1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Казни, казни, казни

Дискусија во 'Политика и настани' започната од babaDara, 2 ноември 2014.

  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Казните се само изговор за воведување на ред .Неприфатливо ми е казна од службени лица со несоодветно образование (и култура),неприфатливо ми е дискриминирачки пристап ,неприфатливо ми е кога поради одредени случаеви се вовоедува таканаречен ред (за сите ) без да да се увиди реалната ситуација на терен и да се направи проценка .Неприфатливо е кога неможеш да докажеш а си обвинет поради туѓа лоша проценка.И јас сум возач но пред се и пешак .Нека размислат дали казните се премногу мали за пешаците и претрчувањето насекаде .
    Еве веќе се водиме по европски правила и казни ,да видиме дали статистички ке има ефект-и на подобрување, или повторно САМО возачите се виновни .
    Мислам дека пристапот да (бил) МАЛЦЕ по толерантен со опомена,па за нареден прекршок казна и на крајот се разбира нешто по сурово како одзимање на возачката на подолг период или трајно (сите ) ке си размислиме како (и каде) ке возиме.Вака само ГОЛЕМА парична казна се сведува на ИЛИ плаќаш 50% за 8 дена или одиш по судови и плаќаш на св.НИКАД :D (со кредит ) :!:
     
  2. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    За акцијата на УЈП и МВР во Тетово што е спомната на темава пред една недела, таа вечер Тетово личело на град под окупација и според списокот, беа ангажирани повеќе припадници на ЕБР отколку што имаше полицајци во 2001год без резервниот состав. На секоја раскрсница имало припадници на ЕБР со полна борбена опрема за да можат инспекторите на УЈП да затворат 20тина локали поради пушење и неиздавање фискални сметки, а истите локали се затварани барем пет пати претходно без употреба на полиција или ЕБР. И што е најтажно, повеќе од пола од затворените локали веќе утредента биле повторно отворени и си работеле најнормално.
    Баш ме интересира чија беше оваа глупава идеја така филмски и беспотребно да се употреби ЕБР во центарот на Тетово, кој ќе ги плати дневниците на припадниците на ЕБР за оваа очигледно неуспешна циркузантска акција и дали некој ќе сноси одговорност за истата или толку беше, заврши претставата?
     
    На MoreNa-22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    20 годишен од Батинци со иницијали Џ.М., без да закочи, со огромна брзина со својот веројатно прошверцуван Туарег, прегази и усмрти 16 годишно дете, кое ја преминувало улицата на пешачки премин.
    Проклетникот бил под акутен стрес, во медиумите религиски говори и обид да се олесни случајот, каде е казната тука. Во нормална држава ова би се решило по брза постапка, жално е само што и да се задоволи правдата, тоа нема да им го врати детето на родителите.
    Во периодов на тековната кампања, за жал се случија неколку тешки сообраќајни несреќи, меѓу кои оваа е најтрагична од која треба да видиме како ќе се казнува.
     
    Последна измена: 16 ноември 2014
    На buba4e89, Tanjamm, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.181
    Пол:
    Женски
    Знаеме дека законот се спроведува со казни. Ако не се казните зошто би биле законите. И додека не се научиме на ред нека си постојат. Меѓутоа не е работата само да се казни народот, треба некако и да се заштити. Неколку пати ни се дешавали помали кражби дома, ке пријавиме, ке доат, 2-3 реда муабет, колку според вас е штетата, 100-150евра, и одма следи оноа: еее какви кражби има милиони се крадат, вие 100-150евра загуба сте имале. Па ако е така какви злодела се вршат зошто јас да бидам казнета ако плукнам.
     
    На Tanjamm и Spidy им се допаѓа ова.
  5. DraTilHelvete

    DraTilHelvete Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае што е работава државава праќа писмо да отидеш да се прегледаш крвна и ЕКГ . Моиве спомнаа демек те казнувале ако не се појавиш . Дали некој знае колкави се казниве?
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Казната е за матичните, а не за пациентите. Законска обврска на секој матичен лекар е, еднаш во годината да има крвна слика од сите пациенти и затоа праќаат потсетување до пациентите. Ако сакаш да си го зезнеш лекарот не мора да одиш и да направиш. На крајот на краиштата за нашето здравје се работи, а во прашање се само 180 денари.
     
  7. DraTilHelvete

    DraTilHelvete Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Јас се извадив од памет пошто не живеам овде . Неам матичен , неам ништо овде . Да не ме дочека некоја казна коа ќе се вратам после 2-3 години на посета
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.236
    Докторот мислам дека ке биде казнет ако не те извести, не ако не отидеш. Не може заради твоја неодговорност или неможност оправдана, он да плати казна. Твое е дали ке сакаш еднаш годишно да се провериш како ти е здравјето,негово е да ти каже.
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Законите се создадени за да се прекршуваат. ]:)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дека претераа донекаде претераа, казна за воа казна за она - некако сакаат одеднаш да рипнат 10 скали....епа неможе ќе се сопнеш.
    Од друга страна пак, на пример не сум луд возач па и не му се плашам од тој тип на казни. Ама пример за гумите, а ти си ми дал ли мене основна плата јас за да преживеам а не па нови 4 гуми да купам. - е тоа ме нерви, стандардот на казните е голем а платите не.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Svirete ja kazni kazni tivko polekaa....:P
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Добро, ако ви пишат казна за сообраќен прекршок дали мора да ви ја врачат да ја потпишете?Еднаш јас и друго лице се возевме без кацига, не фати полиција. па не заплашуваа дека ќе ни пишат казна, а беа Албанци и двајцата, па запишуваа податоци на лист, матичен, име презиме, на родители, адреса, по што не пуштија. Поминаа оттогаш неколку години никаква казна не стигна за плаќање. Дали за вакви казни ги даваат луѓето на извршител или не?
     
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Можно е да стигне и подоцна , не е важно колку години поминале . На маж ми му има стигнато казна во 2020 година ( казната е пишана во 2015 година ) за возење после 23:00 часот ( го фатиле кога се враќал дома , неколку минути по 23:00 часот ) , по што пуштивме жалба дека е застарено дело . Мислам дека се заврши со судски трошкови , во износ од 1.000 денари .

    Е сега , бидејќи тој период , маж ми беше постојано на работа , тие обврски ги бркаше свекрва ми , така што , не ме држи за збор , можеби и со врски ја протнала работата , ама знам дека ако ти стигне казна после неколку години од добивање на истата , можеш да пратиш жалба за застарено дело во рок од 8 дена ми се чини ..

    Сепак , доколку ти стигне казна од пред години , консултирај се со правник , бидејќи јас лично не сум правник , тој најдобро ќе ти каже . Јас само од искуство кажувам . Секое добро , поздрав .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Не ми стигна. Туку кажувам дека не сретнаа двајца Албанци, бевме без кациги, па не моткаа, чекаа да ги молиме да не ни пишат казни, ни запишаа поцатоци на еден лист и рекоа ајде одете си. Ништо нешто ни врачија, ниту нето потпишавме, ништо. Поминаа 7 години, нема ништо од тогаш. После служнав од енда инспекторка од МВР дека не можат така лесно да пишуваат казни ако не е мешаната патролата, затоа што можеш да се пожалиш на селективност.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Нема ни да стигне , кој знае на какво ливче пишале , на тикет некој од обложувалница :rofl: , или воопшто не го регистрирале во станица , штом по 7 години не стигнала ..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Па не

    Не зезаа. Нели кога ти пишуваат казна треба да ти ја врачат, и да потпишеш. Овие не зезаа и после ајде одете си. Треба да потпишеш или не? Јас мислам треба.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Треба колку што знам . Една останува за нив потоа , една за тебе ( оние листовите што се копира на листето под него , такви се и казните ) тебе ти го даваат она како копија што е .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Ништо такво не ни дадоа. Сепак, тоа е МВР и не треба да се однесуваат така, да се шегуваат. Или пишувај или не се зезај. На што личи тоа? Друго двајца Албанци не смееле така лесно да пишуваат казни за да се спречи селективност, така слушнав не знам дали е вистина. Порано во институциите влегуваа квалитетни кадри, а сега шљамот е таму, и тоа е.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Знам , да . И во Тетово секогаш има по еден македонец во смена , ретко да се двајца албанци или двајца македонци .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ееепа оваа држава само зема, а ништо не дава за возврат. Рекетарска задруга.