@Biodevojka krema za masna koza? Isto taka baram kamena pudra koja nema da gi zatnuva porite i ke ja regulira masnotijata. Si koristam tonalno kremce no mi treba nesto so ke go fiksiram liceto preku den. Fala vi)
Не сум Биодевојка, ама моја топла препорака ти е кремот на Натура Сиберика со sophora japonica наменет за масна и комбинирана кожа, овој Како поевтина варијанта кремот на Конопка, Од двата сум задоволна, за нијанса повеќе од првиот крем. И двата се на природна база, двата ги има во Белина, првиот е 655 денари, вториот 370 денари. Ама секако, си треба и редовна рутина за чистење и негување на лицето, не е само кремот тој што ќе ја реши маснотијата. За камена пудра не знам, не користам.
@Biodevojka дали ќе може да ми препорачаш крема за хидратација на кожата? Видов од твоето видео дека тоа е еден од главните фактори за кожа без акни, па би ми значело ако ми кажеш твој предлог. Инаку морам да ти кажам дека си ми една од омилените форумџики поради тоа што твоето знаење несебично го пренесуваш тука и доста ни помагаш
Ве замолувам прашања поврзани со пудри и слична козметика која не е крема за лице, да поставувате во соодветни теми. Во оваа тема каде си разговараме за креми за лице секако не им е местото, па за да не се прават офтопик коментари, ве замолувам ваквите прашања да ги постирате во соодветна тема. Доколку не најдете тема за да го сместите прашањето, подобро пишете ми порака, ќе ве упатам кај да прашате зашто тема имаме речиси за сите најкористени козметички продукти. Еве ја темата за камена пудра: https://forum.femina.mk/threads/Пудра-во-прав-Камена-пудра.28604/
Драга @Star_dust ти благодарам многу на убавите зборови, ова е најголема награда за мене. И за двете што ве цитирав може да ви препорачам најнапред она што го стави погоре во постот @Annath , односно кремот на Конопка. Убав е евтин и хидратантен. Еден од ретките креми кои би ги препорачала и за масна и за комбинирана кожа. Исто така многу е важно со што го миете лицето со цел да не се направи алтерација на заштитниот филм. Доколку сакате кремаст производ во тој случај пробајте го ова млеко за миење на Оливал околу 450 до 490 не ми текнува точно. Јас имам комбинирана кожа и го обожавам. Преубаво чисти нежно без многу да ја измива кожата и не суши. Доколку повеќе сакате водест производ во тој случај оваа пена на Натура Сиберика е феноменална Ја користев и неа подолго време (мислам дека јули месец беше) и навистина преубаво мие, не суши и многу е прјатна да се нанесе на лице како производ. Околу 500 мкд.
Јас сум многу задоволна од Revuelle органик. А башка одлична цена! Последно користев од Fleurance, Elixir Royal и ми дојде "претешка" во лето, и крема и цена. Моментално користам дневна и ноќна и плус хидратантен серум од иста линија. Лесни на лицето и брзо се впиваат. Дневна можат да користат и оние со мрсна кожа без проблем бидејќи е прелесна. Јас и серум ставам обавезно. Не знам во зима само дали доволна ќе ми биде, пошто тогаш ми е посува кожата, ќе видам. Еве овие.
Здраво девојки, ми треба препорака за добра потхранувачка дневна крема за лице која може да ги избледи линиите, брчките под очите..Имам комбинирана кожа, Т- зоната често ми се масти и на неа имам многу црнки, додека пак под очите ми се појавиа подлабоки линии и брчки. Во последно време не ми се појавуваат акни, засега имам само флеки на челото и делот под устата.. Досега немам користено анти-ејџинг производи, па ме интересира дали постои крема која навистина делува против линиите, брчките под очите.. Размислувам да почнам да користам ретинол од Ordinary, но искрено не знам како ќе ми делува.Сакам да почнам најпрво со некоја крема. Исто така планирам да го земам Hada Labo Tokyo- лосионот од dm бидејќи прочитав дека бил доста хидратантен, дали некој го користел? И какви ви се впечатоците?
Јас го користам тој лосион и е како серум, лесен, хидрира, а и пакувањето е големо па ќе ти трае долго. Во врска со брчките би ти го препорачала ова во комбинација со ретинол. Кај нас нема некои серуми и креми со висок процент на ретинол, па би ти ги советувала да нарачаш од Ординери или уште поубаво од Inkey list, имаат во серумот и други корисни состојки.
Натура Сиберика? Parfum, CI 75810, Zea Mays Starch, CI 75125, CI 75130, Citronellol, Geraniol, Hexyl Cinnamal, Limonene, Linalool.... Дел од составот само! Ова со ознака CI и бројка се вештачки бои. Geranoil, Citronellol, Limonene, Linalool се мириси, без никаков бенефит за кожа, само иританти. На тоа и parfum кој е бленд на еден куп состојки кои не се ни наброени и никогаш нема да ги знаеме. Ова да не е парфем крема? Не се мешам, секој нека си користи тоа што му се допаѓа, ама ако ова е вашата дефиниција за природна козметика, со среќа нека ви е. Конопка нема ни да коментирам...
Во секој случај подобра опција од parafinum liquidum, dimethicone и останата „багра“ од нафтени деривати кои исто така се иританти, или пак само создаваат вештачки филм на кожата за да изгледа здрава, а всушност е дехидрирана и безживотна под таа маска. На крај секако ние самите решаваме за себе. А тоа дека не се мешаш - не би рекла дека е така.
Јас никаде не кажав дека користам нафтени деривати. Само ми е смешно некој што прочитал две статии да збори за "штетни" состојки. А силиконите не создаваат "вештачки филм" туку semi breathable membrane, не навлегуваат во кожата точно, а притоа овозможуваат другите активни состојки да имаат подобра апсорбција и дејство. Вештачки филм? А боите во твојата крема да не се од Сибир, вештачки бои се? Затоа колку е производ добар зависи од тоа со што се искомбинирани, а не празно зборење за нив поединечно. И има силикони кои се растворливи во вода и многу лесно евапорираат од лице, не ги ни осеќаш. Во твоите креми пак има восочни алкохоли, наместо силикон, кои ствараат леплива обвивка на лицето, ама битно природни се. И не знам зошто споредуваш бои и парфем, со силикон кога имаат скроз различна улога. Козметика која јас би ја одбрала наместо силикони има глицерин на пример, а нема бои и нема мириси. Е тоа е разликата меѓу твојата и мојата дефиниција за чиста козметика. А еве нешто плус, силикони се најнереактивни состојки, односно воошто не предизвикуваат реакции и алергии. За разлика од алое, глицерин и други замени од билни извори. Затоа и се користат во креми на прескрипција за рани, лузни и слично. Иритација барај кај креми од овој тип, кои се мирисна бомба. Како и да е со среќа со Натура кремата, најдобро нешто од природата. Порадо парфем би го прскала лицето.
@russian.mama Можеш да ми препорачаш добра крема за лице, наменета за жени на возраст околу 50 години?
Биохемиски инженер би требало да знае дека колорантите се делат на 13 различни класи и дека ознаките CI75000 до CI75999 се ПРИРОДНИ бои од растително или животинско потекло, а не вештачки...just saying.
За мене вештачка боја, значи синтетизирана и додатно додадена материја, која не е потребна во производот, независно изворот. Односно нешто што само по себе не е присутно во активните состојки. Природна ќе биде кога ќе доаѓа од некоја од активните состојки (пример Ординери пилинг има црвена боја благодарение на една од активните состојки) не со додадена боја. А овие бои точно дека се од натурални извори, но не е се така бајковито. Подоцна се секако хемиски синтетизирани. Index (CI) и најчесто бројка од 75000-77000, или ознака FD&C или D&C па додадена бојата, позната ми е добро категоријата. За жал дел од овие бои се поиритантни и од оние развиени во контролирани лаб услови, затоа што често содржат и траги од метали или алуминиум супстрати. И тоа е природно да, само не мора да значи ни треба. Единствено е во кремата за да биде привлечна на око. А и не звучи така етички кога сме кај бои од животинско потекло.
Здраво драга јас може да ти препорачам неколку во зависност од твојот буџет секако. Ќе ти дадам повеќе опции па ти одреди која ќе ја земеш. 1. Крем Мелиса на Др. Хаушка оваа е одлична многу хидратантна и лесна како производ, Јас имам комбинирана кожа и ја имам пробано. Навистина одлична како производ. Исто така и таа со дуња е многу убава. Цената им е некаде околу 1200 мкд. 2. Крем за хидратација на Др. Конопка. И овој има убава хидратантна моќ и не ја отежнува кожата. Наменет е за комбинирана до масна кожа и прави баланс на кожата, односно го балансира себумот на лицето.Како ефект е многу сличен на себо контрол од Гамард кој за жал го нема веќе кај нас. Преубав е. Цената му е околу 370 мкд. 3. Аква 24 на Алверде овој е убав хидратантен го имаш и во верзија сензитив за чувствителна кожа. Баш го видов пред некој ден во ДМ кога беа попустите. Цената мислам дека некаде околу 200 до 300 мкд не ме фаќај за збор. 4. Fleurance хидратантен со алое околу 900 мкд. Не масти и убаво ја хидрира кожата. 5. Organique со алое вера пишува дека е за нормална накај сува, ама јас го имам користено и оддличен се покажа за комбинирана кожа. Хидрира и ја омекнува кожата. Околу 1000 или 1100 мкд. Еве горе долу ти препорачав различни производи со различни цени. Оставам на тебе што ќе одлучиш. Поздрав
Devojki nz dali temata e soodvetna. Dali nekoj go ima koristeno proizvodot, za masna koza, prosireni pori?
Ја го користев еден период и многу ми се допадна. Ги имам пробано сите три серуми од оваа линија (има еден за флеки, еден анти ејџ и овој) и мора да кажам дека овој и тој анти ејџ премногу ми се допаднаа. Како состав и декларација е многу убаво избалансиран што е најважно.