Според мене сум во прилично долга врска од 2 години, и сега на малиов му текна дека сакал да оди и со други и сега некако врскава е ‘отворена‘. На моменти мислам дека се ближи крајот, но релано уште го нема.. не знам како ќе се заврши..
Јас само сликовито можам .... нејќам да ме раздени пред монитор Јас .... Тој ... Во оваа слика јас сум плавушата нормално , сакаат да ми го грабнат а и мене исто ...
Сингл веќе 4 месеци. Незаљубена, незаинтересирана и искулирана. Од една страна сакам да сум во врска, од друга не сум расположена за игрици, запознавања и трескања од земја.. Можеби само не сретнувам во последно време личности кои ќе ми ја разбудат желбата за врска, не знам.. Како и да е, подобро сингл а среќна отколку заглавена во непродуктивна, монотона и безврска врска. Како што ми беше последната..
Аааааа од скоро имам нова состојба , додуша се е исто останува најсреќно заљубена, но сега и пред нов чекор, веридба ли ќе биде или право регистрација уште чекаме конечно решение
Во периодот кога девојките се мажат имаат убава љубовна состојба значи сите ќе го осетат во животот како е да си во убава љубовна состојба...можеби на некој кратко ќе им трае ама важно ќе осетат хахаха..иначе мојава моментална ситуација е одлична малку љубомора од моја страна,но најубаво ми е мислам дека летам во облаци најозбилно хихиих
Во врска веќе 3 години. Можам да кажам дека сум среќна ама во последниве 2-3 месеци не целосно. Се трудам да бидам како порано и давам се од себе ама ме боли тоа што некако како да не ми така убаво како порано. Не сакам да ја искористам фразата "Досадно ми е" зашто он прави се само да не ми е досадно. Моиве чувства некако се променија, некако не е исто. Мене не ми е. Не можам без него ама не можам ни со него. Знам дека никаде нема да најдам како него, предобар е. Душа од човек. Не знам дали причината поради тоа што се чувствувам вака е поради тоа што некако созревам во друг правец па гледам на работите од друг агол ама во последно време срцето ми се крши кога го гледам и знам дека не е исто. Го сакам, многу, ама некако се чувсвувам како мојава љубов да застана и како да не е тоа што беше. Немам ни храброст да му кажам зошто ќе го повредам а немам срце да направам такво нешто. Давајте совет зошто не можам повеќе секоја вечер да заспивам со мислата дека сум лоша личност поради тоа што не го сакам толку колку он мене... ((( Што да правам..?
Цветам како кокиче во пролет. Среќно заљубена во дечко ми , со кој вчера направивме 8 месеци ! Никогаш никој повеќе не ме почитувал и сакал од него. Пресреќна сум!