Мислам дека на овој форум нема ваква тема, па би сакала да ја започнам.. Нормално дека секоја врска има свој почеток и крај, но би сакала да знам дали вашите бивши после се што сте правеле заедно, они сепак шират гласини низ град? И би сакала да знам како се справувате со тоа.. Зошто јас сум сега во врска и нормално дека има работи кои што се наша приватност и кои што на никој не би требало да се кажат.. Но мене ми е страв после оваа врска дали мојот дечко би зборувал за мене се што сме правеле.. Му имам напоменато дека нејќам да се шират гласини за мене, зошто се што сме правеле е наше, а тој пак ми вика се замараш што мислат другите за тебе, што е вистина... Како да го надминам сето тоа?
Каење и озборување од бившиот. Имам слушнато муабети, не некои интимни работи, туку безврска муабети, колку да си го избели образот пред другарите и роднините. Секако дека ме засегнало, колку и да си велиш, ако не е вистина не се нервирај, не е така лесно да не се изнервираш, барем во тој момент. Но, на тие кои ми пренесле, сум им ја кажала и мојата страна од приказната. И не може да допри до тебе кога некој со кој си бил едно, сега е непрепознатлив човек за тебе, некогаш те сакал, а сега како да си му непријател да те оговара. Ова кај мене беше во почетокот, сега веќе не сме интересна тема. Ти ужувај си со дечко ти, и не мисли на вакви работи. Од предвремено нервирање и мислење си ја пропушташ сегашноста со него и убавите моменти.
Каење и озборување од бившиот. Ти го разбрав јас прашањето ама еден друг момент ме заинтригира. '' после оваа врска дали мојот дечко би зборувал за мене се што сме правеле.'' Овде има два момента: 1. Ти веке знаеш дека со дечково еден ден ке раскинеш. Тоа значи дека не си баш сигурна дека тој е тој. 2. Пошто не си сигурна како он би се понашал во ситација 'ако раскинете''- очигледно не го познаваш доволно. И двете водат до тоа да внимаваш малку на тоа како се однесуваш и колку откриваш за себе-ова најдобронамерен совет. Ке ти раскажам една случка од мојот живот. На 20 раскинав со дечко во кој бев вљубена, бевме генерација (значи он детиште невидено) и после 2 дена слушнав муабети кои не требаше да се раскажуваат. Знаеш колку бев гневна?Ми идеше да го згазам како пикавец. После некој месец фатив постар дечко, 26 негде имаше. Му бев желба подолго време, ме опсипуваше со внимание, многу сакаше да се заљубам во него како он у мене. Врска онака опуштена, и ја излегувам со фамозната реченица- е да, а после ке ме збориш низ град. Типот ми раскина. Ми објасни дека такво сомневање нема да не однесе никаде, дека не му треба поголем доказ дека не сум заљубена, дека го повредило моето неповерение....Од оваа перспектива сега, значи после скоро 8 години-имаше право. Ја стварно не го сакав, стварно не му верував, и не го познавав. Затоа- внимавај пре кога си ја разголуваш душата и телото
Каење и озборување од бившиот. Јас секогаш си зборував дека е ѓубре,дека е ваков,онаков.Ама да се разбереме заслужено си беше.Иако не требав,ете од толку што ме повредуваше јас кај секој зборев дека е идиот,дека не заслужува ништо.Ама никогаш не сум зборувала за нашите интимни работи,за работи кои што требало само јас или само тој да ги знае,проблеми по дома исл.А тој,никогаш не кажувал на други ништо за мене, затоа што нема што да каже.Толку љубов и подршка му пружив што неможе никаков муабет да ми извади.И ден денеска ме бара и се кае за направените грешки.Ама доста беа 2000 шанси,веќе не.
Каење и озборување од бившиот. До сега не сум се најдела во ситуација да слушнам озборување од бивши,ниту пак јас сум го правела тоа.Можеби причината поради тоа е што на мирен начин сме се разделиле. Без конфликти и со скандали,туку со доза на пријателство-ако се сретнеме на улица на здраво барем да сме. Инаку според мене ваквите озборувања се многу низок удар. И на сите девојки кои се биле жртви на вакви муабети,би им препорачала да ги игнорираат и да не им придаваат значење.Особено ако станува збор за лаги-Доволно е вие да знаете кој е вистината и да ви е мирна совеста.
Каење и озборување од бившиот. со последниот што бев едноставно откако раскинаме почнал да озборува оште што не сме правиле заедно и сега многу озборуваат за истото ....еден ден го сретнав и го прашав зошто има потреба од такво нешто, тој само се правдаше дека ништо не зборувал, јас го погледнав во очи и тој занеме а бидејки претходно бевме скарани тој наеднаш избувна и ме одмина , едноставно сватив дека е клошар и по неговата реакција знаев дека повторно нема ништо да каже ...
Каење и озборување од бившиот. Нит зборувам,ни го мислам ни па сум чула нешто од него. И така нека остане едно време ме викаше по кафиња нешто сеа другари да сме биле му фалеле муабетите со мене Нема шо да праиме дружби сеа секој по свој пат Не се каам направи да созреам и да научам од некои грешки,следен пат попаметно
Каење и озборување од бившиот. Досега немам слушнато ништо. А и тој не беше таков, барем како таков го познавав. Секако, доколку би слушнала нешто нема да ми биде сеедно, од причина што тоа биле наши моменти и не би требало да ги споделува со никој друг. Да бидам искрена, мене почесто ми се случува да речам дека е идиот или никаков, меѓутоа тоа го зборувам само пред најблиската другарка и сестра ми.
Најискрено да ви кажам имам слушнато разноразни муабети. Ќе раскинат па машкото зборува ова и правев тоа и правев тоа правевме и слично. Ама не верувам во се шо ќе слушнам затоа што има машки што тоа го прават и од љубомора или само да ја повреди девојчето. Мој совет: Ако те сака ќе те разбере, освен тоа без и да му кажеш секој треба да биде свесен дека тоа се ПРИВАТНИ работи меѓу вас двајца и така треба и да остане тоа. Затоа се викаат приватни. Ако беше за пред секој ќе се викаа јавни.