Час го има, час го нема. Час го сакам, час не го сакам. Час сака да е со мене, час не сака да е со мене. Исто како времето те е топло, те е ладно.
Скоро 2 година во анти-балканска врска. Се косам скоро со сите можни правила, се множам со антистереотипи кога станува збор за врски кај нас, собирам среќни моменти и ги ставам на куб, се делам само со дечко ми... I would do anything and everything for that boy.
Во долга врска во која во моментот работите не одат баш најдобро, ама не е нешто што не може да се поправи. Работам на случајот....
Средно жалосна како што веќе имам пишано, сингл, ама ми фали бе! Тој ми фали, па кај не ќе ми фали, 2 години не се малку, 2 години г*з и гаќи..
Долга врска 5 години. Без некакви големи турбуленции и потреси. Ситните кавги постојано ги има, и ќе ги има, и добро е што е така. И не планирам во ниеден случај да излезам од неа.
Хохо да си ми жива и здрава Трендафилке, да ти се викало анти-балканска врска . Тука сум и јас, анти-балканска врска . Што среќничка ќе бев, туф .
Средно мизерна. Сингл сум не памтим од кад. Од време на време се најдува по некој мувач но по неколку месеци ми станува досаден, а во секој од нив гледам потенцијален дечко ама никако да бидне тоа официјалното фаќање. Понекогаш помислувам и дека нема маж за мене во пустава Македонија