Јас имам нормална до комбинирана кожа, и ми дава малце сјај на кожата ама не како кога ми е мрсно лицето, јас во принцип не сакам креми кои ми ја прават мат кожата, го сакам овој здрав сјај на кожата, со мат ми изгледа како дехидрирано лицето. Лани лето ја користев и кремата за околу очи и од неа сум исто задоволна, не остава мрсен сјај, и како подлога кога ставаш шминка не ти се растечува околу очите. Кожата околу очите е убаво хидрирана, кремата е густа ама сепак не е мрсна, ја храни кожата околу очите, за разлика од други креми. На пример Еуцерин за околу очи се доста лесни ама па и не гледам некој позитивен ефект на кожата.
Фала ти многу на опсежниот одговор. Дневната крема ја зедов на попуст 1250 денари, а ноќната 1350 денари. Препорака за поевтина и подобра алтернатива?
Ако сакаш да нарачуваш од странство можеш да најдеш за далеку поевтино а подобро од тоа што плаќаш. Јас нарачав гел за миење, хидратантна крема, AHA + BHA серумот на ТО, Ниацинамид 10% + зинк 1%, за 2050денари. А ако не сакаш, строго ти препорачувам да го разгледаш светот на корејска козметика, кои се лидери во скинкер индустријата со нови и револуционерни состојки, а слични цени ко на продуктите што ги користиш. Кај нас можеш да најдеш повеќе брендови на https://olpeo.mk/ или на https://skinaholics.mk/ Вториве го носат само брендот Пурито ако не се лажам. Кога ќе ја потрошам мојава крема сакам да ја купам на Пурито Deep Sea Pure Water Cream, која е за дехидрирана масна кожа. BTW, ако некој ја има користено кремата, да сподели искуство?
Женски предложете некоја крема за многу суво лице по можност против брчки да е, што не печат очите од неа. До сега се што имам пробано сите ми сметат на очите
Ако сакаш ефективно борење против брчките, земи некој серум како третман и комбинирај го со кремата. Серумите содржат повисока концентрација на состојките кои што се борат против брчки, додека кремите обично многу мала. Некои препораки се: -Коензим Q10 (риродно соединение во нашата кожа што го забавува процесот на стареење, помага во намалувањето на изразеноста на брчките) -Пептиди (за затегнување на кожата на лицето) -Ретинол (за обновување на кожата, со што се намалува видливоста на знаците на стареење) -Хијалуронска киселина (за краткорочен ефект) А препорака за крема за сува кожа не знам, но со оглед на тоа што веќе ти е сува кожата избегнувај креми кои содржат алкохол и парфем. Единствена крема без алкохол и парфем (а не многу скапа) кај нас што ја имам видено е од Revox (http://www.torba.mk/lice/kremi-za-lice/revox-just-collagen-amino-acids-ha-30ml) Ако имаш во буџетот над 1000+ денари за креми, најдобри опции имаш во корејската козметика. (Skinaholics и Olpeo.mk кај нас)
Јас ја користам балеа мед за преку ден,и сум задоволна,не би ја менувала едино од поскапиве сакам да ги пробам кремите на пурито.
Здраво, вчера бев на дерматолог за акни и ми даде терапија aknefug и крем azelex (azelaic acid 20%). Проблемот е што производиве премногу ја сушат кожата па за хидрирање ми препиша sebium Bioderma hydra crem ама некако ми се гледа скап па сакам да прашам дали има некоја поевтина варијанта за добар хидратантен крем(по можност со спф) зашто терапијава е агресивна и бара посебен третман. Фала ви
Многу ти благодарам на исцрпниот одговор. Не се разбирам баш па дали тоа што си го пишала се состојки на серум или така се викаат серумите, малку глупо прашање веројатно Баш ќе разгледам не живеам во Мк ама би дала некаде околу 50 евра за добар серум или крем
Да тоа се состојките но можат да бидат и самите имиња на серумите, разгледај ги The Ordinary, лидери за серуми. Штом си во странство, можеш да најдеш добри креми за ефтино, некои брендови без алкохол и парфем се The Ordinary(имаат само една крема за сите типови кожа, јас ја користам таа), CeraVe, Paula’s Choice, The Inkey List и многу други, види разгледај и корејска козметика Dear Klairs или Purito, корејците имаат револуционерни состојки и се многу понапред од остатокот од светот.
Devojki krema za masna koza za sekoj den? Po moznost da ja ima vo Makedonija i da ne e preskapa. Fala vi
Хидратантна крема за комбинирана кожа? Во аптеките ја немаше ниту на Веледа скин фуд лајт, нити на Корин де фарм. Имам болни активни акни, ќе полудам од нив..
Препорачајте ми некоја хидратантна крема за масна кожа, важно е да биде од дм, барем да го искористам попустот што е сега актуелен. Фала ви