Фала Џули, не е баш до газ ама тука некаде е , сакав да ја шишнам малку дека ми здосади и расцветаниве врвови да ги средам барем 2цм, ми е страв , овде на фризеркиве им викаш 2 цм тие 5 ќе ти скратат, а предходно убаво си им објаснил и не ми се ризикува, ама ќе морам за да ми нарасне уште повеќе и маалку обликот да се поправи.
Често менувам боја на коса,се фенирам нон-стоп,експериментирам и сега сум како чешлана со петарда Секое влакно води своја политика,а ако не ставам маска,нема шанса да се исчешлам или не дај боже да не се исфенирам,како абажур на столна лампа сум
Со новиот имиџ, ваква---> Конечно се решив да си направам рамни шишки, им кажав збогум на белите прамени и удрив појак степен. Бојата ми е многу слична, додуша сакав барем малку потемна, ама тоа следниот пат кога ќе се фарбам Што било убаво кога ќе направиш промена... се испосликав денеска
Јас денес си ја сецнав малку косичката. Не дека ми беше многу долга, ама време беше за промена. Нешто вака ја направив, Боб фризура ама подолга.
Еве ја моментално мојата коса,сега за сега сум црна,права ми е скрос ама гледам на сликава некое праменче ми се свиткало тоа дека така застанало инаку скрос ми е права,а јас па обожавам виткана
често ја менувам бојата и формата на мојата коста така да не можам да издвојам некоја слика и да кажам точно каква ми е може само да најдам за моментално каква ми е и да ја постирам тука!!!!!!
Ова е моето косиште несредено вака ми е речиси секогаш освен кога ја виткам повеќе и напред со шнолче фатени шишките. Па зошто не можам во спојлер да ја ставам?
Сега одкога ја скрасив косава, ја пуштам природната боја и долга, раскинав пред неколку години со фарби и правење глупости. Ја носам обично пуштена долга ми е негде до под гради... вака некако.... Но пред некое време скратив шишки за првпат во живот (последните ги имав на 5 години) и одвај чекам да ми пораснат. Јез да ми велат дека ми стојат добро, јас не си се сакам... Ова е и длабочината на шишката Спојлер некако шишки на порно ме асоцираат незнам
Е која поврзаност е ова шишките на порно да те потсетуваат-се изнасмеаав ова кога го прочитав.Мене не ми имаат никаква поврзаност
Нема врска никаква можда, ама сум слушала машки како ги поврзуваат... Веројатно дека повеќето порно глумици имаат шишки, штознам... Или тресам глупости... Нема везе, битно јас не ги сакам...Убедена сум дека отворено лице ми е многу поубаво, или рамна должина, или висок реп со сета коса собрана наназад...
Често менувам фризура зошто сакам да експериментирам.Сега ми кратка до под уши, позади пократка со степени, а нанапред подолга,шишки немам ама се мислам да направам. Плава фарбана, лесно и брзо се фенира.
Бојата на косата ми е костенлива, а на должина е некаде до под раменици. Немам шишки, искршена ми е, а некогаш под дејство на времето имам цели локни . И многу си ја сакам. Не би си ја сменила бојата, а и шишки - no more . формата би можела да си ја сменам, но не некои драстични промени .
Отприлика нешто ваква ми е косата 2-3цм подолга (инаку многу бргу ми расте) А понекогаш ја носам врзана во репче или пунџа, почесто ја пеглам.