„Доколку возите внимателно, доколку го почитувате законот за сообраќај, никогаш нема да има потреба да платите казна. Доколку дојде моментот да бидете казнети, самта намена на казната е да има влијание врз Вас, да почувствувате по џебот дека нешто се погрешиле и утре да не го правите тоа“, рече Тоше Јанев, портпарол на РСБС. Се сложувам. Внимавајте како возите и нема да има потреба да плаќате казни. За висината на казните ... па тоа е и целта, да помислиме на прекршокот пред да го направиме. Мене до вчера (иако и тогаш имаше закон ..ама лабав некако) многу ме гушеше каишот. Како сега не ме гуши? Дури мислам дека казната треба да биде во согласност со платата. Не носиш каиш - 5% од плата, помини на црвено - 50% од плата, возиш над дозволено - цела плата ) Е тогаш и буџованиве ќе се свестат. Во спротивно што е за некој парајлија 50 евра, смешка. Е сега може и да нема плата, нели татин -мамин син/ќерка...е тогаш платата на мама/тато како основа. И многу важно - се сложувам да се стави ред во сообраќајот, ама да важи за сите
Зарем некој треба да дојде и да ве казни за да сфатите дека ѓубре се фрла во канта, пикавци се фрлаат во канта, не се фрла ѓубре на зелена површина, не се кршат и демолираат јавни паркови, вецеа, не се паркира каде што ќе му текне на некој и многу други работи. Кога ќе почнеме да ја сфаќаме нашата колективна одговорност спрема заедницата? Не велам дека нема такви, но јас не сум сретнал млади девојки да фрлат цигара во корпа, сончоглед да собираат во кеса, хартија да ја држат во рака и се тоа да се фрли во најблиска корпа, туку се се фрла на улица, на јавни зелени површини. На нас човек ништо да не ни направи. Родителите наместо да гледаат цел ден турско-индиски серии и да оставаат малоумни коментари на Фејсбук кои само тие самите ги разбираат нека се занимаваат со своите деца. Полни ни се усните за западно европските држави како биле чисти и средени, па што те спречува твоето катче, твојата улица, твојот двор да го направиш такво место? Запомнете дека НИЕ ја создаваме и сочинуваме оваа наша напатена Македонија. Друг никој нема да создаде подобро место за живеење ако ние самите не работиме на тоа.
И јас се согласувам дека за овој народ да се свести треба само по џебот да се удри. Јас не сум шофер, но денес на мм му купив од бензиска и прва помош и флуоросцентно елече. Абе страв ми е, зошто на „гладно срце„ да давам 40, 50 или 150 евра значи НЕБИТНО. Мм е професионален шофер и е толку сигурен во возењето што апсолутно никогаш не става појас и верувајте сега откако се заострени и контроли и казни и се ама буквално секое возење се расправаме околу тој појас. И за сите што кажуваат „Казнуваат, запираат, цел град врие од полиција и слично„ неможам да сфатам ШТО НЕ Е ЈАСНО. По цел ден „трубат„ на телевизија. Реклами се снимаат, кампањи, се делат флаери. Па нека се свестат зошто оваа (НЕ)култура не води никаде. Тоа што уринираат, плукаат и сл јас го нарекувам невоспитаност, ама ова околу возењето, почитување сообраќајни знаци и правила тоа е суеверие и преголема самодоверба на шоферот (барем во случајот со мм)
Некои казни и треба да ги има. Плукање по улица, мочање на секој втор ќош и слични глупости треба да се казнат. Брзо возење треба да се казни. Зошто бе да се сељачи некој по улица? Зошто некој да ми 'рка на секој чекор? А има некои и екстремно глупи закони како што е оној за кал на гумите. Дај асфалтирај ги улиците па после воведувај такви глупости. Има градови чии жители се занимаваат со земјоделство и што да прават тие сега? Да не правам муабет за тие што живеат во село. А и глупо е тоа што една казна изнесува една и пол просечна македонска плата што е многу. Да, во другите земји има казни ама немораш да работиш 3 месеци за да платиш една казна.
Ова е една од предвидените мерки ако загадувањето десет дена по ред ја надмине горната граница. Во тој случај автомобилите би возеле секој втор ден, зависно од тоа на која цифра завршува регистрацијата: пр. понеделник возат непарни, значи SK 0115 хх, BT 567 хх, итн, а во вторник тие со парни броеви
50-че во евриќи исто ако не носиш сообраќајна,а управуваш со возилото. Ако ја платиш во рок од 8 дена пола. Последната бројка од регистрацијата Пр: денес возат 2,4.6.8.0 утре 1,3,5,7,9. и се така по ред. Се сеќавам едно време во социјализмот имаше таков закон.
Не е лошо кој знае да наведи голем дел од новите мерки и закони плус цени за казни, па да знаеме конкретно за што збориме.
Новите мерки што е најавени по медиумите се уште не важат, затоа што законот не е влезен во процедура. http://www.pravdiko.mk/wp-content/u...-na-soobrak-ajot-na-patishtata-19-04-2007.pdf Еве читајте кој што го интресира кој пркршок колку чини. Понатаму им измени и дополни кои што можете да ги најдете на истата страница.
Колку што прочитав набрзина, опфатени се скоро сите правила кои секој возач треба да ги знае и почитува. Казни од 10 или 20 евра не се многу, а тие поголемите од 300 па нагоре ти се кога одиш на руски рулет, или ќе згазиш некој или не. Па затоа и треба да се толку. Е сега друга работа е што во Мк, барем јас кога полагав, се потплаќаа инструктори, се даваа софри, само да се помине од прва пошто знае син ми да вози, ееее од мало му давам колата по да ја вози. А што знае за сообраќајна култура? Ништо. Ама знае да цвика гуми пред женски и да дава гас на автопат. Тешко му е теорија да читне па ќе платиме некој од внатре да му ги покаже одговорите. Дивина е во Мк кога се работи за возење, секаде ќе возам ама во Мк најмногу страв ми е. Не знаеш од која страна кола ќе излезе, исто и за пешаците. Си одат слободно на сред пат па тебе што ти е работа заобикувај ги или свири да видат дека кола има на патот и дека треба на тротоар да се качат или ако нема барем по крајот да одат. Прво казни за автошколите, после и за останатите.
Јас апсолутно се сложувам дека секој кој прави прекршок по било која основа треба да се казни, но ќе потенцирам СЕКОЈ. Ајде статистички нека ми кажат во Арачиново колку казниле, нека ми кажат по другиве ш села колку казниле. Секако дека ( ш ) се граѓани од ,,втор,, ред и дека тие не треба да се казнуваат туку тие треба да држат оружје дома ( нелегално ) па кога ќе им текне да забодат нож, да испукаат но како граѓани од ,,втор,, ред треба да ги наградиме што државната администрација е преполна од нив. Ајде да видиме кога народот се учи на ред да тргнеме дека имаме констатација ( ,,јавна тајна,, ) дека скоро и да нема во Арачиново стар-млад пиштол. Дури мислам дека и дете кога ќе им се роди под главата му ставаат за да го задојат. Ајде кога веќе почнале нека се направи акција во Арачиново и нека платат казна сите што поседуваат нелегално оружје. Ама после ќе се загуби подршка на многу гласови. Епа не може бе ова македонче да ќути. А ќутиме и се додека ќутиме, ќе преживуваме со 10000 денари месечно и ќе умираме. Ај се надевам дека амбулантиве со лечење од ддепресија ќе ни помогнат. народот е во депресија зошто е ГЛАДЕН. ФАЛА МНОГУ, ПРИЈАТНО!!!
Баба Дара се сложувам за тоа СЕКОЈ. Арно ама не значи дека на НИВ им се прогледува низ прсти (да не речам им фуфка од НИВ токму поради “јавната тајна“), ние треба да бидеме не внимателни. Кај пола од населението овие казни да предизвикаат зголемена свест, ќар сме. Колку повеќе свесни возачи толку помалку карамболи по улиците по кои одиме јас, ти, нашите деца...
Епа sanjaeva сега ќе ти кажам џабе јас ти и други што ќе пазиме дали поради свест или поради казни кога таткото за да се искупи за своето невнимание купува скапо ауто и синов пошто не може на друг начин да се истакне ( цел живот занемарен 0 без љубов, го ака џипчето и акнува невини луѓе токму они кои толку многу пазеле. Малку забегуваме од темава - прашањето ми беше дали се сложуваме со некои казни од типот пријави семејно насилство? Како прво никој нема право да се меша во туѓиот живот. Ниту се мешам ниту пак сакам да ми се мешаат. Секој што прави нешто мора да има цврста причина за сето тоа. А никој работоспособен не треба да трпи.
Треба казни за да дојдеме до некаков ред во државава,но болно е што законите не важат подеднакво исто за сите.
Казни мора да постојат во едно општество.Па како поинаку ќе се контролира маса на народ.Ако не се тие знаете каква анархија ќе настане?Е сега кај нас е сосема друго што има делови од државава кај што не стапнала полициска нога,се буткаат судски пресуди во фиоки на челни луѓе.Само обичниот граѓанин кој стиснал малку повеќе на гас да си дојде дома побрзо зашто му е смачено од работа,(во тоа не го ставам бесното мозење на коли и мотори),паркирал на погрешно место,ќе си плати.И тоа е тоа.Ни останува само да бидеме повнимателни,зашто не сакам на тој начин да го полнам државниот буџет.
Не можат да бидат во сооднос со плати. Знаете зошто? Ќе си речеш нека ме казни бе ќе платам, а вака ќе се замислиш малку пред да направиш прекршок. Мене не ми беше лесно кога истресов 11.000 денари е сега види ме како се однесувам. Море не каиш и ортома ќе си врзам околу вратот ако треба.
Значи треба да чекаме да не казнат па да ни дојде паметот. Не мислев на плата од 12000 казната дека треба дда биде 1200,ама да биде 18 000? Не се согласувам. Си полниме нечии буџети од кои ние не гледаме никаков аир.