имам црна коса долга до задникот и брановидно виткана,но многу често ја пеглам бидејќи неможам друго чаре да и најдам
Имам смеѓа коса.Мојата коса има степенаста форма т.е имам висок степен и надоле долги опашки.Имам и шишки кои што се скратени на косо. Средувањето на косата ми е вистинска мака. Имам малку виткана коса но полна со волумен така што доколку не ја исправам кога ќе ја измијам ми се бушави скроз Веќе ми е смачено да ја пеглам на секои 2 дена ама ако ако не ја правам сеа кога ќе ја праам
А да ви раскажам јас една приказна за мојата коса вистинита е иако изгледа дека не е.Епа вака јас до некаде 12-сетата година имав права коса и шишки, и тогаш ја пострижав и таа почна да ми се витка и тоа траеше неколку години.скроз ми се извитка дури во средно.И многу ми беше сува врвовите ми пукаа итн.Таман ја оправив да не биде сува ја израснав малку кога правевме свадба два пати ја фарбав два пати ја шатирав и еднаш ја бланширав и пак ми стана катастрофа.Потоа кога останав бремена ми се опраи со маски,чуда но кога се породив веке не ми беше толку виткана а сега кога се породив со второто дете ми се исправи скроз и веќе не ми е ни сува онака баш ми е нормална,можам и да ја исфенирам убаво ми стои а можам и без проблем да ја навиткам и таа ќе стои така до следното миење.Многу ми е густа,сјајна,мека и лесно се обликува што и да сакаш да и направиш ќе стои до следното миење.Така да имам искуство и со права и со виткана коса и двете се убави и имаат свои предности и недостатоци.
Јас сум бринета,должината ми е до рамениците,природната форма ми е брановидна и некогаш си ја носам природна само може со пена малку да ја оформам,најчесто ја пеглам или фенирам а исто и ја виткам често засшто секаква фризура ми стои на формата на лицето само проблем ми е тоа што почесто треба да ја мијам затоа што брзо ми се масти.А за фризурата порано ја носев степенасто ама сега ја рамнам,и овие денови ке одам на фризер скроз да ми ја израмнат а никогаш не сум се фарбала а мислам и дека нема во иднина,па и онака имам необична нијанса и сите ме прашуваат дали се фарбам
Мене косата ми е долга и смега накај плава. Никогаш не праам фризури или несто слично само ја фаќам повремено. Пошто како што наведов не сакам промени ретко правам на косата промени ја поткаструвам само од време на време и тоа е.
[color=#4000 BF][/color] Mojata e malce prirodna,pa mozam da ja nosam sekako,koga nemam vreme za feniranje,ja ostavam takva malce ke ja izgmecam Nemojte da peglate kosa,toa e stetno.
имам кратка коса до рамењата, по боја ми е темно-црвена, најчесто ја носам пеглана, во репче или пунџа. во посебни прилики ја правам со фигаро, виткана...задоволна сум за секаква фризура
имам мека кафеава коса до под раменици но имам еден проблем....порано ја носев степенесто шишана али пошто имам меко влакно ми се виткаа мн врвовите убави локни но во тоа време си ја мразев така виткана па ја пеглав постојано ....сега ми е рамна шишана али повеке не ми се витка и ги нема локните .. избегнувам да ја пеглам бидејки се надевам дека така повторно ке ми се вратат старите локни што ги имав додека не ја пеглав..али кој знае :? али оти не ја пеглам малку ме нервира во внатрешноста се витка а онака ми е бушава ни права ни виткана ......некој да ми помогне како да ги вратам старите локни ..:/??????????? HELLPPPPPP!!!
Средна должина,кафена виткана коса. Но,би сакала да имам права коса бидејќи витканата коса е доста тешка за одржување..
имам црна доолга коса, која е виткана на врвовите, а напред имам шишки , инаку косата ретко ја пеглам и само на фризер оти јас самата не можам целата да ја испеглам, а некои посебно флизури не правам, може само со шнолички или стегач да ја соберам
Косата ми е права, само на врвовите се запеглам малку и толку, значи пеглана ја носам а често фризерот ми прави внатрешна плетенка од предната страна така настрана како венче. А кога одам рано сабајле на факс и немам време да се средам, во пунџичка или репче ја врзам косата.
имам права и долга коса која што е скалесто шишана и немам шишки а бојата е темно кафеава дури и на црна по малку...