1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква е вашата врска?

Дискусија во 'Врски' започната од gloriabebo, 6 ноември 2018.

  1. gloriabebo

    gloriabebo Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    104
    Здраво женски!
    Не знаев како да го напишам насловот па нека остани вака.Ако има ваква тема може да ја избришете.:)

    Ме интересира во каква врска сте?
    Дали давате и примате внимание на/од партнерот?
    Што ви е најубаво во врската?Како ја одржувате врската?
    Дали се расправате и поради што?
    Колку време поминувате заедно?
    Како функциониарте карактерно?Дали се согласувате?
    Каков ви е интимниот однос?
    Дали сте задоволни од изгледот на партнерот и неговите животни навики?
    Едноставно каква ви е врската и дали сте се запрашале некогаш дали вашиот партнер има потенцијал да ви биде иден сопруг и сопатник.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    1) Врска не би била врска во вистинска смисла на збор ако нема љубов, внимание, разбирање. Така да, да, си посветуваме внимание. Многу нормално, си излегуваме со пријатели, имаме засебни друштва, ама секогаш прајме бар еден сат во ден кога сме слободни за себе и еден ден неделно задолжителен дејт најт, со одење на вечера, со одење дома заедно и слично. Не е ова некое правило, туку рутина која ја напрајвме на неќење зошто испадна дека ептен ни одговара на типот на живот кој го водиме.

    2) Во врската е најубав разговорт, галкањата. И нормално е да фати и монотонија и извесен период да сакаш да прајш нешто засебно, ама за да се разбие таа монотонија мора да се внесват нови работи, активности, запознавање нови луѓе, одење на нови места, поќе теми за разговор. Често во теми за љубовни проблеми сите се нервират кога како совет добиваат разговор ама разговор е клучен за успешна врска.

    3) Мислам дека нема пар кој се нема скрчкано. Знам во ФМЌ имаме за ова дискутирано, ама сите парови се караат, ама "пријателски". Некои слаби замерки, heated discussions, макар и различни гледишта, ама успешност е после то да некој попушти, зависно од карактер или да се напрај компромис. Ние ретко се расправаме, сем за име за дете кое не го планираме во блиска иднина.

    4) Порано врвевме многу време заедно, сега не толку ради обврски. 3-5 пати неделно се берат, шо е реално многу почесто од поќе парови кои ги познаваме.

    5) Карактерно сме ... Делумно различни. Тој е отворен, друштвен, многу добар, јас сум спротивно од то. Ама гледиштата за скоро се ни се исти.

    6) Интимен однос кога подобар, кога почест, кога поредок, пак ќе речам, зависно периодот и колку слободно време ќе се најди. Многу често се случва да ни се излегва на двата, ама прво да поминам до кај него зошто недостигаат нежности.

    7) Јас сум презадоволна од неговиот изглед, мислам ко го запознам се излигајв. Иако, тој мисли дека не е можно да ми е убав физички зошто сите celebrity crushes ми биле многу различни од него.

    8) Апсолутно има потенцијал да ми биди идниот сопруг. Има деној кога се осеќам особено заљубено и ми се чини да ми речи "ај се венчаме сега" би рекла да, иако реално, не сум баш спремна за тој чекор.
     
    На worrieddd, vrapce.b, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.