Долга, темно кафеава, горе затепана, а доле испрекршена не се знае кој прамен кај тера! И никако не се одржава, ако ја испеглам за 2 часа си ја врака пак истата форма
Косата ми е ваква боја и ми е во оваа форма и должина. Денеска ја носев испеглана, но само шишките ми беа благо навиткани за да одат наназад и да не ми се плеткаат во лицето. Едвај чекам да ми порасне уште малку, за да си ја врзувам во висока пунџичка
Црна долга до под плешки некаде, во последно си ја носам вака виткана прекршена малку тапирана ... ако ме познај некој случајно пссст !
Јас имам боб фризура и црвена боја на коса, иако сега ми е порасната, и ми изгледа баш вака некако А кога ја имам врзано вака .
Јас имам виткана и густа коса и не сакам баш да ја носам таква пошто ми е степенасто шишана и ко буф изглеам Затоа нон стоп ја пеглам дури и посветувам многу внимание на мојата коса
Најчесто секојдневно ја носам вака како на сликава, а за различни пригоди различно сепак зависи од пригодата. Ретко сум со пуштена коса бидејќи ме фаќа с’клет (со отпуштена коса само во зимо кога не ми е топло).
имама долга права(како да сум ја пеглала)и убава коса кафеава или личи како (бојата како на 1 слика ми е)
Имам прилично долга коса и можам да кажам дека немам никаков проблем нема потреба ни од фенирање ни од пеглање.. си ја сакам таква каква што ми е
Ми беше подолга сега ја ишишав и ми е над рамена. Смеѓа ми е,ми беше плава,но ми се затемна. Инаку ми е права,а на крајот имам локни Исто така шишките ми се подолги и ми се виткаат така што ги држам настрана и изгледаат некако брановите, ми се допаѓа ваква косава само се надевам дека нема цела да ми се извитка.
Имам виткана коса ( големи локни) а по должина ми е средна и најчесто ми е пуштена а за по дома врзана во репче или пунџичка а мн сакам да ми е права