Моментално во врска без обврска (за која не сум ни сигурна дали ја сакам) и во исчекување на оној "вистинскиот"...
Прекрасна, едноставно без зборови. Не дека е совршено, жена сум морам да промрчам за нешто, ама навистина прекрасно се сложуваме. Исполнета сум и среќна. Ова е тоа што го барав.
Чекам да се судриме на некој ќош и да ни се растурат книгите по земја, па да се испцуеме класично македонски пошто кај нас она од филмовите не функционира
Загреота. Упорно си ја акам главата од истиот ѕид, а најтрагично е што ѕидот мака мачи да ме избегне.
Си врткам онака неколкумина.. и баш ми е интересно. Добро, не е некој страшен грев. Има време за озбилни врски. Ми се посреќи за Новава, тоа е тоа, да не си зарекнувам. Конечно, после мачното учење и неизлегување од дома.
..... ......замрзната состојба....после кавга за неговите тајни профили на фб и женски контакти,ми кажа едно големо ГООД ЛАК и ГООДБАЈ...2 дена го нема.. .дали ќе се јави како секогаш да расчистиме и пак да сме на старо ќе видиме....јас нема шанса да му се јавам.. .
Цитирам статус во кој се пронаоѓам : ,, Мојот љубовен живот изгледа како коментар од фудбалска утакмица - Еве приликаааааа иииииииииииииии НИШТО ,,
Слободна како крава на ливада Спојлер Искрено не знам, врска или не... Се гледаме се лапаме се ... кхм, али не е врска бе НЕ ЗНАМ!!! Немам љубовна состојба!
Вљубена исто па и повеќе отколку на почетокот, со уште поотворени очи и уште поцврсто тло под нозете од порано.
заљубена но овој пат со ладна глава.не летам во облаци.врска на далечина,го сакам,ме сака(барем така вели),многу несогласувања,кавги па помирувања.се случија премногу работи но сепак останавме заедно.сега е добро а за понатаму не сакам да мислам.што биде нека биде.