абе прекрасна ти е и јас сонувам некој ден да ми порасни во таа должина па се надевам ќе биде по што редовно си ја негувам и не ми е оштетена па најпрво испробај се па ќе видиш дали пеглана ти стои поубаво или виткана...........еве денес испеглај после некој ден навиткај ја па како ќе си се аресаш повеќе така напрај
абе прекрасна ти е и јас сонувам некој ден да ми порасни во таа должина па се надевам ќе биде по што редовно си ја негувам и не ми е оштетена Јас ја немав шишано цела година и ми порасна,ама вчера морав да ја скратам малку,не многу едно 5-6цм,зошто веќе почна да ми се кине на врвовите.Ќе ти порасне само трбеа да си упорна
Е сега баш сум во филм некој да се шишам како Џејда од кога лисјата паѓаат .Мислам дека супер ќе ми стои со оглед на тоа што имам малку виткана коса Поздрав до сите!!!!!!!!!!!
Многу долга,густа и природно права само што на краевите ми е малку прекршена и постојано ја пеглам или ја фенирам. Знам и да ја навиткам понекогаш ама мислам дека не ми стои.
Долга степенаста, плава... Шишките ми долги до под брада и од таму ми почнува степенот... Вака слична
Моментално долга и степенеста,степенот ми почнува малце повисоко и косата почна да ми се витка откако се ишишав така,не знам што им е на хормониве,од права коса почна да ми се витка
Што дал господ, ти е мојата секојдневна фризурка... Долга, на локни ни крупни ни ситни, пери носи скоро цел живот...сега ги ,,оформувам,, на начин кој една девојка на форумов го пиша, ја бањам косата, ја чешлам, ја потсушувам малку со фен одоздола, ја виткам воспирала една, како да го опишам незнам тоа, ја свиткувам неколку пати како пунџичка, и така спијам...сабајле, убави лесни лелеави локнички, подефинирани од моите природни... Еднаш во две недели ја средувам на фризер, носам така 3-4 дена..и тоа е тоа.... Едит....Многу, многу, слична ми е со таа на аватарот, и бојата и формата...скоро иста.......
Виткана... долга под рамена, темно кафеава..патецот кај ќе ми текне го менувам секој ден,,,на лево на десно на средина. Порано ја исправав ... будала..колку убава коса си имам
Па скоро секогш косата ја носам пуштена и шишките фатени горе со штипче. А некогаш ја носам и со шишките на страна. Секако, носам и репчиња, плетенки и сл.
Косава секоаш ми е права природно но на некои места прекршена па си ја пеглам за да не биде чудна степен ми е средна должина не ми е многу долга а сакам да ми испадне вака а не знам со што со фигаро ке испаднат локни не баш вака па шо знаммм кажете мислење?:/
Никаква! Порасната ми е косата, немам ни форма, ни должина! А пак немам ни никаква идеа како сакам да ми биде. Во репче, или ќе изнаставам неколку шнолки, или венче... Да ја пеглам немам ни живци ни време. Последниот пат кога се шишав, и реков на таа, горниот степен да ми го скрати ептен малку, а долниот повеќе, зошто во план ми беше да ја направам без степени...Ама на што ќе личи така, се предомислив. И експириментирав со тоа ампулите и триста ствари, за побрзо да ми порасне. Ама како не бе, метла ми се стори. Одвај ја опоравив. И многу ја мразам...метла глупава.
До пред некој ден ми беше таласаста и шишките фатени со шноли горе, ама сега ми е пеглана и имам шишка на страна. Ова ќе биде до алманах после пак ќе си ја фаќам шишката зашто ми пречи
Мајка ми научила да плети рибина коска...ќе ја замарам сега почесто да ми ја праи така,малце да сменам зошто некогаш ми се смачува едно исто.Најчесто право-пеглано со шишките на страна
Мене ми досадија рамните шишки, па си ги пуштив и фризерката ми ги скрати на страна. Нешто слично на ова, ама не со толкав степен. Ама сега се мислам да ја скратам уште и да направам некоја ваква форма (само во кафена варијанта)