Кога, како. Понекогаш ја фенирам(пеглам), понекогаш ја навиткувам со фигаро, а знам и да ја измотам со шнолчиња
Права ја носам многу ретко, а и не ми стои долго исправена , бидејќи имам кадрава коса. Најчесто ја носам вака: само шишките на страна. е вака најчесто
За излегување стандардно сум со пеглана коса ! Како што кажав во друга тема носам шишки и убаво изгледа кога косата е права и пуштена Во последниве 7-8 години да не претерам ама дали 2-3 пати најмногу ми се има случено да излезам со собрана коса во репче, од причина што ме има мрзено да ја пеглам А и ќе заборавев, мрсна во никој случај , без разлика каква фризура носам !
Еве ваква... Се шегувам фала богу... Обично ја носам пуштена, имам виткана коса и сакам така да ја носам. Понекогаш ја пеглам или ја врсзувам во пунџа, ама ретко...
Многу ме мрзи да ја пеглам...затоа најчесто си ја фенирам. Ама досадна ми е така права Косата ми е до рамена, па најубава ми е кога е благо виткана или фатена во пинџа со пуштени прамени напред. Така и ја правам најчесто.
Најчесто си ја пеглам или ја врзувам во пунџа. Сега ја скратив до рамената, па ме интересира како ќе ми стои виткана, треба да пробам
Ништо чудно летово видов една во кафич со иста ваква фризура, и плус плавуша.Мислам дека додадена беше машната, светеше ми се чинеше дека е вештачка.Како и да е се обидуваат Гага да ја имитираат, ама се само бледи и лоши копии
За излегување косата најчесто ми е пуштена и виткана но се случува понекогаш и да ја испеглам но тоа мн поретко.