И должината е таа, и бојата потполно иста и формата Често и пеглана ја носам или пак фатена во опафче
Каква фризура носам? Јас не носам фризура! За ова моево слика ни на Гугл не се наоѓа! Рамна (а виткана, комбинација смрт!), должина до рамена негде... кога ќе го искомбинираш ова... катастрофа. Ич не си ја сакам ваква. Сакам степен!!! Уф мори косо, грда си, мрш!
Степенаста, негде ми фаќа неколку центиметри после рамената и шишка на страна. Изглед што секогаш успева и стои на скоро секој. Пред 2 месеци си ги ишишав шишките рамни, сакав да пробам нов изглед пошто вака ја носам косата подолго време. Ама ми беше катастрофа, пошто ем лошо ме ишиша фризерот и имам мало чело и што знам не ми стоеа. После некое време ми пораснаа и поубаво ми стоеа ама ме мрзеше пак да се шишам. И сеа си ги носам на странаа Имам убава боја на косата, многу ми се свиѓа, така многу светло кафеава, со плафкасти праменчиња. Мада сакам плаваа, ама нема. Не ме пуштаат да се шатирам или фарбам , хаха ама ај има времее. Неможам да издржам шноли и штипки во коса. Дигање на шишките горе и да ми висат бебешкине влакнаа, уфф што ги мрзаам Убаво ми стои репче, пунџа или плетенка и со штипка голема отпозади фатена, ама што да правам, неможам да ја трпам. И најубаво ми е вака слободно пуштена
овој период постојано вака,скроз исто значи...се разбира само мене ми е темна косата накај црна..... а кога ми е прекршена испаѓа вака.....
имам права и долга,и често си правам измени,си ја виткам со фигаро(широки кадрици),ја пеглам или ја собирам во коњско опавче
Ехх... колку сакам виткана коса.. Мојата е со средна должина, уствари сеа веќе во долга спаѓа.. јее!! Но многу ми е права и со ништо не можам да ја извиткам.. па најчесто ја носам пуштена, малку степен имам.. или во опавче
Косата ми е со средна должина, некаде под рамена, брановита, и темно кафеава, на степени и без шишки...
секогаш пеглана, моментално ми е некако рамно стрижена но сега планирам да се стрижам на степен и конечно шишките да ги скратам
плава долга под рамената...не ја бланширам и протестирам против бланш(ха ха ха)...и ја носам секако пеглана,виткана со големи локни(ги правам со сунгерести витлери најдобри се)плетенка,пунџа, секако....
Имам долга, кафена виткана коса.Скоро секогаш ја пеглам,освен некогаш кога ќе ми текне да ја оставам виткана или пак да ја врзам во опавче.
mojata kosa vo glavno e busava, so nekoi prameni koi bi trebalo da licat na lokni inaku najcesto ja nosam peglana
Природно ми е малце виткана! Ама јас не си ја сакам таква и затоа години назад ја пеглам редовно,после секое миење на косата! Ретко ја оставам природна, неиспеглана и тогаш најчесто ја носам прибрана со шнола! Инаку темно кафеава ми е, пеглана и веќе подолго време ја носам без шишки!
Смеѓа,права,долга,рамни врвови,со подолги шишки(ако можам да ги наречам) на страна. некогаш и на средина ми е патецот..како ќе си се намести сам