Продолжи си со неа ако ти одговара, особено затоа што имаш дерматит. Кремиве на Хада Лабо мислам дека не се баш природни, повеќе хемија се. Навлажнувачот јас го зедов, демек за екстра влажност на кожата, ама не ми се ни впива некако. Јас имам комбинирана кожа, а како станува поладно, повеќе ми се суши и понекогаш знаат и лишаи да ми се појават. Лани немав, годинава ќе видиме. Можеби ќе ти одговараат, не знам, ама да има тестер да пробаш, вака некако скапи ми се само да се купат и да не се користат ако не ти одговараат.
Може на сите типови кожа Јуле. И јас ја имам од ружа на Алверде, океј си е стварно, особено за околу очи, ама оваа нема споредба. Класа над ми е, бар мене. Инаку, чисто информативно, голем фан сум на Алверде, ама да знаете и дека нивниот состав не е најсјаен секогаш, ако се демек, природни. (често користат алкохоли и сл.) Пример, јас немам мака со алкохол во тоник/крема, но на некој може му смета. Општо, т.н. корејска козметика нема споредба со таа достапната кај нас. Бев скептик, сега сум пријатно изненадена. Хада Лабо мислам дека се ок со состав, според групите на ФБ, јас лично немам гуглано. Од една крема/навлажнувач или што и да е, нема да се осети разлика, но со правилна хидратација има и те како разлика. Зборувам за тоник, хијалуронска, итн. Нема од кого немам добиено комплимент за лицето во последно, еве кој ме видел, може да потврди. Едит - @Annath мораш да го ставиш навлажнувачот на влажно лице (пр, прсни ружина вода на Алверде, па навлажнувач) и после да ставиш веднаш крема/масло одозгора. Инаку ќе имаш обратен ефект, ќе ти ја „влече“ влажноста од кожата. Ова е вака со сите хијалуронски киселини.
На влажно ставам. Одма после мачкам крем за лице, е сега не на Хада Лабо. Исто е чувството. Некогаш наместо крем, го ставам маслото од роза на Алверде (тоа дома кога сум). Ама генерално, јас немам проблеми со кожата, фала му на Бога, сега нешто гледам дека ме зеза, на брадата ми се појавуваат мали акни, ама тоа ќе да е од хормоните, не од козметиката, пошто одамна не сум сменила ништо.
@Annath И од загадувањето излегуваат. Еден ден во Скопје и јас си идам со минимум 2-3 adult акни и нос полн ѓубре. Пробај тогаш и тоник и крема и масленце да ставаш, сите три покрај навлажнувачот. Јас во принцип од декември до март редовно ставам и масленце, ептен ме штити. Нешто се шушкаше демек, за 200 денари не може да биде ефикасно ама мене ми е зачудувачки ефикасно. Има и на Гарниер едни масленца, во Софија ги видов, тука ги нема, и тие ги фалат на нет. Абе ни ја немав некоја голема мака, нешто се уфилмав со mirror face и сега светнав, и се заглавив у корејскава козметика.
Ќе се проба и кремот, ама ќе почекам намаление. Може за Нова Година ќе има, 1200 денари многу ми е некако. Иначе маслото е супер, брчки немам ради него, и само него ми го трпи кожата околу очи.
Кај мене има. Секоја вечер пред спиење мачкам на влажно лице масло, е сега некогаш врз вода, некогаш врз навлажнувачот од Хада Лабо. Ставам на посувите делови, на мрсната зона не секогаш. Околу очи и на врат и деколте обавезно. Помека ми е кожата, и сјајна. И лето и зиме ми е истиот ритуал. Мислев ќе ми пречи во лето, ама не. Може да се става и на други делови од телото. За флеки немам најдено чаре, ама се покриваат засега со тониран крем.
Немам поим, искрено. Јас у принцип сега многу ретко користам пудра, ама има логика да е подобро. Ама double cleansing обавезно (побарај баш на гугл, тоа е чистење со маслено средство па со обично), макар тоа било прво со мицеларна + па после средство. И без влажни вадење шминка, само се расшлакува наоколу така.
Ај да се вратиме на муабетот со креми за лице. Маслата и лосионите си имаме каде да ги дискутираме. Кремата од Хада Лабо ја земам по втор пат. Нема баш најсјаен состав што мене ме изненади, ама тоа не значи дека кремата е чиста хемија и не чини, затоа што сепак тоа што е ставено внатре е далеку подобро од некои други комерцијални креми. Не е органска, никаде не се ни декларира како таква козметика, па скроз океј си е. На база на глицерин и сквалан, прв пат гледам крема со сквалан на висока позиција, обично ако го има го лупаат на крај. Има силикон, пег, парабен, некаде при крајот на состојките се сите. Кремата е феноменална, а во комбинација со хидратантниот лосион мене ми е врв. Супер си се Хада Лабо, далеку, далеку подобар состав имаат од Клиник на пример, само штета што нема тестери за да се проба каква е кремата пред да ја земеш. На таа цена би очекувала во најмала мера да има барем тестер за да видам што е и какво е. Повеќе ми се допаѓаат Тонимоли, корејска козметика (ги нема кај нас, само на нет) со слични цени како ХЛ, само без парабени. Не дека се clean козметика и они, имаат нивните креми пег, но со повеќе масла и такви некои состојки. Пак би си ја купила Хада Лабо кремава, за навечер ми е супер.
Користам корејска и јапонска козметика подолго време. Хада Лабо е прекрасна козметика. Од корејските пред Тони Моли би ја препорачала https://www.cosrx.com/ особено слипинг маскиве. https://fiftyshadesofsnail.com/2015...owdown-honey-and-rice-overnight-mask-reviews/ https://www.yesstyle.com/en/cosrx/list.html/bpt.299_bid.317041
Ги имам пробано и cosrx, супер се. Aма би претпочитала во темава да дискутираме конкретно за креми за лице, за да не ја трупаме со секакви информации. Може да го продолжиме муабетов со предлози во посоодветна тема како оваа, а тука да се сконцентрираме на креми заради прегледност.
Да,да,во ред. Од крема која сум ја користела би ја препорачала оваа https://www.yesstyle.com/en/mizon-all-in-one-snail-repair-cream-75ml-75ml/info.html/pid.1052813633
Е од Mizon ништо не сум пробала, а другарка моја многу фалеше една крема со отров од пчела. Се надевам не сум грешка со описов. Мириса ли нападно оваа со слуз од полжав? Мислам дека само тоа ме одвраќа да пробам, ма да треба да разлистам да видам дали е за мојата возраст, да не е ептен антиејџ. Составот фино звучи, полно е со екстракти и масла. Хада Лабо ми изгледаат многу поедноставни во составот ама фино ќе биде и ова, само да не мириса многу остро.
Бидејќи зборите за хада лабо,сакав да прашам дали кај нас ја има кремата skin plumping gel cream? Во дм не сум ја видела.
Мислам дека ја нема. Има само две варијанти, таа што е во црвеното кутивче со антиејџ состојки и другата absolute smoothing & moisturizing.