Го имам квизот правено, ехеее, одамна уште Ја имам користено кремава на Есте инаку, верзијата за комбинирана кожа и не е лоша, баш е лесна. Ми се допаѓа што има и заштитен фактор, мене тоа ми е многу битно. Маслото го гледав и јас зимава, ама не беше на попуст и не го купив. Си реков кога ќе го начекам, тогаш. Следна прилика, здравје. Кажи за кремава кога ќе ја пробаш, ќе почекам до 2020, па 2022 може и јас ќе си ја купам
Да, тешка хемија е. Само површински делува, мазни, и навидум лицето изгледа чисто и кожата хидрирана. А длабински нема никаков ефект. Ама штом тебе ти се допаѓа, терај си. Ја тагнав Биодевојка оти сакав да знам дали може да пројде кај неа, ама не верувам. Скапа е, оти името го плаќаш, и амбалажата. А составов го имаат и други, понеизвикани креми.
мн сакам тешки хемии, што да правам изразив желба дека сакам да ја купам за себе и дека читав дека е добра, а ни под никој случај не кажав тука на форумов дека треба да ја купите сите или дека е природна крема. ист вкус имаме за се, мора да станеме другарки
Драга не си ги фрлај за џабе парите. Кремов е цел вода и глицерин со екстракти...освен тоа има ПЕГ силикони...Мене воопшто не ми се допаѓа. Ова е секако мое мислење ти си слободна да одлучиш. Поздрав
@Biodevojka крема против пеги и флеки со висок фактор да препорачаш? За нормална до сува зрела кожа да одговара...
Не, не, секако нема да ја купам, само сакав да видам колку вреди, а знам дека не вреди. Оти ако е цената ко што вели членката погоре, 14000, тоа е грабеж. Ама името и амбалажата се плаќаат, а не тоа внатре.
Здраво. Во последниов период почнаа многу да ми се познаваат дупчиња на лицето и отворени пори. Дали знаете што е добро да се користи? Конкретна крема и слично? Фала
Драга заврши периодот за производи за избелување и за пеги...сега само убав крем со заштитен фактор на пример Еко Козметикс кој ќе ја заштити кожата. Инаку од септември до март може креми против пеги или за избелување на флеки потоа само заштита од сонцето му е мајката. Поздрав Баш така плаќаш име а не содржина. Поздрав
Овој женска И јас го користам веќе 3 год,со повремени прекини и е најубавото нешто што сум ставила на лице.Го прави лицето свежо а кожата еластична.Скапичок е ама трае доста долго.
Za kakva koza e? Mojata e kombinirana, ovaj period mi e poveke suva osven t-zonata, a letno vreme mrsna a i problematicna i od kade go zemate?
@Biodevojka гледам доста познавање имаш за козметика,би те замолила да ми препорачаш добра крема за лице,пожелно е да е на природна база без штетни состојки.Имам 19 години и кожата ми е комбинирана со тоа што Т-зоната ми е помрсна,додека образите суви и на образите имам малку флеки од акни.Исто така,порите доста ми се познаваат.Цената не е битна,важно ми е да има ефект кремата.
И од мене прашање, дали серумов заменува крема и од која возраст се препорачува? @vivien26 , во Cosmo.
Девојки предлог дневна крема за лице за претстојниов период. До сега ја користев на балеа со лотусов цвет, но не знам дали ќе ми биде погодна за летниов период, па си барам замена
Не заменува крем... над него ставаш крем, но помалку ќе ти треба. И обично тие што употребувале крем за сува кожа после некое време со серумов се префрлуваат на нормална. За сите видови кожа е, нема возрасна граница.
Девојки, само да ве потсетам дека муабетот околу серумите може да го продолжиме тука: https://forum.femina.mk/threads/Серум-за-лице.19074/ Нема смисла да ја оптоваруваме оваа тема, кога веќе имаме друга посоодветна за ваква дискусија. Може да се префрлиме таму. @kate89, ако имаш масна Т-зона, можеби ќе ти одговара онаа гел-кремата Балеа. Во моментов е на попуст, чини 89 денари и да ти кажам мене ептен ми се погоди. Само ако имаш скроз нормална кожа, не сум баш сигурна колку ќе ти се допадне затоа што прилично лесна крема е, ама не ја масти кожата. Мене ептен ми се погоди, особено за под пудра. Кога ја користам самостојно нанесувам и масло од роза и супер ми е така, немам потреба од нешто „појако“ во текот на летниот период.
Носот и челото знаат да ми бидат по масни, така што мислам дека ова ќе ми одговара. Кремата од лотусов цвет ја земав по твоја препорака, така да мислам дека и оваа ќе се покаже добро Фала ти
Јас оваа гел-крема ја користев лани, од април па сè до јули-август. Многу беше убава за лицето и не го чувствував дехидрирано. Се потроши и ја купив таа од Логона со нане, убава е ама скапа ми е па за летово веќе се опремив со нова Балеа. Плус и составот не е лош, се надевам дека ќе ти одговара и тебе.