Казни, казни, казни

Дискусија во 'Политика и настани' започната од babaDara, 2 ноември 2014.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Море и тоа е малку. Е сега за Бејрут (како сакате наречете го) и ние плаќаме.
    Не дека и таму не казнуваат, ама не колку од оваа страна на реката.
    И јас сакам сооднос , ама нема.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Срце, ако претходно си ме читала ќе сфатиш дека јас само жени гледам во животот :P

    Јебига, хетеросексуалниот хормон кај мене е многу силен:angel:
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Де, па не мора секој ден да кршиш закон. Рачунај и распоредувај според буџетот , ако се мора прескокни некој месец тој луксуз :D
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Ве читам сите вас што сте про-казните и се прашувам со кој ли дедергент ви е испран мозокот.
    Значи толку да не се размислувало со своја глава и да не може да се направи разлика помеѓу воспитна мерка и репресирачка методологија тоа е чудо.
    Покрај тоа што казните во рм се драконски и не соодејствуваат со животниот стандард туку и селективно се применуваат, овој е наше дете, овој има вујче ваму, овој вееше знаме во штаб, трет жена му е во влада, да казните се дисциплинска мерка но овде се применуваат за дисциплирање на политички не-коректните и се начин за полнење на буетот, ало кај го има тоа една влада да има планирано 20% од буџетот да се полни од казни ?
     
    На DraTilHelvete, okcenzi и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Добро да ве прашам сите вас со мислење за буџетот полнење.
    Што мислите во другите земји од што се полни државната каса А!?
    Од даноци (што кај нас уште владее сива економија) од казни, од разноразни давачки. Овде кај нас сите чуваме пари под перница, а таму мало морген. Распослани разни кутии тезги немање фискални, газди со непријавени работници, неисплаќање на плати за одмор, боледување, парагончиња е нема да може така.
     
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Сигурно дека не се полнат со казни со толкава разлика од платата за баналната казна,додуша платата на казнмениот е уште побанална,пошто за оние што не земаат банална плата,казните не важат.
     
  7. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    [​IMG]
    Оваа мудрост каде ја слушна ?
    Одиш во продавница плаќаш 18% ддв на секој производ + акциа на одредени производи а на бензините на државата и даваш 60% од цената. Значи секојдневно на се плаќаш данок.
    од плата даваш 10% персонален данок + здравствено и инвалидска за кое недај боже да ти притреба ако отидеш на државно подобро да си умреш.
    на струјата плаќаш ддв18% плус 33% ангажирана моќност плус уште неколку скриени давачки.
    Сива економија во македонија ? Кај кого е таа сива економија ?
    Колку треба да си дебил за да оправдуваш државата да ти одзема 40% од платата плус да ти наплаќа 60% за акцизи , плус да те казнува ?
    Освен ако не си вработен или имаш некој близок во јавна паразитска администрација не гледам друга логична причина да бидеш идиот.
     
    На DraTilHelvete, okcenzi и DeepBlue им се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Море. Додека не измислат казна за флатулација без да се носи шише и затка, трајте си :rofl:
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.098
    за да се донесат некои работи в ред мора да постојат казни ама истите тие треба да бидат според стандардот, неможе да бидат казните толку високи ко на факинг запад. Треба ли да ти објаснувам зашто неможе?

    казна за некој ако испрскам? а нели треба државата да му плати на испрсканиот затоа што јас сум го испрскал оти улицити се беда и пливаат у вода, дупки секаде во кои се задржува вода па за кој к сите ни палќаме кога регистрираме кола си се запрашал/а?

    казна за кал на гумите? па најпрво треба сите улици да се средени па да воведеш оваква казна или сеа оние кај што не им се напраени улиците да земат да ги асфалтираат а?

    на Скопје 2014 знам еден куп непријавени што работеа (а таму можат да влезат само фирми блиски до власта) али не важат за нив законите
    треба ли да зборам за тоа дека ги принудуваат да ги вратат платите од к-15 откако ке им легнат на сметка, за тоа дека се пијавени на минималец а останатите пари им ги даваат на рака....
    али џабе си зборам знам тое
     
    На DirtyQueen, okcenzi, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Баш проверив сега за казни и цени во земјата во која сум (ќе ја наречеме странство:D), и споредив со сумите што се на претходната страна за Мк. Соодносот на сума на одреден прекршок и просечна плата, ист е. И тука за поголемите прекршоци плаќаш колку една просечна плата па и повеќе. А за поситните прекршоци тука плаќаш па и малку повеќе отколку во МК.
     
  11. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Зошто воопшто мислиш дека ако во “ странство’’ се високи казните по афтоматизам треба исто да биде и овде ?
    Во саудиска арабија казната за шетање без бурка е каменување, во иран ако те силуваат треба да докажеш со тројца сведоци , ако го повредиш силувачот додека те силува се соочуваш со смртна казна.
    Зошто факинк се запнувате странство па странство државата па државата, државата како институција постои поради луѓето во таа држава не обратно.
    Колку треба да сме залутани со паметот за да мислиме дека се што се случува во странска држава или пак во матичната држава е во ред, да казни како воспитна мерка треба да постојат не велам дека не треба да постојат, но државните уредувања во светов моментално така се насочени за тотална експлотација на единка, и кога ќе чујам дека државната каса требало да биде полна!?
    Зошто !?
    Па државата како држава треба да обезбеди патишта, лекување на населението, заштита од надворешен и внатреше непријател и да ја олесни трговијата, моментално немаме ништо од тоа,имаме партиска држава која што од секој можен агол не прави робови за да работиме за што пониски плати за да мало малцинство се обогатат уште повеќе, тој што има да има уште повеќе тој што нема за леб да трпи.
    Абе без куршум и пушка не утепаа, без зрно барут мртви.
     
    На Dvolicen и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.365
    Допаѓања:
    142.444
    ОК се казните, особено сообраќаните. Во сообраќај многу често не добиваш втора шанса. Затоа подобро е да се плашиш да направиш глупост, отколку да направиш глупост со фатални последници. Имам впечаток дека сообраќајните казни имаа влијание врз сообраќајот во Скопје. Ако не друго, барем на пешаки можеш да поминеш на раат. Знаете ли колку пати на пешачки со количка со бебе сум чекала и по 10 минути некој да се смислости и да ми застане за да поминам?

    Јас сум поборник за ред и дисциплина, ама инспекциите и казните на приватниот сектор мислам дека се претерани. Прво опомена, наместо директно казна.

    И најважно од се' - селективниот пристап е она што иритира, а за жал не верувам деа ќе се смени. Иако верувам дека и во многу поразвиени земји со пари се' се решава.
     
    На Abeja и Daleron им се допаѓа ова.
  13. V1oletFemme

    V1oletFemme Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Што би направиле ако работите во приватна канцеларија од 40 квадрати, без вентилација,а околу вас четворица пушачи со вкупно 12 испушени кутии за тие 8 часа работно време.Ако спомнеш дека е нездржливо за дишење прво и основно, магла е цело време внатре, го креваат носот и викаат ако ти одговара седи ако не барај си друга работа, ја не планирам да прекинам со пушење.
    А јас планирам бременост и како ќе седам у пушница. Не се лоши луѓе ок си е платата на време ама чадот не се трпи...И што ако ги пријавам кога имаат врски и нема да ги казни никој !!!
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    @DebbieLegg
    Ти гледам Македонија ја оправи теоретски па сега тргна и другите држави. Ако не ти чини пресели се на Марс.
    Само споредба направив затоа што се пишуваше како казните биле преголеми во однос на стандардот.
     
    На Hipica и Daleron им се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Кал на гумите? Бре ова мдиумиве партал прават. Па ако се донесе таква казна сите по еден вап треба да си носиме во колите. Како ќе се калосуваат оп излегуваш и переш.
    Улиците во руралните средини ни се супер.:?:
     
    На malata59 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Вчера имало големи рации по албански, турски и босански продавници низ Чаир, Сарај, Тетово, Гостивар и Струга. Ајде да видиме дали ќе ги казнат со астрономски казни како што ги удираат Македонците.
     
    На okcenzi и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    А како простово Македонско човече ке се научи еднаш за секогаш дека не се р'ка и секне нос на сред улица,како ке научи дека неможе да вози по улициве како да е на рели пошо увек е у журба негде освен ако не го истресат по џебот ?!? Таков ни е паметот и менталитетот додека не ни дојде јајце под гз уво не не боли за ништо. Кај сакаат нека идат тие пари и кај Грујо и кај Бранко и у буџет и у споменик само да не глеам коа ке застанам на прозор со кафето и цигарата како некој секне нос на сред улица и притоа без срам и перде го лепи на зградата. Гадно не гадно на муабетов ама ми идеше да се исповракам коа видов ми преседна и кафе и цигара и се !!! Е истиот тој да му улеташе џандар да му пише казна дека се понаша ко пештерски човек утре 10 пати ке размисли дали пак ке го залепи мрсулот на зграда. Абе гаден народ сме и во манири и во душа !!!

    Улиците да , се сложувам дека дупка до дупка се ,ама бре ако си у кола Господ за му*да не си го фатил.Очи имаш,гледаш дека пешак иде по тротоар па подзакочи мајкуму стара немора да шибаш ко формула 1 и жива вода да го напраиш !!!

    Пијаните говеда после град нејкам ни да ги коментирам што праат со колите по улициве а мегу другото па и паркирани под прозор ја урлаат Цеца од кола . Стоки бре, стоки ! Кај мене на раскрсница секој 3 ден има сообракајки пошо кретенчини возат коли што не ги почитуваат правилата на автомобилизмот.Секој 3 ден,некој пат лабаво ке се чукнат ама имало и ситуации кои стигнале и до новина со повредени лица.

    Факт за нашиот народ е дека додека не биде удрен по џебот памет во глава нема да има . На тој принцип функционираме и тоа е тоа. Ако можам губрето во ташна да го држам ако неам канта во близина кога сум надвор за да не го фрлам на улица ,тогаш ке можат и другите.
     
    На Someonespecial, galapce, Elena69221 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563

    Да се самоцитирам од пред некој ден.


    Законот против пушењето во аут: Се пуши насекаде, дури и во болница

    Во Гостивар и во поширокото подрачје, многу закони воопшто не се почитуваат. Можеби констатацијата е преостра, сепак има поединци кои ги почитуваат законските одредби, но тоа е како капка во море, пишува во својата анализа Утрински весник.

    Во рестораните, кафулињата, чајџилниците, во јавните институции, дури и во гостиварската болница и во другите здравствени установи, пушат лекарите, медицинските сестри и другиот персонал, па и пациентите.

    Оваа констатација многу лесно може да се потврди со мала прошетка низ градот во секое време. Се пуши насекаде, пушат и оние кои треба да го спроведуваат законот, а за останатите не станува ни збор. Во голем дел од објектите има поставено знаци за забрането пушење, но на масите има пепелници и гостите слободно си пушат.

    Законот за забрането пушење, колку-толку, се почитуваше во почетокот кога стапи во сила и во деновите кога инспекциите спроведуваа позасилени акции. Меѓутоа, во последниве месеци и години, гостиварци како да го заборавија законот, се однесуваат како да не постои.

    Целата сторија ОВДЕ.


    http://emagazin.mk/законот-против-пушењето-во-аут-се-пуши/

    http://falanga.com.au/vo-gostivar-i-tetovo-se-pushi-nasekade-duri-i-vo-bolnica


    Ете за тоа сум против казниве, дека кај нас овој закон од денес пак не важи иако вчера имаве голема акција ( за која предвремено беа информирани сите ). Значи некој од мвр или од овие др инспекториве се јави кажа и цел гостивар не пушеше по кафани и дискотеки. И овој закон и овие казни ќе ги стигнат само тие од Кочани, Виница, Валандово, Пробиштип итн... И пак нема да важат за Гостивар, Кичево, Струга, Тетово, Чаир, Сарај, Арачиново .....

    И доста веќе со тоа дека треба казни да има. Не НЕ НЕ не треба. Затоа што не важи насекаде исто во оваа федерализација и КРАЈ.
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    За жал немаше казни, затоа што бевме информирани уште пред да тргнат мвр и ујп за Гв. Да да да. Ушт
    е од 4 часот му јавија на другарчето мое дека ќе доаѓаат и сите пепељари ги извади и никому ништо. Не се лажете и не верувајте ако прочитате некаква вест дека биле некои локали казнети. Не.

    А после акцијата оп излегоа учките да јадат трици на тв

    Министерот за економија Незири негодува на акцијата на УЈП и МВР

    Акцијата на Управата за јавни приходи и Пазарниот инспекторат водена под силна асистенција на специјални полициски сили, предизвика остри реакции од министерот за економија Беким Незири.

    [​IMG]Тој најави дека на следната седница на Владата ќе побара одговорност за тоа кој ја организирал акцијата која вчера беше спроведена во Старата скопска чаршија, Чаир и Сарај. Од министерството за економија за 24 вести велат дека реакцијата не се однесува на тоа дека во овие општини се испратени инспектори, туку затоа што во нивна придружба наместо униформирана полиција биле испратени специјалци.

    Целосна ја поздравуваме контролата на УЈП и Пазарниот инспекторат во делот на контрола за почитување на Законот за пушење и за фискални сметки освен во делот на специјални полициски сили. Се работи за акција на УЈП и Пазарна инспекција кои одат со придружба на униформирана полиција, но специјални сили се праќаат кога има отпор и кога се јавуваат проблеми при самата акција. Во вчерашната акција ниту еден од дуќанџиите ниту дал отпор ниту имало инцидент. Старата турска чаршија има специјален статус како туристичка атракција за странски туристи и со ова само правиме лош имиџ за државата.

    И од УЈП потврдуваат дека проблеми во вчерашната акција немало и дека проценка за тоа каква полициска асистенција ќе биде испратена прави МВР.

    Од МВР побаравме одговор за тоа зошто е донесена проценка дека постои потреба специјални полициски сили да ја придружуваат акцијата.

    Испратени се полициски службеници и јас не знам која единица е пратена, дали се тоа специјални сили, ЕБР или некоја друга единица и сметам дека тоа е ирелевантно. Полицијата постапи согласно законските ингеренции и правилникот на постапување кои се применуваат на територија на цела држава. Досега немаме забелешки дека во акцијата полицијата ги пречекорила овластувањата, а доколку некој смета дека има било какви пречекорувања треба да поднесе претставка до Внатрешна контрола.

    Во акција на инспекциските контроли на МВР, УЈП и Пазарна инспекција изминативе три дена во Куманово, Скопје, Струга, Радовиш и Тетово спроведени биле контроли во 53 објекти од кои во 29 биле утврдени неправилности во делот на фискализацијата.




    Акција на УЈП и МВР, во ДУИ спротивставени ставови


    Додека граѓани Албанци се жалат на прусиството на голем број тешко вооружени полициски специјалци, функционерите Албанци си ја префрлаат вината еден на друг за тоа кој побарал полициските сили да излезат на терен. Заменик-директорот на УЈП, Аргетим Хасани, вели дека УЈП не побарала полициска асистенција, како што вели заменик-министерот за внатрешни работи Ќамили. Напротив, според Хасани, полицијата побарала да дојдат инспектори на УЈП.

    „Јас треба да го демантирам заменик-министерот бидејќи целата акција е по барање на МВР. Можеби заменикот-министер ја немал оваа информација. Немало потреба, најискрено да ви кажам. Нашите инспектори ги повикало МВР. Треба да бидете толку инспектори во тоа време ги зимаат и ги носат таму и им кажуваат во кои населени места ќе вршат контроли. Никој не е против контролите, луѓето треба да се внесат во системот, мора да се почитуваат правилата, но таквите спектакли што ги прави полицијата и потоа топката сакаат да ја префрлат кај УЈП, тоа не е коректно“, рече Аргетим Хасани, заменик директор на УЈП.

    Вчера заменик-министерот за внатрешни работи рече дека УЈП и Пазарниот инспекторат побарале полициска асистенција, а МВР според него е должно да ги обезбедува таквите акции.

    „МВР во соработка со УЈП континуирано спроведуваат акции и ќе продолжиме со тоа по барање на УЈП. Значи, тие бараат асистенција од МВР, а ние им го овозможуваме тоа“, изјави Земри Ќамили, заменик министер за внатрешни работи.

    Ќамили денеска не сакаше да ги коментира обвинувањата на Хасани. Вчера пак, присуството на големите полициски сили во албанските населени места го критикуваше и министерот за економија, Беким Незири.

    „Министерството за економија, но и јас како министер сме категорично против овие акции и лично на следната седница на Владата ќе побарам одговорност од оние кои ја организирале оваа акција со образложение дека тие што имаат дуќани во Старата чаршија долги години работат на развивање на нивните бизниси. Ако за Република Македонија чаршијата е главна атракција, тогаш ние како Влада и министерство не смееме со големи полициски сили да вршиме акции за фискални каси“, рече Беким Незири – Министер за економија.

    Портпаролот на МВР, Иво Котевски, вели дека станува збор за заедничка координирана акција на МВР, УЈП и Пазарниот инспекторат.





    Денеска колегата аљбанац на работа ми вика, извини ама она акцијата од вчера беше ептен нацистичка. Му викам да не мислиш националистичка и ми вика да бе. Ете со 200 специјалци дошле, ама не е така добро, тие ако сакаат нека дојдат инспекторите, а не да идат со полиција. А јас му викам, не бе секаде е така низ цела Мк, а тој упорен не бе не само кај нас така прават. Го гледам, се чудам и му викам “ па и кај македоците во кафани беа“, ми вика “ ама вие не се плашите од специјалците“ оф леле оф. Е добро де му реков “ ние се плашиме од арм пошто пола од нив е учк. Виде дека нема муабет со мене и цел ден беше љут на работа. Боже боже. Е моја чудесна земјо. Закони само за македонци важат. Инспекција без полиција влегува само кај македонци, а никогаш кај аљбанци.

    А колку инспектори едвај спасиле жива глава кога оделе без полиција, само тие си знаат. Треперат од страв ако им се спомене некое од околните села или некој локал од аљбанац.

    Полошо не ни било ни во туркско. Тоа е. Си го продадовме гзот за фотељи.

     
    Последна измена: 10 ноември 2014
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    И јас сум ЗА казни, ама со парични казни ништо нема да се постигне. Сиромавиот кредит треба да крене за да исплати една казна, а богатиот или нема да ја плати (си има вујко владика), или таа сума не е ништо за него, ко да купил Фанта од маркет.
    Спомна некој да се направаат казните во сооднос со примањата т.е. на процент од плата. Мислам дека тоа би било пореално решение.

    Но најдобро, според мене, е да се казнува поинаку. Земи му ја возачката бе. Ама не на 3-5 месеци, ќе се лажеме сега. Земи му ја година цела да не смее да вози. Тогаш нека види како ќе го боли. Или пред/после работа нека оди да извршува community service: 4 часа казна.
    Парите - се трошат и се заработуваат. Ама времето - е тоа не се враќа.
    Кога ќе сфатиш дека пола месец си немал време детето да си го видиш зашто наместо 8 часа, си бил отсутен 12 часа од дома, е тогаш ќе помислиш дали ќе ги прекршуваш законите. А казната од 300 евра не се споредува со претходново.
     
    На mims-89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.