Ретко ја пеглам, не сакам многу да ја оштетувам, доста трпи мојата коса што е плава По дома си ја оставам каква што ми е, за на работа ја врзувам во опавче, а кога се излегува некаде, обавезно фенирана (исто ко пеглана да ми е).
Хипи ти предлагам да ја пуштиш подолга и после ќе можеш да и направиш степен, ама мислам поспоро расте ама има решение Инаку мене косата ми е сега многу подолга , од претходната моја слика, ми имаат кажано дека ми била убава како на барбика и тоа женско , скоро секој втор ден добивам коментар за неа, ту ту да не ми ја фатат очи, ама почнува да ми станува монотона. Во последно време кај што ми порасна, ми се изретчи малку, добро е, па ќе видиме дали ќе се одлучам за шишање од 3 цм. Тешко ми се шиша , а сега сакам да имам пак степен како што ми беше,афро на мојава мислам нема да ми стои, ко ќе најдам слика каква ми е сега ќе постирам.
Имам права коса и само ја фенирам исто како да ми е пеглана.. не ја веќе пеглам пошто многу ми е оштетена.. а и порано шатирана бев 2 пати (кажи-речи цела коса.. како плавуша бев ) и сега имам остатоци од тоа а сакам да ја виткам.. али не ми стое долго.. 1 час најмногу и ми се распадне.. незнам што да и направам за да ја извиткам убаво и да стои долго ?
Косата ми е одприлика ваква. Разлики: косата ми е брановита, долга до скоро половината и темно руса. Шишките ми се прави како на сликата само поретки. Порано ми беа такви.
порано постојано ја пеглав косата, абе немаше ден да не ја испеглав, некогаш и по два пати. Веќе 2 години не ја пеглам само 2-3 пати сум ја испеглала, бидејќи природно ми е брановидно виткана, така и ја носам, некогаш ја виткам онака на поголеми локни со фигаро и така....а и шишки на страна си шишав пред месец дена
Долга права. Обично ја пеглам но сега неколку месеци паузирам, порано и ја виткав но ,не ми се отстојува веќе толку ,за бргу време локните се прави
Најчесто мојата коса ја носам виткана зошто природно ми е брановидна и кога ќе и ставам пена супер е иначе избегнувам да ја пеглам колку што можам за да не ја оштетам и иам шишки на страна.
Ваква <3 Сега ја средив назад и додадов уште некој степен, бидејќи ми изгледаше многу еднолична, а напред истата должина си ја оставив
И јас го имам истиот проблем и добив совет од мојата фризерка дека кога сакам да ја виткам косата со фигаро или пегла и да ја направам со локни и тие да стојат кога ке ја измијам пред да ја исушам да и ставам пена за коса и да ја исушам и за финиш малку лак за коса .но не премногу за да не се скамени и да изгледа поприродно ....Пробај !!!
Косата ми најдолга досега, и можам да кажам најздрава. Конечно се убедив дека ми е доволно права, дека немам потреба од пеглање и со тоа непотребно оштетување, само ја мијам со шампон и регенератор, одвреме навреме ставам маска, ја фенирам, ставам силиконски капки на врвовите, најчесто ја носам пуштена, а шишките ги собирам со некоја интересна шнолка наназад и прскам малку лак да не ми се разлетани, или пак ставам некое интересно венче.
Болна точка......од коса до полавина, ја ишишав 1......беше фраерски некое време, ама сега дури пораснееееее Сега ми е до рамена некаде, си ја сакам назад !!!
Ваква фризура имам сега, само бојата ми е темно кафеава: Сега засега сакам да ми порасне, ама се мислам да ја скратам како што ја носев претходно, а тоа беше вака некако: Мислам мислам, па нешто трето изгледа ќе испадне
Ваква е мојата фризура,само што мн потемна од оваа и се надевам дека ако се решам за шишање тоа ќе биде 2cm
долга нешто една педа под раменици -со боја на мед ,не носам шишки не ми одговараат на формата на лицето постојано си играм со фризурите,зошто секоја промена е добра ,досадно е постојано да сме исти ....Се сум пробала ,сум поминал и рокерски фази и прамени розеви,синкасти кафеави незнам таму уште што ...се сум пробала ...После 18 тата година ми се здосади од тие глупости и преферирам префинет изглед и средена коса ,тие едноставно покажуваат поинаква перспектива за човекот на прв поглед а и повеќе се сакам вака ...
честопати си сечам шишки. Таман ќе ми пораснат шишките, ајде пак ги сечам и после пак жалам дека требало да ги оставам пораснати.. инаку сега се во тек на растење. инаку косата ја носам пеглана скоро секогаш, знам дека многу се оштетува ама од мојата преса ми стои по неколку дена и немам голем проблем, а и за брзо време ја пеглам одкога ќе ја измијам. исто сакам да се надоврзам да ве прашам дали имате претстава за некаква понежна фризура за Нова година.. барам со денови ама залудно. Не сакам да е нешто кич, оние локни што пола град ги има, туку нешто поедноставно, понежно .. секој коментар би бил добредојден
Па плава ми е и долга до рамена. Природно ми е (беше ) виткана,но после толку фарбања ми многу оштетена и е во брановидна форма и не си ја сакам.Затоа сега често ја фенирам и така ми е права. Што се однесува до бојата,порано бев темно плава,сега сум бебешко плава.Природна ми е костенлива а јас пусто сакам плава да бидам и цел живот се фарбам. Резултат - преоштетена коса,изгубени локни...