Среќно заљубена во мојата скоро 3 годишна врска... Се сеќавам кога се плашев како е да си со една личност долго време, дали се здосадува? А сексот? Каков ќе биде? А навиката? Што со тоа?! Сега си имам одговор на сите овие прашања, врската ми е поубава од било кој месец пред овој, многу повеќе разбирање, повеќе доверба, сексот...ууу неверојатен он точно знае што сакам.. Повеќе искреност, поголема приврзаност. Среќна сум
Тотално се согласувам со Даззле освен што мојата трае нешто повеќе од 3 години А на тие прашања и јас сега си се смеам зашто се е најсовршено
Со оглед на фактот дека сабајле по случајност ни се бацнаа точачињата - неговиот на пат накај работа, а мојот на пат накај дома од ноќна смена, мислам дека сме најдосадните љубовници на свет! Ама па си се сакаме. Така. Ко глуФци, со Ф.
Сингл, но се надевам, не за долго.Во успешен лов на еден мажјак, на кого му треба малце подбуцнување за да направи нешто...
Сингл, и искрено не сакам да размислувам за дечко во блиска иднина. Имам други планови кои што сакам да ги реализирам, после тоа може. Како што стојат работите - ДЕЧКО ма не долази у обзир. А кој сака нека се треска од земја, зошто сеуште немам дечко (читај - сестра ти се омажи АЈ И ТИ, ШТО ЧЕКАШ?!), јас не живеам за народот, за комшиите, живеам за мене, не ме интересира кој што збори и за да спречам људски трачери да си „фатам“ дечко, па и да се омажам, бре бре. НО НО ..
Е, мојата љубовна состојба е.. спунк. Пред една недела седевме у парк со еден другар, и не праша дали одиме и шо уствари правиме. По еден мистериучи поглед лупнавме и тоа изгледа значеше дека сме најсреќни. Некако, од секогаш ми биле чудни тие месечнини, годишнини, врски, дечко, женска. Нормално сум пробала да се уходам у таа машина и слабо ми оди. Добро е што и тој го мисли истото, и мило ми е поради тоа. Значи мојот љубАвен статус би бил : Заузета . Ама тој е мојата слобода.