Имам долга, темно кафеава коса, со патец на средина, и ја носам пеглана, некогаш во реп па сплетен во плетенка долга од високо ,пуштена права преку ден,а за навечер знам во пунџа да ја соберам,или исфенирана со венче, ама сега со летово ке и ја препуштам на мајката природа, природните локнички се на ред + големи машни -цветови во сите бои од страна
ваква само 2-3 санитиметри подолга и кркмите ги фаќам со штипче оти иначе ме нервираат и искрено вака најмногу си ја сакам, само да ми пораснат и кркмите да не ме нервираат Спојлер
Сега ми е ваква, иста само што имам мн поубава боја, чоколадно кафена со црвен сјај Никогаш не сум била посреќна со фризурата, никогаш
Светло кафеава со средна должина (сеа ќе ја пуштам долга) и шишките ги пуштам да растат, така да намеравам да ја равнам скроз и искрено си ја обожавам ваква
Косава ми е како на шерил ама кога ја носеше вака,и таа боја ми е исто,значи ишишана во степени,а кога ја виткам со преса излегуваат вакви благи виткани прамени,лесна е за одражавење,многу ми е флексибилна како ќе ја направам така стои долго време... А кога е пеглана или исфенирана вака....Само во последно време многу сакам да ја офарбам црна,но сите ме предомислуваат
Па косата ми е средна по големина и повекето ја носам пуштена бидејки воопшто не ми смета како на некои...Но некогаш знам да ја врзам во кок или да сплетам плетенка...
светло кафена, прилично долга и многу права (сите мислат дека киснам пред огледало со пеглата во раце, специјално за да си ја пеглам косата..) ја носам скоро секогаш распуштена или само една бушава плетенка на страна..
оп, шишки! Со фарбите имам проблем, не е баш долга косата, моментално ми е пеглана, а гледам да не ја пеглам многу, само понекогаш (зависи од тоа што сум одлучила да облечам за тој ден). Понекогаш кога немам време, само ќе ја фатам, и толку, сепак повеќе внимание и обрнувам на шминката отколку косата.
Имам долга коса, прилично права a oд време на време ми се прават крупни локни. Не правам одредени фризури, едноставно ја оставам каква што е.
Обично пуштена долга до струк , шишките ми се до брада ... но имам многу суви врвови и џабе сешто ставам исто е само кога малку ке ја потшишам ми е убава мазна и по 1 месец исто
Најчесто ја носам собрана бидејки ми е доста долга во опавче, а понекогаш ја пуштам и ја виткам малку со маша и и ставам шноличка.
пуштена ,права,горе малку подигната .... кога не ме мрзи ја фенирам повеќе не ја пеглам зашо 3 месеци без престан ја пеглав секој ден и мн. ми се оштети .