моментално никаква, скарани сме со дечкото.. и не знам дали ќе се реши ситуацијата, премногу сме различни..
Како фуфица и јас незнам...и што е најлошо на далечина сме и тешки инаети и двајцата којзнае што ќе биде
љубовна состојба бе?! аааххахха зарем има нешто такво? љубов - лани ич, годинава послабо! состојба - полулежечка!
Со моето момче сме заедно веќе 2години,првата година нон стоп бевме заедно,но тој е момче што сака и малку повеќе слобода,а и мене не ми пречи,премногу ме разбира кога сакам да поминам време со пријателките и се ни било во ред до денес.Но тој немаше шанси да помине ден а да не ме види,барем на 5минути,но не ќе издржеше ден без мене.Во последно време незнам што се случува преку ден е на работа а навечер секогаш оди со другарите и кажува дека е многу уморен кога јас му кажувам дека сакам да одиме некаде.А напротив кога ќе дојде кај мене се однесува преубаво,како и овие две претходни.Преубаво ми е со него,но само тоа ми е проблем.Или можеби јас претерувам во работите..