Еве денес е петок, па со тоа се и подготовките за вечер, фризура, шминка, облека итн. Каква фризура вие носите на излегување? Преферирате нормална измиена пуштена коса или пак некоја специјална фризура? Овде можете да ставате слики или пак да опишете каква фризура ќе носите час или било кој друг ден на излегување?
Каква и да е - само мрсна да не е! Значи миење на косата се подразбира, со регенератор и маска задолжително. Обично ја фенирам и потоа ја пеглам косата. На крајот сосем малку силиконски капки + спреј од Nivea за плавуши - дава многу убав сјај на косата. Не сум fan на пена и гелови, ниту на некои тешки лакови кои ми ја лепат косата. Имам чувство дека секој момент ќе ми влета некоја бубачка во неа Кога немам толку многу време, малку ја потсушувам со фен и потоа си ставам неколку крупни витлери, но не ги оставам повеќе од 25 мин. Ми се допаѓа кога косата е мека, мирисна, лежерно пуштена. Понекогаш носам венчиња со интересни детали, ми се допаѓа т.н. креативен хаос во косата со такви неформални пунџи, баш онака раштракано насекаде со перчиња. Во последно време сум вљубена во вакви плетенки во предниот дел, уште од лани се актуелни, ем ги собираат шишките да не се маваат настрана, а изгледа убаво, се прават брзо и прилично лесно
Е ова ми е најбитно. Не дека обавезно ја мијам за излегување (на пр. ако сум ја миела претходниот ден), ама да ми е чиста. И некогаш ја носам пуштена, некогаш со некоја интересна шнола, во репче, пунџичка, со марама.... секако Вечерва нешто откачено ќе и правам, да разбијам монотонија малце.
Хахаха каква и да е само мрсна да не е )) Не експериментирам многу со фризурите ама понекогаш промена добро би ми дошла Инаку стандард - пуштена со собрани шишки .. или врзана ама не многу залижана ))
Или скрос права или виткана со локни... често ми се случува да избувнам со плетенка, кренати шишки итн итд Иначе не дај боже да ми е мрсна...
Па зависи,некогаш врзана,почесто пуштена,без шишки,нормално никако мрсна,ретко се случува да ја пеглам,бидејки и онака ми е полу права,само малце на врвовите е виткана битно ми е да е средена,да не е разлетана
Во последно време ја фаќам во репче па во пунџа со шнола , зашто разлетана плава коса имам и интересно ми е , и со некои големи обетки. А некогаш ако ми е убава после бањање , и ако не е многу жешко , така пуштена ја оставам
Понекогаш ја носам онаква како што ми е природна .. еве вака нешто: Понекогаш ја виткам слично на ова:
најчесто ми е пеглана. но знам некогаш да ја извиткам така малку доле на врвовите или некоја плетенка внатрешна да ми направат... и да, понекогаш ја фаќам косата во репче или извртено пунџиче
природно ми е виткана, па скоро секогаш ја носам пуштена (дечко ми таква ми ја сака), обавезно пред излегување морам да ја мијам за подобри да бидат локните ваква ми е, само подолга (и црна )
Природно ми е праваа ептен али коа ќе ја измијам ми надувана.па пошо имам долгаа до половина косаа најчесто ми е пеглана и ми е најубава таква..
Зависи колку време имам и дали сум расположена за лицкање.Иначе имам мноооооооооооооогу густа коса,па затоа или ја врзувам во репче или ја собирам во пунџа.
Pustena nekogas(imam vitkana kosa) a nekogas i sobrana vo pundza)Moze i vnatresna pletenka ama togas ide i marama obavezno zatoa sto imam malku klempavi usinja
да додадам синоќа си ја носев пеглана многу убаво пеглана...и баш вака испадна зошто ми е оваа должина,боја се исто.....баш баш баш вака испадна...