Денес на Фејсбук може да се најдат многу групи од типот Љубовен статус: -изневерена - мала сум уште за врска -растурам бракови - работиме на случајот -размислувам да се замонашам -мојот случај го нема на ФБ менито -заљубена, сакана, пресреќна Како стоите на љубовен план девојки? Дали сте сингл, во врска, во отворена врска, во врска, во врска без врска итн. Опишете, пофалете се, пожалете се... Како се чувствувате и дали ви е убава сегашната состојба? Јас сама си барав open relationship и сега мака мачам тоа open да се избрише некако АБРАКАДАБРА и да го снема. Многу ни е убаво заедно сме 24/7 се сакаме ама не сме во врска... Или можеби тој ми е дечко ама уште не знае
Средно жалосна. Сингл сум веќе 8 месеци, ама искрено не се ни оптоварувам нешто со љубовта, знам дека кога најмалку ќе очекувам ќе се појави некој. Претходно имав многу долга врска, година и 8 месеци, што за мојава возраст е Затоа сега одмарам, среќна сум и вака, не ги форсирам со сила работиве, нити па во секој нов што го запознавам гледам потенцијален дечко. Биче, некад.
Во врска, ехее долга што луѓе се чудат како тоа успеало, врска на далечина и плус успешна во овие средношколски, тинејџерски, луди години. И супер ми е, право да си кажам. Сеа од септември на факултет, кога ќе сме повеќе време заедно уште поубаво ќе ми биде.
Во врска, веќе терам накај единаесетиот месец да е совршена врскава не е, јас ја правам да биде ваква како што е, напната до каде со овој мој терсене карактер не знам А, да за порано и јас си се планирав за калуѓерка , и тоа заедно со другарка ми тоа е се немаше асални машки
е неможам да сфатам кога некој ќе каже во комплицирана врска? Нонстоп се карате ? Незнаете да бидете во врска ? Он има и друга две сте па комплицирано е? Еве јас сум слободна моментално , но кога веќе би имала нешто би сакала врска . На овие години не озбилна , но врска , не е мување , значи има обврски но не како пред зимање И верност .
Во врска, еве може и доле на тикерот да видите колку трае. Инаку океј е , како и секоја врска. Јас не верувам дека постои совршена врска без караници. Тој што вели дека воопшто не се караат или лаже или нема љубов. Има кај нас помалку караници, љубов се разбира, е сега почна да станува малце монотоно, но работиме на случајот и тоа ќе се среди(се надевам).
Во шестгодишна врска во која мислев дека има љубов, ама изгледа сум се излажала. Најпрецизно сега сум во шваrelationship
Иста ситуација овде. Некој неможе да свати како е можно да се секогаш заедно но штом за 3 години не ни здодеа, нема ни понатаму, кога следуваат само убави мигови во заедничкиот живот за кој сеуште има време но го планираме.