 3-4 мажи. И затоа повеќето мажи не би се ни обиделе бидејќи знаат дека ги чека одбивање или полошо... ќе ги намамуваат, гребат частења и сл. и на крај пак корпа која жените ќе ја дадат ако за ништо друго само да се направат на јака риба пред другарките.
Женско сум, но ги сфаќам до некаде машкиве денес. Имам другарки, пријателки, познанички (24 год сум) кои немаат дечко, и има и такви кои воопшто немале. Кога разговараме на оваа тема, нивните (на повеќето) ставови се дека не можат да најдат, неписмени биле, без амбиции биле, немале пари, немале кола, клошари му биле другарите, не знаеле муабет да прават и тн и тн. Знам дека има машки за кои важат некои од наведениве работи - да се „неписмени“ и глупости да зборуваат за да се „докажат дека се фраери“. Но не се сите такви. Нема перфектен, незнам како очекуваат дека ќе најдат некој таков. Познавам една купа фини момци, интелектуалци. Но биле одбивани и исмевани неколку пати, и им паѓа едноставно самодовербата, и си се сингл подолго време. Финансиите се минливи, и незнам како им се битен фактор на некои женски. Како машкоста ја мерат со парите кои дечкото ги има наследено од мама и тато, а тој утре нема да знае денар да заработи сам?! Инаку, ако мислите во смисла дека се’ повеќе има машки кои не изгледаат како „алфа мажјаци“, носат 10 броја потесни и залепени фармерки, издепелирани се некогаш повеќе и од мене, тешко им е да кренат 1 пакет вода, да стојат на сонце и слично, има и такви. За нив како што рече @Justicija само војска е лек Многу се нервирам кога јас како женско повеќе терет можам да издржам, или имам повеќе „муда“ да кажам јасно и гласно свое мислење, или му се спротивставам на некој. Пред некој ден во Гратски, двајца се караа - машко и женско. Ги одминав со другарка ми, ама почнав бавно да одам бидејќи беше агресивна кавга и си велев во себе ќе ја удри. И почна да ја тепа, си минат мажи и не реагираат. Јас се стрчав да ги одбранам, и во меѓувреме викав по дечко ми кој беше подалеку да помогне. Какви мажи беа тие што одминуваа, не ми е јасно. Па најјако беше што на тепачов другар му беше во кола, и се стрчи и тој со пиво во рака да го брани другар му кој ја тепаше женската.
Сите овде бараат некоја си машка храброст и после истите тие на другите теми ќе мрчат како нема еднаквост. Епа нема да има.
Ако земеш да ги читаш по различни теми за машко-женски односи, мислењата на пола и повеќе им се контрадикторни, мислиш како две особи да им го користат профилот. Одење од една во друга крајност стана практика, а не исклучок.