Љубовна ми е бе... Поготово последниве дваесетина дена додека бев на одмор ....секој ден во секој час во некое ќоше љубов конзумирав јас ...после скоро три години не ми здосадил. Сеуште го посакувам, сеуште ми треба, сеуште размислувам дека еден ден сакам да му родам деца... Сеуште ме љуби, сеуште се справува со мојот ПМС, сеуште прави да се чувствувам дека сум му омилена Додека секоја вечер го бара под чаршавот моето меше да го чешка, а јас неговите нозе да се испреплетам со моите меѓу нив...знам дека сум среќна жена и знам дека мојата љубовна состојба е натаманена со сите мои стандарди за хармонија
Кратко и јасно - Во врска* *Е сега малку да дешифрираме и дефинираме за каква врска станува збор. Се' почна како во сон. Кога го кажав макотрпното и конечно Да бев целосно изгубена. Едноставно, не планирав да се случи. Но, се случи! Поминавме низ тешки периоди, но и уште поубави моменти, секогаш држејќи се заедно и недозволувајќи бесмислени кавги и недоразбирања да доведат до разделување. Многупати сме биле физички разделувани и тоа тешко ни паѓаше и на двајцата, но никогаш не ни претставувало пречка за да продолжиме понатаму како љубовни партнери (пред се' како најдобри другари , а потоа и се' останато што двајца ги прави горенаведеното ). Имало и солзи и болка и тага, но од друга страна - неизмерна љубов. Со секој изминат ден учиме еден од друг (иако некогаш доаѓаме во судир, бидејќи гледано од друга перспектива, нашево е врска меѓу маче и куче ). Разбирањето, толеранцијата и довербата се основните двигатели на нашата врска. Тоа е силата со која ја изградивме и се' уште ја надградуваме истата. Со него сфатив дека за да бидеш со некого не значи само да почувствуваш привлечност и љубов на прв поглед туку да бидеш доволно зрел за да го пронајдеш вистинското и убавото меѓу целиот ужас од лицемерие и нечовечност и паметен да научиш да го сакаш и чуваш. Вистинската љубов не е само сцена од теленовела, туку испит кој се учи со тек на годините и искуството. Тоа е способност да создадеш рамнотежа меѓу разумот и срцето. Сила да направиш сопствен избор (на еден или друг начин) и самиот да ги сносиш последиците од истиот подвиг. Јас го направив мојот избор (збунета или свесна) и до сега сум среќна од текот на работите. Се надевам дека така ќе биде секогаш, но на крај сепак тоа зависи од нас двајцата. Со еден збор, нашево ќе го опишам вака: Не барај совршенство за да сакаш бидејќи ќе умреш без љубов. Најди нешто несовршено, љуби го и направи го совршено. Спојлер Те сакам.
Single од мн мн мн одамна,и мислам редно е да се промени тоа...Кој чека,си дочекува,ама да не зборам пред време,прво скокни па речи оп Ги исчитав сите постови и гледам повекето феминки се срекно заљубени и мн ми е мило заради тоа,па и ние останатите да имаме за некое време такви информации и да ги изненадиме другиве
Уффф, не да сум заљубена- презаљубена сум. Си го сакам срценцето мое што секогаш ме прави среќна. Обожавам да сум со него, ги сакам неговите зборови, се топам на неговите прегратки и желно ги пијам неговите бакнежи. Никогаш не сум била посреќна. Го сакам луѓе(кој пробал знае )
Шпанска серија ... И да буквално е ваква со сите можни заплети и перипетии . Барем да дојдеше принцот нели стандарт барем на хероините им иде , јас од коњи ни принц на хоризонт ...
Љубовен статус: Собирам сливи за ракија !! Кај да се свртам алкохол дури и во ова Шта да ви причам среќно сингл !! А ако случајно погледнам некој и ми се допадне и да не е автоматски станува наркоман или алкохоличар Во мене е изгледа проблемот. Нема дечко фаќање Господ изгледа сака да ми кажи да не правам глупости и вака ми е убаво
јас ич немам среќа во љубовта до сега сум била 3 пати во врска и што да ви кажам во врска сме а не се бакнуваме поточно он не ме бакнува ништо не правиме и замислете потоа дознавам дека е гејјј така со сите тројца
Сите тројца беа геј? Ај да не бидам офтопик, мојата љубовна состојба е: скоро две години во врска,многу сме блиски, he's my best friend, сме поминале заедно се и сешто.. Мачор.