Здраво Ladies Значи мојата коса е долга во паралела со дијафрагмата, а бојата е светло лешникова. Ми треба некоја промена која што не би се состоела во екстремно кратење, туку во промена на боја. Бтв, имам темни очи и прилично темен тен Некој совет?? Ви благодарам
Браво за вас, многу и годеа советите. Ако не ви се свиѓа темата, можете да ја прескокнете, т.е едноставно да не ја читате. Секој можи на форум да се однесува како светот околку него се врти, демек се знае. Господ да чува. Он топик. Можеш да си направиш некои прамени посветли (накај плаво) и потемни (накај кафе темно) и повеке ке ти дојде до израз косата...позз
Да ти кажам би можела некако да ја ишишаш на пример на степен и офарбај ја некоја друга боја што ти би сакала ..
Може ќе прочитате, може не ама сакам да прашам Јас сум бринета со долга коса и ми е скоро рамна. Природната ми е виткана (не премногу, убави локни имам кои почнуваат од самиот корен, не се ситни така накршени се и преубаво изгледа). Одам често кај една фризерка што ме фенира и си ја исправувам понекогаш за да имам и права коса. И така ми стои убаво. Имам мало лице. Косата ми е ПРЕУБАВА и си ја обожавам но, сега е жешко и пошто неможам да ја носам пуштена оти ми е густа и долга, ја носам во репче. Ама џабе ми е репчето коа ми е долга косата и исто ко да не ми е врзана. И плус тоа сакам да сменам оти долго време ја носам долга а преубава ми е. Ќе ми стои и кратка до коса до под раменици ама сепак не ми е сигурно. Инаку вака ми е виткана само замислете долга и бринета. Е сеа ако ја скратам може да се разбушави или да биде погуста и страв ми еее Инаку не ми викајте да ја фарбам, к'на да и ставам, колор шампон, шатирање, прамени, омбре оти сум алергична и не поднесувам никаква боја за коса
Девојки дај кажете нешто слично на колор шампонот, што паѓа постепено со секое миење ама не толку брзо како колорот. Во парфимерија ми рекоја да земам фарба со амонијак и се мијала како колорот, само подолго ја држела бојата.. Дајте некој совет, или препорачајте ми нешто :roll:
Имам долга црна коса до половина. Но сакам да ја скратам до раменици...би одела и на пократко ама после нема да можам ни во најмало репче да ја врзам. Значи сакам онаа должина во која ќе можам макар мало репче да фатам на жешково. Утре си закажав да одам на фризер,....а немам никаква претстава како да се шишам...ве молам дајте некоја идеа, слика...
^ Па Сноу еве нешто од мене онака чисто колку да имаш некоја замисла. Спојлер Спојлер А ако сакаш да видиш на твоето лице како ќе стои некоја форма на коса и друга боја, може знаеш за страницава, а може и не, па еве тука можеш најубаво да видиш како ќе ти стои некоја форма на косата, јас така правам http://www.taaz.com/
здраво сакам да направам промена со косата да сменам малце, а бојата ми е наки темно кафена , долга ми е некаде половина до грбот, и имам зелени очи ,овална форма на лицето и косата секогаш ја носам пуштена. не ја фенирам но малку ми е разлетана сакам да ми е мазна. некој совет од вас шо ќе ми стое некое фризурче. фала однапред